Економија
Арсовски: Оперативниот план обезбедува нови работни места и вработување на невработените
Одговарајќи на новинарско прашање за деталите од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, кој вчера беше усвоен на владина седница, и поспецифично за етничката застапеност на вработувањето и во приватниот сектор, портпаролот на Владата, Душко Арсовски, соопшти дека овој план, меѓу другото, се базира на принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории.
„Спроведувањето на овој оперативен план за активни програми и мерки за вработување почива на неколку принципи, односно ќе се почитуваат неколку принципи, меѓу кои и ова што го зборувавте – принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор во согласност со принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или која било друга ранлива категорија граѓани во согласност со стандардите и практиките на ОН и Меѓународната организација на трудот. Ништо надвор од тоа“, рече Арсовски.
Тој додаде дека втор принцип е справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на трудот и вработеноста предизвикани од пандемијата и, третиот, исто така важен, поттикнување рамномерен регионален развој во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони.
Арсовски информира дека оперативниот план 2021 содржи мерки за лицата што се долго време надвор од пазарот на трудот и се предвидува поддршка и за работодавци, но само доколку тоа значи обезбедување нови вработувања и раст на правните субјекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

