Македонија
Мицкоски: За два дена се собрани 45 илјади потписи против фалсификат попис – македонската пролет доаѓа
Денеска се собрани нови 20 илјади потписи против фалсификат на пописот кој на сила го турка власта, напиша на социјалните мрежи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, за само два дена собрани се 45 илјади потписи.
Денес се собрани нови 20 илјади потписи против фалсификат на пописот кој на сила го турка власта. За два дена собрани се…
Posted by Hristijan Mickoski on Недела, 21 февруари 2021
„Благодарност до секој еден граѓанин за поддршката. Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот, затоа што народот е силата, енергијата и кај него е вистината. 45 илјади потписи за вистински попис. Но и многу поширока порака за власта, која ако сега не ја разбираат, ќе ја разберат многу скоро“, посочува Мицкоски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и денеска упатиле јасна порака до Зоран Заев и СДСМ, дека не се за фалсификат попис кој, како што се вели, нема да ја отслика реалната бројка на населението во државата.
„Ги охрабруваме сите граѓани кои се уште не се потпишале против овој фалсификат попис, да го сторат тоа на некои од штандовите и заедно да го спречиме злото наречено Зоран Заев и СДСМ“, порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

