Свет
Завршија процената на вакцината „епивак корона“ и втората фаза на „спутник лајт“
Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, потврди дека стручната процена на употребата на вакцината „епивак корона“ кај постари лица, изработена од Државниот научен центар „Вектор“, како и втората фаза на клинички испитувања на вакцината „спутник лајт“, се завршени, пренесува ТАСС.
„Втората фаза од клиничките испитувања за ‘спутник лајт’ е завршена и тие сега се испраќаат на стручна процена. Завршена е и процената на вакцината ‘епивак корона’ произведена од Центарот ‘Вектор’ за лица над 60 години“, потврди министерот на конференцијата за печат.
ТАСС јавува дека на 16 ноември руското Министерство за здравство издало дозвола за клинички испитувања на вакцината „епивак корона“ на 150 волонтери над 60 години, а дозвола за испитувања на 3.000 волонтери над 18 години е издадена на 18 ноември.
Министерството за здравство исто така издаде дозвола во јануари да спроведе клинички испитувања на вакцината против коронавирусот „спутник лајт“, која е прва компонента на вакцината „спутник В“ и која, според директорот на Центарот „Гамалеј“, Александар Гинзбург, обезбедува заштита за четири или пет месеци и ја намалува можноста лицето да добие потежок облик на Ковид-19, наведува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

