Македонија
Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија.
Според податоците на веб-страницата emsc-csem.org, потресот се случил во 18 и 38 часот по локално време, односно 19 и 38 часот по македонско време.

Земјотресот бил на длабочина од 11 километри, со епицентар на 31 километар од градот Лариса.
Вчера Грција ја погоди земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, при што беа повредени 11 лица и беа оштетени стотици згради.
Неколку помали земјотреси биле почувствувани синоќа, а најсилниот бил со јачина од 5,2 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

