Црна хроника
Во Трубарево уапсени разбојници додека со автомобил пренесувале украдени предмети
Во скопското село Трубарево, во вечерните часови на 28 февруари, полицајци сопреле автомобил „шкода“, со скопска регистрација, во кој биле пронајдени предмети од претходно извршена тешка кражба.
Како што информираат од МВР, „шкодата“ била управувана од Д. К. (31) од Куманово, а совозач бил А. Ј. (33) од Скопје. Двајцата веднаш биле уапсени поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
Заедно со предметите тие биле предадени во Полициската станица Гази Баба и во извршениот разговор изјавиле дека кражбата ја извршиле истиот ден од вагон на железничката станица во Трубарево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.