Свет
Во Австралија, по 14 години, загина човек од смртоносен убод на медуза

Тинејџер на возраст од 17 години, од австралиската држава Квинсленд, почина од убод на медуза, што е прва смрт во таа земја од ова подводно животно по 14 години.
Момчето пливало кога на него наишла медуза позната као морска оса, која се смета за најотровната медуза и едно од најопасните морски животни, објави австралискиот портал „7 њуз“.
Несреќата се случила на 22 февруари, итната помош пристигнала бргу, го интубирала тинејџерот, кој потоа со хеликоптер бил пренесен во болница, на оддел за интензивна нега.
Полицијата во Квинсленд денес потврди дека момчето починало во понеделникот.
Откако почнале да се бележат нападите на морската оса, од 1880 година во Австралија се забележани најмалку 70 смртни случаи, но смртта на момчето е прва во последните 14 години.
Претходниот пат настрада шестгодишно дете кога во 2007 година го нападнала медуза во Северната Територија на Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ.
Според објавените информации, земјотресот бил на длабочина од 71 километар.
Земјотресот бил почувствуван и во соседна Турција.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Свет
(Видео) Саудијците го пречекаа Трамп како крал – му купија и мобилен „Мекдоналдс“

Саудиска Арабија подготви раскошен пречек за американскиот претседател Доналд Трамп во Ријад, каде што тој слета денес, буквално на тепих од лаванда.
Во 2021 година, Саудиска Арабија го замени традиционалниот црвен тепих со лаванда, наведувајќи дека бојата е инспирирана од „природното наследство на Саудиска Арабија“, имено сезонските цветања на лаванда во пустинските региони на земјата.
Саудиска Арабија очигледно се погрижи на американскиот претседател ништо да не му недостасува за време на неговата посета на Блискиот Исток, дури ни неговата омилена брза храна.
Според американските медиуми, Саудијците обезбедиле мобилен ресторан на „Мекдоналдс“ во случај Трамп да не стигне до една од многуте постоечки филијали во земјата.
Yes, it’s a mobile @McDonalds here in Riyadh. pic.twitter.com/Y6T2EBDbQf
— Mordechai Wagenheim (@Mike_Wagenheim) May 13, 2025
Трамп е познат по својата склоност кон брза храна, а за време на кампањата дури и им служеше на гостите во „Мекдоналдс“ во Пенсилванија.
Но, разликата во протоколот беше видлива и на друго ниво, политичкото.
За разлика од посетата на поранешниот американски претседател Џо Бајден во 2022 година, кога саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман испрати делегација да го пречека на аеродромот, Трамп денес беше лично пречекан од бин Салман на скалите од претседателскиот авион.
Да потсетиме дека пред да пристигне во Саудиска Арабија, Бајден изјави дека ќе го „изолира кралството“ поради убиството на новинарот Џамал Кашоги и кршењата на човековите права. Трамп, од друга страна, одржува блиски политички и деловни врски со кралското семејство уште од својот прв мандат.
Свет
Трамп ги укина санкциите за Сирија : „Со среќа Сирија, покажи ни нешто многу посебно“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес објави дека ќе нареди укинување на санкциите врз Сирија на барање на саудискиот престолонаследник, што е огромен поттик за привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шари и неговите напори за стабилизирање на земјата разорена од војна.
Трамп го објави ова ненадејно за време на регионалната турнеја што ја започна во Саудиска Арабија. Белата куќа објави дека Трамп ќе биде пречекан од ал-Шари за време на неговата посета на Саудиска Арабија, што укажува дека средбата меѓу американскиот претседател и поранешниот командант на Ал Каеда, кој помина пет години во американски затвор во Ирак, ќе се одржи во среда.
САД воведоа строги санкции врз Сирија за време на владеењето на Башар ал-Асад и ги одржуваат на сила откако ал-Асад беше соборен од власт во декември по повеќе од 13 години војна.
Трамп рече дека ќе ги укине сите санкции врз Сирија, објаснувајќи дека тие имале важна функција, но дека сега е време Сирија да продолжи напред.
„Ќе наредам укинување на санкциите против Сирија за да им дадам шанса да успеат“, рече Трамп на инвестициски форум во Ријад.
„Нивно време е да блеснат“, рече Трамп. „Со среќа Сирија, покажи ни нешто многу посебно“, рече американскиот претседател.
Ал- Шари беше лидер на официјалното крило на Ал Каеда во сирискиот конфликт со години, пред да ги прекине врските со глобалната џихадистичка мрежа во 2016 година.
Хајат Тахрир ал-Шам, групата предводена од ал-Шари, која официјално беше распуштена во јануари, е прогласена за терористичка организација од САД и ОН.