Македонија
129 новозаразени, над 300 оздравени и 13 починати од коронавирус во изминатото деноноќие
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 76, Кавадарци – 19, Неготино – 9, Прилеп – 6, Велес, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Тетово – по 2 , Битола – 9, Гостивар, Штип, Кичево, Виница , Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 342 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 101 , Кавадарци – 49, Делчево – 45, Охрид и Струга – по 22, Велес – 18, Прилеп – 14, Неготино – 11, Тетово – 7, Куманово – 6, Гостивар, Демир Капија, Свети Николе и Берово – по 5, Штип – 4, Гевгелија , Радовиш и Валандово – по 3, Битола, Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 2, Кочани и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица – 5 пациенти од Скопје (76, 70, 61, 58, 54), 2 пациенти од Кавадарци (87, 78) и по еден пациент од Тетово (73), Куманово (79), Охрид (66), Гевгелија (73), Прилеп (80) и Неготино (61). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 854 теста се преку: ИЈЗ – 86, ЦЈЗ Скопје – 83, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 67, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 140, „Систина“ – 215, „Лаор“ – 0, МАНУ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, ГАК – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, ИБЗД Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 263, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 503.565 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, заболени (нови), активни случаи (вкупно)
Скопје 76, активни 2.938
Куманово 2, активни 208
Тетово 2, активни 228
Прилеп 6, активни 473
Гостивар 1, активни 118
Штип 1, активни 95
Битола, активни 138
Велес, 3, активни 212
Охрид, 3, активни 382
Кавадарци 19, активни 454
Струмица, активни 156
Струга, 3, активни 157
Кочани, активни 47
Кичево 1, активни 62
Гевгелија, активни 130
Неготино 9, активни 129
Свети Николе, активни 19
Ресен, активни 68
Дебар, активни 43
Крива Паланка, активни 51
Радовиш, активни 37
Делчево, активни 188
Берово, активни 27
Пробиштип, активни 21
Виница 1, активни 23
Валандово, активни 20
Кратово, активни 32
Демир Хисар, активни 12
Крушево, активни48
Македонски Брод 1, активни 8
Богданци, активни 20
Демир Капија 1, активни 29
Македонска Каменица, активни 5
Пехчево, активни 3
Дојран, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Побегна еден од осудените за автобуската несреќа со 16 жртви кај Ласкарци
Судот и полицијата уште трагаат по Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, а 30-ина беа повредени. Мифтари требало да оди во затвор уште во мај, а гостиварскиот суд пред четири дена испратил барање до МВР и СВР Тетово за присилно приведување на издржување на затворска казна.
Од СВР Тетово велат дека пред четири дена ја добиле наредбата, но гостиварската полиција не успеала да го најде дома, ниту на други локации и во тек се активности за негово откривање. Претходно, за Мифтари била изготвена покана да се јави на издржување на казната во затворот во Идризово, но откако не се јавил во наведениот рок, затворот го известил надлежниот гостиварски суд, по што е покрената постапка за присилно приведување.
Откако Апелација му ја зголеми казната од шест на десет години затвор, Мифтари бараше нејзино одлагање со лекарско уверение за операција на кила на тестиси, но одлагањето на казната одамна му е истечено.
Ремзи Мифтари, одговорниот за превоз во „Дурмо турс“, и сопственикот на фирмата, Дурмиш Белули, се осудени на по 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци кога неисправен автобус полн со патници излета од патот. Загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени.
Возачот Маноил Трифуновски беше осуден на 14 години затвор, а тројца вработени во техничкиот сервис на „Дурмо турс“ добија една петгодишна и две седумгодишни затворски казни.
Македонија
Нема опасност од излевање на реките по обилните врнежи од дожд, велат од ЦУК
Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд, според која состојбата со водостоите на реките на територијата на земјава до 18 часот е стабилна.
-На територија на Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане, Општина Ранковце и Општина Липково нема излевање на реките. Нивото на реката Пчиња е во опаѓање и нема опасност за излевање, соопштува ЦУК.
Во текот на вчерашниот ден екипата на „Македонија пат“ интервенирала на отстранување на одрони на камења кај м.в. Чатал и отстранување на градежен материјал од стара напуштена куќа од една коловозна лента во с. Шлегово на патен правец Страцин-Пробиштип.
Исто така, додава ЦУК, на територија на Општина Кратово нема обилни врнежи од дожд. Водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен.
Во Охридскиот регион по обилните врнежи од дожд во изминатите денови има навлезено вода во повеќе куќи во подрумите и дворовите каде се интервенираше од страна на ЈП-Нискоградба и остнати ЈП од општината. Локалната самоупрва кризен штаб Охрид со багер денеска ги расчистува запушените корита и канали на помалите реки во Општината. Поплавени подруми, дворови и бавчи имаше на ул. „Железничка“, „Ариф Мустафа“, „Аџи Мустафа“, „Лескајца“, „Долно Лакочереј“ и во други делови од грдот во помал обем. Во овој момент започнати се нови врнежи од дожд но со мал интензитет и нема пријавени дополнителни проблеми, наведува ЦУК.
-Во Битолскиот регион нема нови врнежи од дожд, реките се вратија во речните корита и се во тенденција за намалување односно нивото на водата е намалено. На територија на Општина Ресен како резултат на обилните врнежи повеќе нема излевање на реките од речните корита нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Во општина Демир Хисар повеќе нема излевање на реките од речните корита нивото на водата е значително намалено. Пријава за одрон на Патниот правец R-1305 Битола-Кичево кај с. Железнец. Известени МВР ПС Демир Хисар и Македонија пат. На расчистување интервенира Македонија Пат.
И во Скопскиот регион, додава ЦУК, во моментов во РЦУК Скопје не се пристигнати пријави за нарушуванье на редовната состојба во Градот Скопје и неговата околина како последица од врнежите.
И во Струмичкиот, Штипскиот и Велешкиот регион поради обилните врнежи, нивото на речните корита е зголемен, но не е забележано излевање и состојбата е мирна. -На територијата на РЦУК Велес, РЦУК Неготино , РЦУК Кавадарци и РЦУК Свети Николе нема нарушување на редовната состојба, нема излевања на реките, додава ЦУК.
Оттаму додаваат дека во северозападниот регион што ги покрива РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар состојбата е стабилна, а има пријава за одрон кај патот Маврово – Дебар од ЈП Македонија пат е испратена екипа на отстранување на одронот.
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Денеска ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи.
Од утре поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во почетокот на следната седмица утринската температура значително ќе опадне. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат од вторник.

