Забава
Лиам Нисон ќе ги пречека кино-посетителите на премиерата на „Марксмен“

Љубителите на филмот се подготвуваат за повторно отворање на киносалите во Њујорк викендов, а можеби ќе ги пречека познато лице: Лиам Нисон.
Тој, наводно, лично ќе ги поздравува луѓето кои ќе дојдат на премиерното прикажување на неговиот филм „Марксмен“.
„Холивуд репортер“ објави дека 68-годишниот актер ќе биде присутен да ги поздрави љубителите на филмот на плоштадот „АМЦ Линколн“ на горната западна страна на Њујорк во петок навечер пред да започнат прикажувањата.
Актерот ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19, и откри во едно интервју неодамна дека со нетрпение го очекува незаборавното искуство.
„Ова треба да се напише во дневник. Ќе биде убаво да ги пречекувам луѓето. Мислам дека одењето во кино е еден вид свето искуство. Така се чувствував уште како дете,“ рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(ФОТО) Новата девојка на Ченинг Тејтум ја потврди врската на „Инстаграм“

Ченинг Тејтум и моделот Инка Вилијамс ја официјализираа својата врска на социјалните мрежи. За да го одбележи 45. роденден на актерот, Вилијамс објави колаж од фотографии исполнети со заеднички моменти на својот инстаграм-профил.
На една од фотографиите Тејтум ја бакнува 25-годишната Вилијамс, а на друга парот се гледа како се забавува, се дружи со кучиња и се релаксира на сонце.
„Среќен роденден на најзгодното, најљубезно, најсмешно, најглупаво и најпрекрасно човечко суштество на светот!!!“, напиша Вилијамс покрај објавата. „Ти благодарам што го правиш животот убав и забавен“, додаде таа.
Таа ја заврши објавата со реченицата JTM trop fort, што е француски сленг за „Те сакам толку многу“.
Забава
(Видео) Меган Маркл за проблемите со Хари: Расправиите почнаа по шест месеци

Меган Маркл се појави во поткастот на Џејми Керн Лима. Таа зборуваше за својот бренд „Како и секогаш“ и за нејзиното шоу „Со љубов, Меган“, но зборуваше и за бракот со принцот Хари.
Војвотката од Сасекс призна дека работите меѓу нив не биле секогаш идеални. „На почетокот беше одлично и имаше пеперутки во стомакот, но потоа многу бргу почнавме да се караме. Тоа се случи неочекувано, околу шест месеци по почетокот на врската“, рече таа.
Таа исто така рече дека работите се поинакви по седум години брак велејќи дека двајцата имаат малку простор за дишење.
„Можеме да уживаме еден во друг на нов начин, па затоа чувствувам како периодот на меден месец повторно да е тука за нас“, заклучи таа.
Меган неодамна објави фотографии на „Инстаграм“ од децата, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3), кои поминуваат време во дворот на нивниот луксузен дом во Калифорнија вреден 14 милиони долари. Фотографиите ги прикажуваат двете малечки како берат цвеќиња, кои Меган ги одгледува во градината, без притоа да им ги покаже лицата на децата.
Принцот Хари наводно не е премногу задоволен што Меган ги користи децата за промоција на нејзиниот нов бренд, „Како и секогаш“. Уредникот за кралското семејство на „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца на социјалните мрежи.
„Хари би сакал неговите деца да бидат подалеку од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во поткастот A Right Royal.
Забава
Илон Маск: За 5 години роботите ќе бидат подобри и од најдобрите хирурзи

Основачот на „Тесла“, Спејс икс“ и на „Неуралинк“, Илон Маск, изјави дека роботите набргу ќе ги надминат дури и најдобрите човечки хирурзи.
Маск го напиша ова на X како одговор на објавата на Марио Нафал, основач на „ИБЦ груп“, инвестициска фирма што инвестира во блокчејн-проекти и нови технологии.
„Роботите ќе ги надминат добрите хирурзи за неколку години, а најдобрите за приближно пет“, напиша тој.
Нафал, познат како претприемач во областа на криптовалутите, технологијата и стартапите, ги коментира резултатите од неодамнешните тестови на „медтроник“, една од најголемите медицински компании во светот специјализирана за развој и производство на медицински помагала и технологија.
„Стапките на компликации беа екстремно ниски: само 3,7 проценти за операција на простата, 1,9 процент за операција на бубрег и 17,9 проценти за операција на мочен меур, од кои сите ги надминаа безбедносните цели поставени во текот на повеќегодишните истражувања. Роботот постигна стапка на успех од 98,5 проценти, што е далеку над целта од 85 проценти, што значи дека не само што го помина тестот туку практично постави нова цел“, додаде тој.
„Од 137 операции, само во два случаја беше потребно префрлање на класична хирургија, едниот поради дефект на роботот, а другиот поради комплициран случај на пациент. Ова не значи дека роботите ќе ги заменат хирурзите утре, но значи дека вашиот следен лекар би можел да има многу скап метален асистент“, заклучи тој.