Забава
Ова е првата објава на „Твитер“, а сега за неа се нудат 2,5 милиони долари

Шефот и основачот на „Твитер“, Џек Дорси, одлучи да го продаде првиот твит, напишан во март 2006 година.
„Само го поставувам мојот твитер“, гласи првиот твит објавен некогаш на популарната социјална мрежа, кој беше понуден како дигитален спомен на страницата „Valuables by Cent“.
just setting up my twttr
— jack (@jack) March 21, 2006
За само неколку минути, понудите достигнаа дури 100.000 американски долари.
За време на пишувањето, максималната понуда е 2,5 милиони долари.
Претходните, многу помали понуди откриваат дека твитот се продава од декември, но вистинскиот бум се случи дури кога Дорси го објави на својот профил во петокот.
Купувањето не значи дека твитот ќе се пренесе на профилот на купувачот. Сè уште останува на оригиналниот профил на „Твитер“, но клиентот добива потпишан дигитален сертификат со метаподатоците на оригиналниот твит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Никол Кидман не крие дека е скршена по разводот: „Ќе го преболам тоа колку и да е болно“

Познатата актерка Никол Кидман и музичарот Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак. Како што изјавија извори за странски медиуми, двојката живее одвоено веќе некое време, а се шпекулира и дека Урбан има нова девојка.
Никол неодамна се појави со своите ќерки на црвениот тепих и покажа нова фризура, „одмазднички“ шишки како што многумина ги нарекоа, а сега во едно интервју зборуваше за чувствата и мислите што доаѓаат со возраста.
„Најдобриот дел се искуствата што сте ги акумулирале. Помислете како сте биле таму порано и дека знаете како да се справите со тоа или можеби не, но јас доживеав нешто слично и знам дека ќе го пребродам“, изјави таа за Харперс Базар.
И покрај сè, нејзините деца ѝ даваат најголема сила и Никол секогаш го нагласува ова, без разлика колку се болни некои работи.
„Има нешто посебно во сознанието дека без разлика колку е болно, тешко или разорно нешто, постои начин да се надмине. Ќе мора да го почувствувате тоа и понекогаш ќе ви изгледа непремостливо. Се чувствувате скршено, но ако се движите нежно и бавно, ќе помине иако можеби ќе потрае некое време“, беше искрена актерката.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Сопругата на Клуни е вистинска убавица: не е ни чудо што ја изгуби главата по неа

Кога станува збор за чист гламур, Амал Клуни е синоним за овој моден израз. Нејзините фустани зрачат со чиста елеганција, минималистички крој, а таа често флертува со специфични материјали.
Неодамна таа блесна на премиерата на филмот „Џеј Кели“ во Лондон, па дури ни нејзиниот сопруг – познатиот Џорџ Клуни – не беше имун на оваа сцена.
Имено, Амал прошета по црвениот тепих во розов фустан дизајниран од познатата модна дизајнерка Тамара Ралф. Фустанот е украсен со розови светки на горниот дел, додека долниот дел е исполнет со реси.
Фустанот е малку тесен, па затоа ја нагласува витката фигура на Амал. За да го комплетира овој стил кој зрачи со стар холивудски гламур, таа додаде пердувеста наметка во пудра розова боја.
Таа ја стилизираше косата на вообичаениот начин – се одлучи за меки бранови, а за шминка носеше нежни тонови кои ја нагласуваа нејзината природна убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Поради Кејт Мидлтон, жените полудеа по една боја

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се појави на добротворен настан и во таа пригода привлече внимание на себе со својот моден избор исто како што секогаш прави кога станува збор за нејзините комбинации.
Откога оваа есен ја добивме маслинесто-зелената како кралица на сезоната меѓу боите, принцезата одлучи да го следи тој тренд.
Беспрекорната Кејт прошета во маслинесто-зелена боја од глава до петици. Таа избра комбинација од Викторија Бекам и покажа дека суптилноста и елеганцијата дефинитивно ѝ припаѓаат само на неа. Струкираното сако и правите панталони во комбинација со маица во истата нијанса ја покажаа целата моќ на еднобојното издание.
Со оглед на пригодата, но и стилот на принцезата, овој пат таа не претеруваше со деталите, па носеше едноставно синџирче и прстен, а косата ја стилизира во меки бранови.
Иако не е прв пат Кејт да избере нешто од колекцијата на Викторија Бекам, секогаш сме воодушевени од начинот на кој го претставува.
Суптилно и внимателно се чини дека е нејзиното мото, а по сите овие години, би се рекло дека не треба да го менува.
фото: принтскрин