Економија
НЕПТУН-семејството заедно со генералниот директор Горан Цветинов ги пронајдоа и наградија најуникатните палавковци
Најголемиот синџир маркети за бела техника и електроника во Македонија, „Нептун“, предводен од генералниот директор, Горан Цветинов, континуирано работат на подобрување на корисничкото искуство, имплементирајќи нови начини, кои помагаат за подобро препознавање на потребите на потрошувачите. Како што секогаш се стремат кон подобро запознавање на потрошувачот, на ист начин постојано ги препознаваат и поддржуваат и семејните вредности.

Секој заеднички миг со семејството гради бесценети спомени, кои се вистинската смисла на животот. Секојдневната задача на секој родител во модерното окружување е често смислување на различни и забавни активности, исполнувајќи го времето на своите деца, кои секогаш се во потрага по нови „палави” предизвици.
Генералниот директор, Горан Цветинов, заедно со Нептун-семејството и нивниот долгогодишен партнер LG, ја согледаа потребата за повеќе забавни моменти и преку креативен и забавен фотопредизвик, ги разубавија и овековечија најпалавите моменти на децата, измамија многубројни искрени насмевки, а внесоа и нова свежина во дигиталниот свет.

30 дневниот фотопредизвик, во кој главната улога ја имаа најмалите членови, траеше до 20 февруари и имаше една единствена цел – преку фотографија, семејствата да си ги овековечат најинтересните и најсмешни моменти од своите мали палавковци. За целиот предизвик да биде поинтересен, „Нептун“ реши да награди тројца палавковци кои имаа најуникатни и најсмешни фотографии.
Овие 30 дена беа незаборавни за многу родители и деца, кои беа предизвикани од страна на Сара Мејс, Димитар Атанасовски, и нивната мала, слатка и палава Илина, кои преку фотографии ги истакнаа нејзините палавштини, креативни моменти и дружби.

По завршувањето на фотопредизвикот, кој несомнено помина одлично, со многу интересни, смешни и палави фотографии, објавени со hashtag-от #lgпалавковци и тагнување на @neptunmakedonija, најтешката задача ја имаше публиката, како и Сара, Димитар и Илина.
Довербата, лојалноста и палавите моменти на учесниците беше наградена со LG-производи. Генералниот директор на „Нептун“, Горан Цветинов, и претставникот од LG, Јосип Радиќ, ги наградија првиот и вториот палавковец. Првата награда падна во рацете на @mavcoska_viktorija, чија фотографија беше наградена со LG телевизорот UHD TV LG 50 UN 7400. Со второто место се здоби палавата и уникатна фотографија на @maja_sah, која беше наградена со мобилен телефон LG Velvet. Третиот LG палавковец, беше избран од страна на Димитар, Сара и Илина и според нивниот заеднички избор третата награда ја доби профилот на @ackovadespina, која објави интересна и палава фотографија од својата ќеркичка, која ќе стане Нептун-инфлуенсер во некоја од следните кампањи на „Нептун“.

„Нептун“ и LG се заблагодаруваат на Димитар, Сара и Илина, кои помогнаа овој предизвик да биде вистинско ремек-дело, а упатуваат и голема благодарност до сите оние кои одлучија да ги споделат најубавите и најсмешни моменти од своите палавковци и ги направија овие 30 дена посебни и незаборавни.
Големото семејство на „Нептун“ и генералниот директор, Горан Цветинов, ги повикуваат семејствата да продолжат да создаваат спомени и да уживаат во моментите поминати со најмилите, а „Нептун“ ќе продолжи да наградува и изненадува со иновативни технолошки решенија за нивните домови и секојдневие.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

