Забава
Ева Лонгорија на прошетка со синчето Сантијаго

Ева Лонгорија се релаксира на заедничка прошетка со својот двегодишен син Сантијаго Енрике Бастон во паркот во Беверли Хилс.
Папараците случајно ја уловија 45-годишната sвезда на „Очајни домаќинки“ во четвртокот наутро додека поминува квалитетно време со своето синче, кое го има со сопругот Хозе Бастон.
Таа ја покажа спортската фигура во бела атлетска јакна и кожени темносини хеланки.
Својот лежерен изглед го комплетира со бели патики, темни очила за сонце и црна маска за лице среде пандемијата на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Најискрениот од сите знаци: доверливи и чесни, а за љубовта се борат до крај

Еден хороскопски знак толку многу се издвојува од другите во однос на своите карактеристики што е едноставно вистинско богатство да имате такви луѓе во вашиот живот.
Знаеме дека препораките и советите од хороскопот не треба да се сфаќаат премногу сериозно, но сигурно е дека има вистина во некои општи карактеристики – една од нив е дека Бикот е најискрениот и најчесниот хороскопски знак.
Тие се многу независни и сакаат сами да донесуваат одлуки, што ги прави идеални шефови. Тие секогаш ќе се обидат да ги разгледаат сите можности кога донесуваат одлуки, во обид да се осигурат дека сите се задоволни од одлуката.
Тие веруваат дека секој е „ковач на својата среќа“ и затоа многу се трудат да остават впечаток на досетливи и сигурни луѓе. Тие исто така многу внимаваат никој да не може да ги обвини за ништо или да ги озборува зад нивниот грб.
Ако имате Бик во вашето семејство, тогаш веројатно знаете дека секогаш можете да се потпрете на него.
Кога е во прашање љубовта, тие ќе се борат до крај, сè додека не ги исцрпат сите шанси.
Тие се исто така упорни во зачувувањето на врската ако мислат дека другата личност вреди.
Забава
Не ги правете овие три грешки за појадок и конечно ќе слабеете

Џени Шугар ги опиша своите проблеми со слабеењето на порталот „Pop Sugar“, како ги решила и конечно почнала да слабее.
Бидејќи нутриционистите постојано повторуваат дека појадокот го забрзува метаболизмот, не ѝ било јасно зошто воопшто не губи тежина, иако јаде интегрални житарки секое утро, односно практикува здрав појадок.
„Не сфатив дека правам три грешки секое утро на појадок. И дури откако престанав да ги правам, ги видов посакуваните промени во моето тело“, откри таа.
Еве што научила таа.
„Престанав да јадам житарки“
„Јадев житарки секое утро од основно училиште до крајот на факултет. Навистина ми требаше долго време да сфатам дека тие слатки и вкусни житарки не беа добар избор ниту за мене, ниту за некој друг, бидејќи беа полни со шеќер и не содржеа доволно протеини и влакна“.
„И дури ни оние што се рекламираат како житарки за фитнес збогатени со растителни влакна. Наместо житарки, решив секое утро за појадок да јадам 13 до 20 грама протеини, најмалку шест грама влакна и 10 до 15 грама здрави масти. Значи, за појадок обично пијам смути или овесна каша (овес без додаден шеќер)“.
„Јадам кога чувствувам глад, а не кога мислам дека треба“.
„Толку многу пати прочитав дека појадокот е најважниот оброк во денот, и слепо ја следев таа максима. Јадев секое утро половина час откако ќе се разбудев, околу 7:30, иако не бев гладна 99 проценти од времето. И потоа околу 10 или 11 часот наутро повторно чувствував многу глад, па често појадував двапати. Сега прво тренирам и појадувам на работа околу 9 или 10 часот наутро, кога чувствувам глад, а не кога е време за оброк“.
„Почнав да внимавам на големината на порциите“.
„Третата грешка што ја направив беше што никогаш не обрнав внимание на големината на порцијата. Кога јадев житарки за појадок, полнев чинија со салата или супа. Обично комбинирав два или три вида житарки, на кои додавав и јаткасти плодови и бобинки или банана и сето тоа го преливав со соино млеко збогатено со вкус на ванила.
Таквиот појадок имал околу 600 калории. Сега ги мерам состојките што ги ставам во моите смутија или овесни снегулки и се осигурувам дека мојот појадок не надминува 400 калории“.
Забава
Харви Вајнштајн низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу

Кон средината на април започна ново судење за озлогласениот продуцент Харви Вајнштајн, кој е обвинет за силување.
Toj моментално отслужува казна на островот Рајкерс, каде што се осврна на обвинувањата на актерката Гвинет Палтроу дека сексуално ја нападнал.
„Дефинитивно флертував со неа“, рече тој, инсистирајќи дека обвинувањата за злоупотреба се лажни.
„Сè е измислено. Дури и не ја допрев“, додаде Вајнштајн. За време на интервјуто со политичкиот коментатор Кендинс Овенс, продуцентот се расплака, велејќи дека обвинувањата го „скршиле“.
Палтроу претходно тврдеше дека Вајнштајн ја злоставувал во неговата хотелска соба во 1996 година.
„Беше чудно. Бев сама во собата со него. Тој целосно ме шокираше“, рече актерката.
Според нејзините тврдења, Вајнштајн ѝ пришол облечен само во бањарка и ја прашал дали може да ја масира или дали може да го гледа додека се тушира.
Во април, американските медиуми објавија дека Вајнштајн боледува од хронична миелоидна леукемија, или рак на коскената срцевина. На почетокот на декември минатата година, тој заврши во болница поради „алармантни резултати од крвните тестови“, како што тогаш изјави неговиот адвокат Имран Ансари.
Кон крајот на минатата година, Вајнштајн поднесе тужба против градот Њујорк, обвинувајќи ги властите за небрежност и необезбедување соодветна медицинска нега. Неговите адвокати тврдат дека затворскиот објект не успева да обезбеди соодветна грижа за неговото влошено здравје, а особено го истакнаа студот и недостатокот на чиста облека.