Црна хроника
Лажни ПЦР-тестови се продаваат за 30 евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/Korona-test.jpg)
Полицијата на скопскиот аеродром приведе четири лица со лажни ПЦР-тестови, за кои кажале дека ги купиле по цена од 30 евра.
Вчера на Меѓународен аеродром – Скопје полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР-тестови.
Извршен бил разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест. Лицата биле задржани за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Повозрасна жена тешко повредена откако во неа удрил возач со „мерцедес“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/403608-pregazil-peshak-i-pobegnal.jpg)
Вчера во 14.20 часот во полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Неготино патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.М.(32) од Неготино, удрило во М.С.(73) од Неготино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С. констатирани во болницата во Неготино.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
Црна хроника
18-годишна девојка пријавила дека ја тепал вонбрачниот сопруг
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/zena-silueta-senka.jpg)
МВР соопшти дека вчера во 20 часот во СВР Куманово 18-годишна кумановка пријавила дека околу 18 часот во домот на нејзините родители во Куманово била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг Ф.Р.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Го барале да оди во затвор, а додека бил на слобода го тепал и таткото
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/semejno-nasilstvo.jpg)
Вчера околу 17 часот полициски службеници од полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М. (27) од с. Челопек, по добиена пријава дека агресивно се однесувал кон семејството и физички го нападнал неговиот татко.
Исто така, М.М. бил баран од КПУ Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор.
Против М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.