Забава
Лени Кравиц им се придружува на Џенифер Лопез и Џош Духамел во нова акциона комедија
Џенифер Лопез и Џош Духамел имаат уште неколку гости што доаѓаат на нивната свадба со пушки, Shotgun Wedding, нов филм во кој им се придружува и Лени Кравиц.
56-годишниот пејач и актер го стави својот потпис за да глуми во акционата комедија на „Лајонсгејт“, објави холивудскиот портал „Дедлајн“ во вторникот.
Исто така, според филмскиот портал, своите потписи ги ставија и Чич Меран, Дарси Карден, Селина Тен, Дезмин Борхес и Алекс Малари.
Приказната е насочена кон Грејс (Лопез) и Том (Духамел), кои се подготвуваат да ги соберат и двете свои семејства за нивната свадба.
Она што семејствата не го знаат е дека парот има трема и малку страв, но сето тоа станува второстепено кога семејствата одеднаш ќе бидат земени како заложници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кралицата на Ноќта на вештерките, Хајди Клум, покажа дел од својот костим
Поранешната манекенка и водителка Хајди Клум е позната по своите луди костими за Ноќта на вештерките, кои ѝ ја донесоа титулата кралица на Ноќта на вештерките, а сега на „Инстаграм“ откри дека напорно се подготвува оваа година споделувајќи видео од својата подготовка на костимите на социјалните мрежи.
Секоја година за Ноќта на вештерките е на насловните страници, а сега откри дека и оваа година планира нешто посебно оставајќи ги љубителите љубопитни.
Таа во кратко видео го покажа процесот на изработка на маската. Досега е направен гипс-калап за маската, која ќе биде дел од костимот.
View this post on Instagram
Таа објави и фотографија со мистериозен натпис: „Еве трага, но, едноставно, не можам да одредам што е тоа“.
Забава
(Видео) „Таа е таков сноб“: непријатно интервју на Ен Хатавеј стана вирално на „Тик-ток“
Норвешката новинарка Кјерсти Флаа, која сподели старо интервју со Блејк Лајвли од 2016 година, кое потоа стана вирално поради гласините за расправија помеѓу актерската екипа на It Ends With Us, повторно стана вирална на социјалните мрежи.
Овој пат поради интервјуто со Ен Хатавеј од 2012 година.
Интервјуто се одржа додека Ен го промовираше мјузиклот Les Miserables со Хју Џекман, Расел Кроу, Аманда Сејфрид и Еди Редмејн во главните улоги.
Кјерсти Флаа го објави своето интервју со Ен на Тикток и Јутјуб.
„Во ова видео сакав да ви покажам нешто навистина, навистина непријатно“, вели Кјерсти.
На почетокот новинарката ѝ вели на актерката, бидејќи филмот е мјузикл: „Мислев дека првото прашање треба да го направиме малку поинаку. Мислев да ти го отпеам, а потоа можеш да ми одговориш со пеење“.
@kjerstiflaa This didn’t go as planned. 🫣Watch my lateat episode on YouTube where i go down memory lane showing another cringe interview. Link in bio ⬆️ #annehathaway #foryou #celebritytiktok ♬ original sound – Flaawsome Talk
Актерката тогаш ѝ одговорила: „Па, нема да го правам тоа, но ти можеш да пееш“.
@kjerstiflaa To follow up on the Anne Hathaway video. This is how her co stars reacted. I know asking the actors to sing was a bit risky, but I love how they were all such good sports. Watch more on my YouTube channel. Link in bio ⬆️ #foryou #celebritytiktok #interview ♬ original sound – Flaawsome Talk
Ова интервју веднаш ги подели мислењата за Тикток: „Ова е исто толку лошо како интервјуто на Блејк Лајвли“, „Таа е таков сноб“, „Некако ја сакав Ен Хатавеј“, „Не разбирам зошто е толку тешко на некои познати личности да бидат учтиви со новинарите кои искрено поставуваат прашања“, се само дел од коментарите.
Забава
„Новата улога добро ѝ стои“: Кидман снимена во Њујорк, покажа вита линија
Никол Кидман го привлече вниманието пред хотел во Њујорк каде се одржа прикажувањето на еротскиот трилер Babygirl, во кој главната улога ја има 57-годишната актерка.
За оваа пригода Никол носеше црна ролка, широки сиви панталони и црни чевли. Таа ја пушти косата и носеше минимална шминка. Судејќи по фотографиите, актерката била добро расположена.
Нејзините фотографии деновиве се шират на социјалните мрежи. На X некои пишуваат дека Никол им изгледа премногу слаба, додека други пишуваат дека актерката никогаш не изгледала подобро.
„Сан“ пишува дека „Кидман одлично го портретира ликот во новиот филм благодарение на нејзиниот сексапил“.
Во филмот Babygirl, оскаровката игра успешен извршен директор и семејна жена која започнува афера со многу помлад практикант.