Македонија
Пријавени 19 починати и 415 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци – 32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево по 4, Гостивар и Кичево по 3, Битола, Делчево и Валандово по 2 и Виница, Дебар и Демир Хисар по 1.
Регистрирани се и 244 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 110, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес по 17, Куманово – 12, Струмица – 9, Битола – 8, Ресен – 7, Гостивар – 6, Неготино и Берово по 5, Тетово – 4, Штип – 3, Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран по 2 и во Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево по 1.
Пријавени се 19 починати лица. Како што информираат од Министерството за здравство, во таа бројка влегуваат и шест пациенти што починале во текот на ноември и декември минатата година. Меѓу починатите, 11 се пациенти од Скопје (69, 75, 80, 65, 66, 61, 67, 72, 76, 71 и 68 години), двајца пациенти од Тетово (79 и 65 години) и по еден пациент од Куманово (50), Прилеп (78), Велес (77), Охрид (87), Кичево (51) и Гевгелија (69). Од пријавените смртни случаи, 18 се починати во болнички и еден во домашни услови.
Направените 2.549 тестови се преку: ИЈЗ – 685, ЦЈЗ Скопје – 61, „Авицена“ – 275, „Биотек“ – 261, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 139, „Систина“ – 213, лабораторија „Лаор“- 202, Судска медицина – 5, ЦЈЗ Битола – 10, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, „Синлаб“ – 57, „Ремедика“ – 15, лабораторија во болницата во Козле – 24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 594, УК Пулмологија со алергологија – 2 и ГОБ „8 Септември“ – 5.
Досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:
Скопје 43.066, активни 2.890
Куманово 5.428, активни 239
Тетово 5.320, активни 227
Прилеп 5.027, активни 437
Гостивар 3.716, активни 113
Штип 3.597, активни 96
Битола 3.341, активни 121
Велес 3.338, активни 236
Охрид 3.101, активни 376
Кавадарци 3.055, активни 446
Струмица 2.650, активни 152
Струга 2.343, активни 165
Кочани 1.781, активни 51
Кичево 1.755, активни 60
Свети Николе 1.100, активни 24
Гевгелија 1.100, активни 111
Неготино 1.086, активни 109
Дебар 785, активни 42
Ресен 784, активни 59
Крива Паланка 780, активни 50
Радовиш 741, активни 39
Делчево 715, активни 226
Берово 630, активни 28
Пробиштип 526, активни 20
Виница 508, активни 22
Валандово 349, активни 21
Кратово 261, активни 30
Демир Хисар 257, активни 12
Македонски Брод 251, активни 8
Крушево 250, активни 51
Богданци 240, активни 16
Демир Капија 231, активни 30
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 10
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.
Македонија
(Видео) Мечка со две младенчиња прошета пред планинари на Шара, во следните 2 години ќе учат од мајката како да преживуваат
Националниот парк „Шар Планина“ објави снимка направена од планинари, кои на високите планински пасишта наидоа на кафеава мечка со две мечиња родени на почетокот на 2025 година. Сцената, иако кратка, открива многу за однесувањето на овој строго заштитен вид.
Во видеото малечките љубопитно ја набљудуваат околината, но веднаш се оддалечуваат – типично однесување за мечките, кои природно ги избегнуваат луѓето. Од Националниот парк објаснуваат дека младенчињата во следните две години ќе учат од својата мајка како да преживуваат и да се приспособуваат во дивината.
Зошто мечките се појавуваат почесто оваа година?
Од паркот велат дека жителите на шарпланинските села имале повеќе средби со мечки од вообичаено. Причината, според нив, најверојатно е лесно достапната храна околу дивите депонии и вознемирувањето од моторни возила во внатрешноста на планината. Мечките не „спијат зимски сон“ целосно – туку паѓаат во длабок мир од кој можат да се разбудат и да го напуштат леглото доколку се вознемират или ако времето е невообичаено топло.
Како да избегнете средба?
Зборувајте погласно, пејте или правете шум при движење. Избегнувајте густи грмушки. Не оставајте храна или отпад зад себе.
Селфи со мечка? Не се обидувајте да фотографирате мечка. Привлекувањето мечка е опасно и има контраефект!
Што да направите ако видите мечка?
Застанете мирно. Со смирен, гласен говор направете да ве забележи. Не трчајте! Трчањето може да предизвика реакции на потера. Полека движете се настрана, без нагли движења. Обидете се да изгледате поголеми: исправете се, кренете ги рацете. Разговарајте смирено за мечката да препознае дека сте човек. Ако имате спреј за мечки, користете го само ако мечката се приближува премногу. А ако видите младенче? Секогаш има мајка во близина — повлечете се полека и смирено. Ако мечката се подигне? Тоа не е напад! Само се обидува да добие подобар поглед или мирис.
Што ако дојде до напад?
Легнете на земја, со рацете зад вратот. Престанете да се движите и симулирајте неподвижност. Почекајте мечката да се оддалечи.
Опрема за поголема безбедност: Спреј за мечки – ефикасен на далечина до околу 8 метри. Ѕвонче за мечки – дава рано предупредување и ја спречува блиска средба.
Кафеавата мечка е вреден, редок и строго заштитен вид на Шар Планина. Да ја почитуваме, да и оставиме простор и да придонесеме сите за безбедноста и на природата и на луѓето. Шар Планина е дом – да ја чуваме заедно, порачаа од Националниот парк.
Македонија
Собраниска делегација на студиска посета во Бундестагот
Делегација на Собранието и претставници на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, присуствува на дводневна студиска посета во Бундестагот во Берлин, Германија.
Во состав на делегација се претставници на собраниска служба предводени од генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар Бобан Стојаноски.
Предмет на студиската посета се институциите кои се дел од надзорот над безбедносно-разузнавачкиот сектор во Германија.
Делегацијата имаше можност да слушне како функционира парламентарниот надзор во Германија, земја која обезбедува посебно релевантни примери, со оглед на нивната воспоставена и повеќеслојна рамка за надзор на разузнавањето, вклучувајќи ги парламентарните механизми и механизмите за заштита на податоците.
Во текот на посетата беа остварени работни средби со претставници од надзорните тела на кои беа споделени најдобрите искуства и практики од германските колеги.
Работната посета има за цел да го поддржи професионалниот развој на Службата на Собранието, преку компаративни сознанија и конкретни алатки за зајакнување на надзорот на разузнавачките служби во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики.

