Забава
Глен Медеирос: Сексуалните услуги беа норма во музичката индустрија

Пoранешната поп-ѕвезда Глен Медеирос откри дека многу млади пејачи биле принудени на секс доколку сакале да напредуваат во својата кариера.
Непристојните предлози беа норма во музичкиот шоу-биз, изјави Глен, како што пренесува британски Би-би-си.
Глен тврди дека тој и други уметници честопати биле прашани дали сакаат да имаат секс со моќни фигури во музичката индустрија за возврат да им помогнат во кариерата.
Медеирос, кој се прослави во 1988 година кога го преработи хитот на Џорџ Бенсон, Nothing’s Gonna Change My Love For You, рече дека одбил многу понуди за сексуални врски, но други се согласиле.
„Го гледавте тоа насекаде“, рече Медеирос, кој е сега директор на училиште на Хаваите.
„Дали тоа ќе направеше да бидам поуспешен во мојата кариера? Потенцијално – да. Но, јас не бев подготвен да го сторам тоа“.
„Имав пријатели што конкретно ми рекоа: Ќе се преселам кај оваа личност затоа што ќе ми помогне во кариерата и во снимањето“.
„Никогаш не сум го направил тоа и се чувствувам горд, но во исто време можам да разберам зошто други се согласиле. Се сеќавам дека разговарав со некои од моите пријатели, кои ми рекоа: Лицето е привлечно и во секој случај ми се допаѓа, затоа е во ред“.
Би-би-си потсетува дека тој го напушти музичкиот бизнис во средината на 90-тите години за да стане учител и сега е директор на училиштето „Сент Луис“ во својот роден Хаваи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Северина објави снимка од нејзиниот концерт во Нова Градишка, публиката викаше: „Вучиќ пе*ер“

Северина настапи пред 20.000 луѓе во Нова Градишка во саботата. Таа објави видео од концертот на кое може да се чуе како публиката кратко вика: „Вучиќ, пе*ер“.
Во остатокот од снимката, Северина ја охрабрува публиката да извика „пумпај“, а тие ја послушаа.
Слоган на српските студенти
„Пумпај“ е слоганот на српските студенти кои со месеци протестираат низ цела Србија, барајќи одговорност за смртта на 16 лица кои загинаа при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Извикот се користи како мотивациски повик за охрабривање на студентите и граѓаните на протестите.
Откако почнаа да протестираат, Северина ги поддржува. Таа им испрати порака неколку пати на своите концерти.
Забава
(Видео) „Кралицата на кетаминот“ ќе признае вина за смртта на Метју Пери

Јасвин Санга, позната како „Кралицата на кетаминот“, се согласи да се изјасни за виновна по обвиненијата дека ја набавила дозата од анестетикот на рецепт што ја уби ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери, соопштија обвинителите во понеделникот.
Санга, чие судење требаше да започне во септември, ќе се изјасни за виновна по пет точки според договорот за признавање на вина со федералните обвинители, според соопштението на Министерството за правда на САД.
Договорот за признавање на вина доаѓа нешто повеќе од три недели откако калифорнискиот доктор Салвадор Пласенсија, уште еден од петте лица обвинети во врска со смртта на Пери, се изјасни за виновен по четири точки од обвинението за нелегална дистрибуција на кетамин.
Санга, која властите ја опишаа како дилерка на дрога позната на клиентите и како „Кралицата на кетаминот“, е обвинета за снабдување со дозата што му го одзеде животот на Пери. Обдукцијата заклучи дека Пери починал од акутните ефекти на кетаминот, кои во комбинација со други фактори, предизвикале актерот да ја изгуби свеста и да се удави во џакузито на 28 октомври 2023 година. Тој имал 54 години.
Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит-комедијата „Пријатели“ на NBC од 1990-тите, јавно призна дека злоупотребувал дрога со децении, вклучително и за време на врвот на неговата слава во серијата.
фото: принтскрин
Забава
Септември носи судбоносен пресврт за 4 знаци – ги очекуваат итни промени

Астролошките прогнози откриваат дека септември 2025 година ќе биде период во кој судбината одеднаш ќе го промени правецот за четири хороскопски знаци.
За некои хороскопски знаци, септември ќе биде месец на важни одлуки и настани што можат целосно да го преобликуваат нивниот секојдневен живот – од деловните и љубовните врски до местото каде што живеат. Одлуките донесени овој месец ќе имаат долгорочно влијание, па затоа е важно да го слушате вашиот внатрешен глас и да дејствувате со јасна намера.
Рак
Раковите во септември ќе се најдат во период каде што напорната работа од минатото ќе почне да дава опипливи резултати, и материјални и емоционални.
Месецот носи подароци, но и предизвик – како да го зачувате она што сте го стекнале и да пронајдете рамнотежа помеѓу дарежливоста и разумното користење на ресурсите. Промени може да се појават преку семејни односи, проблеми со наследството или проекти поврзани со домот и приватниот простор.
Можна е неочекувана помош – од инвеститори, членови на семејството или стари познаници. Важно е да изберете можности што се во согласност со вашите долгорочни вредности. Ако успеете да ја одржите оваа рамнотежа, ве очекува почеток на стабилен период на просперитет.
Лав
Септември им носи можност на Лавовите да излезат од својата зона на удобност и да ја покажат својата внатрешна сила, не за аплауз од другите, туку за сопственото чувство на вредност.
Ова не е само момент на поминување на вниманието – сега ви е дадена улога што ќе има долготрајно влијание врз вашата кариера и личен развој.
Очекувајте можност за креативна соработка, понуда за водење важен проект или јавен настап на кој ќе зборувате од срце и ќе бидете искрено слушнати.
Клучот за успех ќе биде автентичноста и одговорноста за секој изговорен збор.
Одлуките што ќе ги донесете сега ќе ги обликуваат темелите на претстојната година, затоа запрашајте се – дали она што го сакате носи вистинска радост и личен раст?
Девица
За Девиците, септември 2025 година носи момент на заслужена видливост. Вашата посветеност, прецизност и сигурност сега конечно ќе бидат препознаени.
Промената нема да дојде преку драматични настани, туку преку можности што ќе ја покажат вредноста на вашата работа – покани за соработка, позитивни препораки и признанија од колегите и претпоставените.
Многу Девици ќе имаат можност да ја преземат водечката улога во проектот или да ја презентираат својата работа пред поширока публика.
Ова е време да престанете да ги минимизирате личните заслуги и да дозволите вашата работа да зборува сама за себе.
Одолејте на желбата да подобрувате сè до бесконечност – сега е време да бидете видени и препознаени за она што веќе сте.
Јарец
За Јарците, септември ќе биде месец на стратешки прилагодувања. Промените нема да бидат импулсивни, туку намерни и засновани на факти, реални пресметки и јасни приоритети.
Можни се промени кај деловните партнери, реструктуирање на работата или нов начин на работа што носи поголема стабилност.
Ова е време конечно да ги реализирате плановите што ги одложувате со години. Процесот нема да биде лесен – ќе бара искрен увид во сопствените ресурси и подготвеност да се откажете од она што ве забавува.
Вашата предност лежи во вашата способност да изградите солиден систем, а не во вашата желба да импресионирате.
Практичен совет: одвојте време да ги организирате документите и финансиските планови, бидејќи таму можете да ги најдете клучните одговори што ќе ја одредат вашата идна насока.
фото: принтскрин