Забава
Мишел Фајфер: Откога станав мајка, беше премногу комплицирано за шефовите да ме ангажираат

Мишел Фајфер има две деца – Клодија (28) и Џон (26) – со сопругот Дејвид Е. Кели и откри дека ѝ биле нудени помалку улоги по породувањето бидејќи за Холивуд било предизвик да се вклопи во нејзиниот распоред.
„Пред да се родат децата, мојата работа беше мојот живот – и тоа на добар начин. Кога беа мали, можев само да ги спакувам и да ги носам со себе“, вели актерката.
„Но, кога почнаа да одат во училиште, стана покомплицирано затоа што не сакав да им ја нарушувам нивната рутина, па затоа снимав во лето и се обидував да не бидам далеку од нив повеќе од две или три недели“.
„Стана предизвик луѓето да ме ангажираат затоа што беше премногу комплицирано. Полесно беше да најдат некој друг да ја заврши работата“.
Мишел направи петгодишна пауза од Холивуд во периодот од 2012 до 2017 година, а кога ја прекина паузата, изјави дека се враќа затоа што достигнала возраст кога улогите повторно стануваат поинтересни.
Во интервју за магазинот Town & Country 62-годишната актерка рече: „Некои од филмовите за кои се чувствував најдобро се тие за кои добивав лоши критики. А за филмовите за кои се чувствував лошо ги добив најдобрите критики. Го гледав „Скарфејс“ („Лице со лузна“) и си реков: „Не е лошо, добрa сум. Ретко ми се допаѓа мојата работа. Само еднаш ги гледам филмовите. Едноставно, премногу болно е“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Познатиот актер призна дека користел дрога

Познатиот актер Џорџ Клуни призна дека користел дроги во минатото и детално раскажа едно особено срамно искуство. Во новото октомвриско/ноемвриско издание на списанието „Esquire“, 64-годишниот актер откри дека експериментирал со кокаин и други супстанции во младоста.
„Во ’82 година, пробав“, призна актерот, кој во тоа време имаше 21 година. „Се шегував за тоа како премногу земам, но вистината е дека тоа никогаш не ми беше голем проблем.“
Клуни, исто така, се присети на перцепцијата за дрогите во тоа време.
„Имаше една епизода од „Такси“ каде што сите користеа. Во тоа време, беше: ‘Не, ова не е како хероин. Не предизвикува зависност’. Но, потоа беше како: ‘О, па, всушност е доста лошо.’ Плус, беше надополнето со манитол. Детски лаксатив. Секој што ќе повлечеше линија, потоа одеше во тоалет.“
Освен за кокаинот, Клуни зборуваше и за лошо искуство со колачиња со марихуана што ги пробал една вечер со пријателите. Откако ги изеле колачињата, го гледале филмот „Волшебникот од Оз“, додека во позадина се слушал албумот „Dark Side Of The Moon“ на „Пинк Флојд“.
Последиците беа неочекувани. „Готови бевме. Буквално – мислам сите ние – бевме околу дваесетмина во салата за прикажување, и филмот заврши, а ние седевме таму без зборови, со часови. Со часови! Тоа едноставно не е мојата дрога“, заклучи тој.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Актерката помина низ пекол поради Оземпик, а потоа ја откри тајната на својот нов изглед

Познатата комичарка Ејми Шумер објави фотографија на социјалните мрежи за која веројатно никогаш не замислувала дека ќе стане главна тема на сите медиуми.
Ејми ја покажа и својата неверојатна трансформација откако ослабе 13 килограми.
Краток црн фустан во комбинација со високи потпетици совршено ги истакна нејзините долги нозе, а сите други набрзо го забележаа тоа.
„Какви нозе“, „Изгледаш прекрасно, погледни ги тие нозе“, „Лута сум, зошто мора да имаш такви нозе“, „Ти љубоморам“, беа некои од коментарите.
Оваа фотографија доаѓа и откако Ејми призна дека ослабела со помош на апчиња за слабеење, со што стана една од ретките јавни личности кои не се плашеа да ја откријат тајната на својот нов изглед.
„Сакам да бидам искрена со тебе. Го користев лекот Мунџаро и имам добро искуство со него. Пред три години го користев Оземпик, но од него не престанав да повраќам. Бев прикована за кревет, не можев да го поднесам“, рече таа додека гостуваше во шоуто на Хауард Стерн.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Моден спектакл на Џенифер Лопез

Латино дивата Џенифер Лопез нè потсети зошто ги сакаме нејзините смели модни избори, но и зошто со децении се смета за една од најголемите модни икони и најстилски дами на светската јавна сцена.
Во спектакуларен моден аутфит, таа се појави на снимањето на емисијата „Во живо со Кели и Марк“ и веднаш стана центар на вниманието на сите медиуми, а нејзиниот моден избор за оваа пригода испрати порака, по којзнае кој пат, дека е полна со самодоверба и дека навистина е меѓу дамите кои знаат да презентираат необични креации.
Елегантна, жива, дамска, достоинствена, гламурозна, шик… Сето ова ја прави оваа комбинација доминантна, а Џеј Ло вистинска дама со стил.
Познатата пејачка, танчерка и актерка се одлучи за впечатливо миди здолниште со висок струк со заводлив шлиц на задната страна, бела блуза со долги ракави и широк крој со јака и црни елегантни чевли со вртоглава потпетица, кои ги искомбинираше со црна шапка и црни очила за сонце.
За да додаде малку повеќе живост на оваа волшебна комбинација, таа носеше црвена чанта во раката која идеално одговараше на божественото рачно изработено здолниште.
Ја врза косата во ниска опашка и лежерно ги исфрли шишките кои го врамуваа нејзиното лице под шапката, а покрај тоа што весело позираше за собраните фотографи и го привлече вниманието на минувачите во Њујорк, таа обрна внимание и на собраните обожаватели.
фото: принтскрин