Свет
Американците тврдат дека пронашле лек за коронавирусот, во употреба за шест месеци

Новиот антивирусен лек „молнупиравир“ може да го смени текот на епидемијата на коронавирусот, бидејќи за време на експерименталното истражување е докажано дека ја запира репродукцијата на вирусот во организмот и спречува развој на потешка форма на болеста.
„Тестирањето на експерименталните таблети против Ковид-19 наречени ‘молнупиравир’, спроведено од ‘Мерк и Риџбек биотерапевтика’, покажа ветувачки знаци на ефикасност во намалувањето на вирусот кај пациентите“, објави во неделата лекарот Марк Сигал, кој учествуваше во ова истражување.
See the latest news from Ridgeback Biotherapeutics and Merck on #COVID19 preliminary findings at #CROI2021. Learn more: https://t.co/QZW73RCLOn $MRK pic.twitter.com/DibWgUfJB1
— Merck (@Merck) March 6, 2021
„Можеби ова е ‘светиот грал’ бидејќи штотуку беше проучен во испитувањата во втората фаза и буквално го запре размножувањето на вирусот кај пациентите кои беа во контролната група. Пациентите го користеле лекот пет дена, биле на домашно лекување… Значи, терапијата е речиси идентична со онаа кога се зема ‘тамифлу’ за вирусот на грип“, рече тој.
Сигал рече дека овој лек може да се појави на пазарот за четири до пет месеци.
Лекарот рече дека, иако досега биле проучени само 182 пациенти, апчињата сè уште можат да бидат многу ветувачки за илјадници луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Свет
Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од руски ракети и пренесувајќи го своето воено искуство во Европа.
Данското Министерство за индустрија и финансии претходно овој месец објави дека украинската одбранбена компанија „Фаер Поинт“ преместува дел од своите производствени процеси во таа земја, оценувајќи го тоа како важен чекор за безбедноста на Украина, што во исто време „создава нови можности за соработка со данските и европските компании“.
Тоа е првиот чекор во новата иницијатива наречена „Гради за Украина“, за која Данска издвои повеќе од 50 милиони долари за да им помогне на украинските одбранбени компании да започнат бизнис, објавува „Бизнис инсајдер“.
Проектот им овозможува на украинските компании да произведуваат на поконвенционален начин, наместо да го кријат или нарушуваат процесот на производство за да избегнат да станат мети на руски ракети и беспилотни летала.
За Данска и нејзините сојузници, соработката носи директно искуство на украинските компании во производството на оружје за големата војна. Тоа знаење е непроценливо.
Засега, барем јавно, проектот вклучува само една украинска компанија. Компанијата „Фаер Поинт“, која исто така произведува дронови и ракети, планира да произведува ракетно гориво во Данска за одбранбените потреби на Украина. Останатите украински компании кои произведуваат хаубици, ракети, дронови и друго оружје сè уште го прават тоа во земјата.