Контакт

Македонија

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Објавено пред

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак во односите со Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Тој предлага Македонија да даде гаранции дека нема претензии кон Источна Македонија и нема да го помага македонското малцинство во Бугарија. Понатаму, бугарскиот парламент во декларација да изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година. Како четврта точка, Георгиевски се залага за промена на стратегијата на историските комисии, а последно тој предлага македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат.

Гледам дека Македонско-Бугарските односи се движат кон нов ќор-сокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која…

Posted by Ljubco Georgievski on Saturday, February 27, 2021

Во продолжение во целост го објавуваме неговиот предлог.

„Гледам дека Македонско-Бугарските односи се движат кон нов ќор-сокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна омраза на двата народа. Затоа еве ке дадам еден предлог, патна карта или акциски план за излез. Обично на оваа тема пишувам и зборувам како читач на историјата но овој предлог има само политчко-дипломатски карактер:

1.Северна Македонија да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија и во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.

2.Северна Македонија да даде гаранција (најверојатно тоа ке биде шести пат, три пати во контекст на Грција и трет пат специјално за Бугарија) дека како држава со ништо нема да ги помага и подржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија.

3.Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ке изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година и дека Бугарија со ништо не ги прифака тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина. Оваа теза во Бугарија можеби ке биде прифатена како политичка игра тоа не е така, само ја нудам српската стратегија, како тие ги решаваат нивните проблеми .Имено, Србија го има истиот проблем со хрватскиот јазик, со босанската и црногорската нација и јазик па дури и со македонската нација и јазик. Но Србија политички ги има признаено сите четири нации и јазици дури и на својата територија. И хрватскиот и црногорскиот и босанскиот и македонскиот се службени јазици во повеке србски општини. Ама српската наука, историографија и лингвистика не го признава тој факт и секојдневно се бори со аргументи. Истата приказна е и со Македонија. Политиката максимално ја дава подршката за македонска нација и јазик ама секоја година се печатат книги за Македонија како стара Србија ,како тие ја ослободиле Македонија во балканските војни. Книги за српски манастири и цркви од време на Средновековието ,а изгледа ги има доста. Да не спомнувам пак дека за Српската црква ние сме тотално срби, а и изгледа дека БПЦ ги поткрепува во таа намера.

4. Зедничката историска комисија да ја измени малку стратегијата:
-Да се објават сите пет веке потврдени личности плус Делчев како општ, заеднички без многу детали и плус Глигор Прличев за кого прво се согласиле па бугарската страна се повлекла.
-Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи текстови и објаснение и да почнат да слават заедно. Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат.
-Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија.
-Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонци со бугарска национална свест. Според бугарски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани. Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарска јавност. Но и 1200 да се, демократијата треба да објави на виделина.
-Македонската страна да се задолжи во сите историски книги незвисно од државен или приватен издавач точно да го дава преводот посебно каде писателите пишувале македоци или бугари. Секој фалсификат да биде финансиски санкционран.
-Македонската историографија да ги корегира и да ги даде вистинските имиња на институциите, на пример Народна Федеративна Партија???
– Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важни личности. На пример фактот дека Гоце, Даме ,Ѓорче и стотици други биле учители на бугарската егзархија, не-мала работа која ја криеме.
-И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот. Македонската страна да признае дека целата македонска преродба се обидувала да создаде заеднички јазик со Бугарскиот но врз база на македонските дијалекти бугарската интелегенција поради кратковидост кодифицирале јазик само врз база на североисточните дијалекти со што го отвориле патот на македонскиот јазичен сепаратизам, а на Српските лингвисти основа дека и шопските говори во Бугарија се српски јазик. Дека официјално писмо и јазик на сите македонски организации во османлискиот период бил Бугарскиот јазик и писмо што се лесно проверливи факти. А бугарската страна да прифати дека тоа е добар приод и да се затвори јазичното прашање.

5.Инфраструктурните прашања, Македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат. Бугарската страна, да ги изгрдат патиштата за граничните премини Клепало кој дваесет години има и пат и гранична зграда и преминот Црна Скала мегу Делчево и Ќустендил каде патот беше изграден но веќе и руиниран. Македонската страна како подарок на Бугарија да и изгради втора лента на преминот Делчево – Благоевград каде на секој празник лугето чекаат со часови“, наведе Георгиевски на социјалните мрежи.

Македонија

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Објавено пред

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.

dobivaj vesti na viber

Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа

Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа

Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа

Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа

Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

Објавено пред

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики. Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и многу важна победа. Онер Јакупоски е новиот градоначалник! Победа повеќе од двојна со над 1000 гласови разлика. Честитки за Онер, за сите симпатизери и за сите граѓани на Маврово-Ростуше. Оваа победа не е само локален резултат. Таа е јасна политичка порака. Порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност. Порака дека не се наградуваат празни зборови, туку резултати“, истакна Мицкоски.

Оваа победа, вели тој, е „резултат на концептот што доследно го градиме: скромност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“.

„Во другите општини, изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Но целокупната политичка слика е повеќе од јасна. Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата. СДСМ во 6. Тоа не е случајност. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и за актуелното раководство на таа политичка партија. По историскиот пораз на локалните избори во 2025 година, денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици. Партијата која на национално ниво освои околу 140 илјади гласови не може сериозно да зборува во име на мнозинството, ниту да се претставува како силна и кредибилна опозиција“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, „проблемот на СДСМ не е само во изборните бројки“.

„Проблемот е многу подлабок. Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција. Политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните. Затоа мора јасно да се каже: не станува збор само за блокади. СДСМ мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови. Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, нема ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија. Македонија нема потреба од политика на навреди и ниски удари. Граѓаните се презаситени од политиканти кои бараат заштита во политиката за сопствените гревови. Оваа држава има потреба од борба на идеи, визии и програми. Од одговорна политичка конкуренција, а не од тоа кој погрубо и поневоспитано ќе навреди. Од другата страна е концептот што победува. Концептот на ред, стабилност и одговорност. Концептот на проекти, мерки и резултати. Концептот на држава што стои исправено и работи за своите граѓани, а не за тесните клановски интереси. Кланот на Венко Филипче доживува нов дебакл и тоа е резултатот кога се води политика на соопштенија напишани во други држави, а не борба на концепти и интересите за своите граѓани“, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир

Објавено пред

Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет7 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет14 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет14 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет14 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет15 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет15 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...