Македонија
Положени венци во чест на загинатиот претседател Трајковски: Беше човек од народот, за народот
Делегации на Владата денеска положија венци со свежо цвеќе на гробот и на спомен-обележјата во чест на претседателот Борис Трајковски, во рамките на одбележувањето на 17-годишнината од неговата смрт.
Делегација на Владата составена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, положија венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

На споменикот на претседателот Трајковски во Струмица, свежо цвеќе положи владина делегација, која ја сочинуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество и развој на културата, Роберт Алаѓозовски.

Претседателот Трајковски, заедно со осумчлена делегација од неговиот кабинет и членови на екипажот на владиниот авион, трагично ги загубија животите во авионска несреќа на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

„Со оддавање должна почит и признание за неговиот исклучителен придонес му искажуваме благодарност на скромниот, искрен и често емотивен Трајковски, кој како шеф на државата во сложени времиња за нашата земја покажа лидерство и знаеше како да ги стави државничките интереси пред тесно партиските интереси“, нагласуваат од Владата.

Од таму посочуваат и дека во колективното сеќавање претседателот Трајковски останува врежан како човек од народот и човек за народот, но и како државник со непоколеблива визија за општество на сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зајкова назначена за шефица на набљудувачката мисија на ПС на ОБСЕ на предвремените парламентарни избори во Киргистан
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е назначена за шефица на делегацијата на набљудувачи на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ на претстојните предвремени парламентарни избори во Киргистан, закажани за 30-ти ноември.
Зајкова, која воедно е и шефица на македонската парламентарна делегација која ќе ги набљудува изборите, ќе ја извршува својата должност заедно со Клод Хаген, пратеник од Луксембург и специјален координатор и водач на краткорочната мисија за набљудување на изборите на ОБСЕ и со уште 80 други набљудувачи на ПС на ОБСЕ од 28 земји.
Во текот на изборите, Зајкова и тимот на ПС на ОБСЕ ќе соработуваат со Мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од Тамас Мезерич (Унгарија) и партнерската делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Георгиос Стаматис (Грција).
Парламентарците на ОБСЕ ќе бидат сразмерно распоредени на територијата на Киргистан за да извршат проценка на сите фази од изборниот процес и нивните наоди ќе бидат собрани и анализирани. Податоците ќе се искористат во прелиминарните заклучоци на меѓународната мисија за набљудување на изборите, кои подоцна ќе бидат презентирани на заедничка прес-конференција.
„Ова е дванаесетти пат како ПС на ОБСЕ ги набљудува изборите во Киргистан. Заедно со нашите колеги од ОДИХР и ПССЕ ќе извршиме проценка на сите фази од изборниот процес. Киргистан влегува во овие избори со изменат законска рамка, нов систем на гласање, нови изборни единици, нови правила за кандидирање на кандидати и финансирање на кампањата. Ова ќе бидат првите национални избори во Киргистан на кои ќе се користи новата опрема за гласање и ќе се понуди гласање од далечина, а луѓето разбирливо обрнуваат големо внимание на тоа како ова ќе функционира во пракса. Со нетрпение очекуваме да ги набљудуваме овие случувања на терен и тесно да соработуваме со ОДИХР и нашите партнери од ПССЕ низ целата земја“, истакна претседателката и ЛДП и шефица на делегацијата на ПС на ОБСЕ, Зајкова.
На денот на изборите, Зајкова и набљудувачите на ПС на ОБСЕ ќе посетат гласачки места низ цела територија на Киргистан за лично да извршат проценка на процедурите, технологиите за гласање и целокупното спроведување на процесот. Изборите ќе бидат оценети во однос на демократските обврски содржани во Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990-та година.
Македонија
Од четврток снег на планините и пад на температурите
Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток, информира УХМР.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Во Скопје, до сабота времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината повремено врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 15 l/m2 за 24 часа.
Македонија
Од утре до сабота претежно облачно и врнежливо
Под влијание на циклонска активност од утре (26.11.2015г) до сабота (29.11.2025г) ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Во Скопје, до сабота времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината повремено врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 15 l/m2 за 24 часа.

