Македонија
Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје Зоо
Од овој викенд, службите на Инспекторатот на Град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во Скопје Зоо. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките.
Под мотото „Подарете љубов, а не храна“ зоолошката градина ја почнува кампањата за заштита и благосостојба на животните.
„Низ годините многу несовесни посетители фрлаат храна која е несоодветна и штетна за нив и покрај таблите со кодекс на однесување кои се поставени на влезот и низ градината, каде јасно е истакнато сè она што е забрането“, велат од Скопје Зоо.
Строго забрането е хранење и допирање на животните, какво било вознемирување на животните и фрлање предмети и отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата, прекачување преку огради и влез во забранети зони.
Животните имаат свои таблички за исхрана и секоја храна надвор од тоа е штетна за нив.
„Имаме животни дијабетичари кои не смеат да јадат банана, портокал и јаболко или, пак, голем дел животни за кои зелката е најштетна. Доколку посетителите сакаат интеракција и хранење животни, за тоа постои делот Бејби Зоо, каде под надзор на вработени секој посетител добива пакетче храна за животните и може да ги погали и одблизу да се запознае со процесот на чување миленик“, наведуваат од зоолошката градина.
Оттука ги потсетуваат сите кои сакаат да хранат животни, дека на улиците има многу бездомни кучиња и мачиња, како и птици кои се гладни, па доколку ги нахранат со соодветна храна ќе направат хумано дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

