Свет
(Видео) Амбасадорка разрешена зашто ја тепала својата помошничка во резиденцијата
Филипинската амбасадорка во Бразил е разрешена кога било откриено дека со месеци тепала една од своите куќни помошнички во официјалната резиденција.
Нејзините напади биле снимени и објавени во локалните медиуми.
Амбасадорката Маричо Мауро е отповикана и вратена во Манила кон крајот на минатата година откога телевизијата „Глобоњуз“ ги емитувала снимките од надзорните камери направени во период од осум месеци, а кои го покажувале односот на амбасадорката кон помошничката, исто така Филипинка.
Амбасадорката е отпуштена и од Министерството за надворешни работи, објави вчера на телевизија претседателот на Филипините, Родриго Дутерте.
„Постојат правила што мора да се почитуваат. Ако не ги следите, ризикувате. Ако работите тргнат наопаку, нема да ве спасам“, нагласи шефот на државата.
Мауро ќе ги изгуби своите пензиски права и повеќе нема да може да работи во јавни институции.

Снимките направени во периодот меѓу март и октомври 2020 година биле искористени како аргумент во тужбата поднесена од филипинската влада против дипломатката, која за амбасадорка во Бразил била именувана во 2018 година.
Милиони Филипинци работат во странство како куќни помошници.
Дознаките што ги испраќаат до своите семејства кои и натаму живеат на Филипините претставуваат прилично голем дел од филипинскиот БДП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

