Свет
САД воведуваат санкции за Русија поради ситуацијата со Навални

СAД ќе воведат санкции против седум претставници на руската влада поради ситуацијата со Алексеј Навални, изјави претставник на американската администрација.
Информацијата била соопштена за време на специјален телефонски состанок.
Како што се наведува, администрацијата на претседателот Џо Бајден сака односите меѓу Русија и САД да бидат стабилни и предвидливи, но нема да бара нивно ресетирање.
Американските власти усвоиле санкции против руски официјални лица и компании бидејќи заклучиле дека Русија се обидела да го убие опозицискиот лидер Алексеј Навални со нервен агенс, соопштија неименувани официјални лица од администрацијата на Бајден.
Зборувајќи пред новинарите преку конференциски повик, официјалните лица изјавиле дека потегот е направен во координација со Европската Унија, објави „Ројтерс“.
Тие исто така го повториле повикот на претседателот на САД, Русија да го ослободи Навални од затвор.
Претходно денеска, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва сигурно ќе одговори на евентуалните санкции што би ги вовеле Соединетите Американски Држави поради ситуацијата со осудениот Навални.
„Ние ќе одговориме без сомнение. Едно од основните правила во дипломатијата е реципроцитет. Нема смисла да се коментира ваков чекор. Ние неколкупати повторивме што мислиме за нелегитимните еднострани санкции што американските колеги планираат да ги користат. Тоа се случува секогаш, а потоа Европската Унија ги копира потезите на САД“, рече Лавров, а пренесе агенијата „Тасс“.
Лавров исто така додаде и дека САД немаат што конкретно да кажат во врска со наводите за наводното труење на Навални.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.
Свет
Русија до Западот: Тврдоглаво игнорирате додека режимот во Киев се обидува да ја спаси кожата на Зеленски

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доведувајќи ја во прашање иднината на својата земја. За тоа детално ќе разговараме на посебниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме фокусирање на акциите што ја поткопуваат потрагата по дипломатски пат за решавање на украинскиот конфликт – вклучително и обидите да се попречи директниот руски-украински преговарачки процес во Истанбул“, изјави заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, на седницата на Советот за безбедност, обраќајќи им се на претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.
Според него, Русија подолго време и доследно предлага решавање на украинската криза по дипломатски пат.
„Но вас тоа не ве задоволува – сè додека сте подготвени да продолжите да се борите против Русија преку рацете на Украинците. А фактот што ги има сè помалку – воопшто не ве вознемирува“, предупреди рускиот дипломат.
Русија и Украина во мај и јуни одржаа две рунди преговори, по што следуваше размена на заробеници и предавање на телата на загинатите украински војници. Двете страни исто така разменија нацрти меморандуми за решавање на конфликтот.