Македонија
ЈСП: Рокот за заверка на важноста на студентските билети продлжен до 31 март

Рокот за продолжување на важноста на студентските билети за бесплатно користење јавен превоз повторно е продолжен, односно ќе трае до 31 март годинава, информираат од ЈСП.
„До тој термин, сите студенти кои ги исполнуваат условите за стекнување право на годишен студентски билет за бесплатно користење јавен превоз, а не го продолжиле од која било причина, можат бесплатно да го користат превозот, но притоа да поседуваат картичка ‘Скопска’ која имаат обврска да ја приложат при евентуална контрола на билети“, се наведува во соопштението.
Во него се додава дека судентите немаат обврска да се валидираат во автобусот, а контролорите не смеат да им издадат записник/казна.
Од 1 април, секој студент кој ги исполнува условите за посочениот тип на билет, а истиот не го заверил, во случај на контрола ќе добие казна, доколку евентуално не поседува друг тип на билет, уредно валидиран.
Од ЈСП Скопје велат дека со ова повторно излегуваат во пресрет на барањето на УСС (Универзитетското студентско собрание) при УКИМ, кое по втор пат побарало продолжување на рокот за заверка на важноста на студентскиот билет, со оглед на актуелната ситуација со Ковид-19, која, како што навеле, на одредени факултети предизвикува потешкотии при организација и распределба на документацијата потребна на студентите за продолжување на важноста на билетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.