Свет
Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска
Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски.
Гувернерот на американската сојузна држава Тексас, Грег Абот, донесе одлука за укинување на обврската за носење заштитни маски и најави дека повеќето продавници ќе може да се отворат со полн капацитет следната недела, објави „Ројтерс“.
Тексас ги укинува ограничувачките мерки во време кога бројот на нови случаи на коронавирус и хоспитализирани пациенти се намалува во САД.
„Време е Тексас да се отвори 100 проценти“, рече Абот најавувајќи дека мерките ќе бидат целосно спроведени од 10 март.
Гувернерот изјави дека е во состојба да ги укине мерките затоа што 5,5 милиони жители од 29 милиони луѓе што живеат во таа американска сојузна држава се вакцинирани.
Оваа одлука е во спротивност со повикот на претседателот на САД, Џо Бајден, кој апелира до Американците да се придржуваат до мерките и да носат маски додека не се видат ефектите од вакцинацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ураганот на Флорида преврте мали авиони, објавена снимка
Снимките од Флорида сликовито го покажуваат ефектот на разорниот ураган Милтон врз делови од американската држава.
Venice, FL took a wallop from #HurricaneMilton as it rushed ashore on Wednesday evening.
Here's a look at some of the sights and sounds our field correspondents caught on camera. pic.twitter.com/00El1bQTlA
— WeatherNation (@WeatherNation) October 10, 2024
На видеото се гледа мал авион кој, очигледно, бил превртен од силен ветер. Излозите и улиците се преплавени со вода од зголеменото ниво на морето што ги придружува разорните урагани како Милтон.
Свет
Гутереш го назначи Том Флечер за нов шеф на хуманитарната помош на ОН
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го назначи поранешниот британски дипломат Том Флечер за нов шеф на ОН за хуманитарна помош.
Флечер, кој моментално е директор на колеџот Хертфорд во Оксфорд и потпретседател на Советот на универзитетскиот колеџ во Оксфорд, го замени Мартин Грифитс, кој поднесе оставка од функцијата на крајот на јуни поради здравствени причини, пренесе АП.
Заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак, кој го објави назначувањето, рече дека вршителот на должноста шеф на хуманитарната помош, Џојс Мсуја, ќе остане на функцијата додека Флечер не ја преземе функцијата.
Свет
Путин го разреши Анатоли Антонов од функцијата руски амбасадор во САД
Претседателот на Русија, Владимир Путин, со указ го разреши досегашниот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Анатолиј Антонов, од таа позиција, како и од позицијата постојан набљудувач на Руската Федерација во Организацијата на американските држави.
Како што пренесе Интерфакс, претседателскиот декрет од 10 октомври е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.
Руското Министерство за надворешни работи минатата сабота соопшти дека Антонов ја завршил службата во Вашингтон. Дипломатот беше назначен за руски амбасадор во САД во август 2017 година.