Забава
Кралицата поштедена од бесот на Хари и Меган во интервјуто за Опра

„Една личност во кралското семејство избега од бесот на војводата и војвотката од Сасекс во нивното разорувачко интервју за Опра Винфри: кралицата“, коментира британски „Гардијан“.
„Принцот Хари е повреден од тоа што бил изневерен од принцот Чарлс. Тврдењето на Меган дека војвотката од Кембриџ ја расплакала, а не обратно. Тагата на Хари поради раздорот со принцот Вилијам… сè беше разголено“.
„Но, немаше ништо друго освен пофалби и топли зборови за 94-годишната баба на Хари, и покрај нејзината позиција како шеф на ‘фирмата’, семејството и институцијата за кои парот тврди дека толку лошо се однесувале кон нив“.
„Гардијан“ го цитира авторот и кралскиот историчар Роберт Лејси, кој вели: „Мислам дека има личен, а исто така и политички аспект. Ако се осмелеа да ја нападнат кралицата, ќе изгубеа огромна симпатија“.
Интервјуто претставува „огромен судир на култури и вредности, судир на генерации, психолошки судир помеѓу укочена горна усна и климава долна брада“, вели кралскиот историчар.
Хари откри дека додека тој и Меган биле во Канада минатата година, пред да ја соопштат намерата да се повлечат од кралските должности, татко му Чарлс ги одбивал неговите повици. „Во тие моменти ги зедов работите во свои раце“, рече тој.
За Чарлс, тој додаде: „Се чувствувам навистина разочаран, бидејќи тој поминал низ нешто слично. Тој знае како изгледа болка и Арчи е негов внук.“
А што се однесува до кралицата, принцот Хари ги негираше наводите дека ја „замајувал“ својата баба, односно не ѝ ја кажувал вистината. Тој рече дека има премногу почит кон неа.
Според „Гардијан“, неговата блискост со кралицата отсекогаш била очигледна по загубата на мајка му Дијана, принцезата од Велс. Многумина сугерираат дека кралицата е таа што зачекори во улогата на маќеа, а не војвотката од Корнвол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Јелена Ѓоковиќ во секси бикини! Папарацо-фотографиите ја обиколуваат планетата, Британците сè уште пишуваат за неа

Еден месец по одморот на Новак и Јелена Ѓоковиќ на Миконос, британските медиуми сè уште не престануваат да зборуваат за изгледот на сопругата на најдобриот тенисер во историјата.
Имено, локалните таблоиди „Дејли стар“ и „Сан“ се опседнати со изгледот на Јелена, па повторно пишуваа за нејзината заводлива фигура заедно со неколку фотографии од нејзиниот одмор на Миконос, секако.
„Двојката разменуваше бакнежи додека се релаксира покрај брановите на грчкиот остров Миконос за време на семејниот одмор со своите две деца. Тие уживаа во луксузното одморалиште Намос, познато по тоа што привлекува многубројни светски ѕвезди во текот на летните месеци.
Јелена Ѓоковиќ плени со својата фигура на плажа, таа беше опколена од папараците додека разменуваше нежности со Новак“, се вели во статијата на „Дејли стар“.
Секое лето десетици приватни авиони и хеликоптери слетуваат на оваа ексклузивна дестинација, а мегајахтите со познати личности вредни милиони се закотвуваат во блиското пристаниште. Сите тие доаѓаат во потрага по луксузно искуство на плажите.
Луис Хамилтон, Аријана Гранде, Вејн Руни, Леонардо ди Каприо и Никол Шерцингер се само дел од имињата што редовно ја посетуваат оваа песочна оаза.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/видео) Двете најдобри тенисерки во светот ги закопаа секирите

Руската тенисерка Марија Шарапова и американските шампиони во двојки Боб и Мајк Брајан беа примени во Меѓународната тениска куќа на славните.
Сепак, најголемо внимание на церемонијата го привлекоа две тениски легенди – Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Познато е дека тие не беа во добри односи, па затоа љубителите на тенисот беа доста изненадени кога Серена одржа говор во чест на Русинката.
Не беше обичен говор, туку лавина комплименти и пофалби за Марија Шарапова.
„Во 2004 година, кога Марија имаше 17 години, таа го воодушеви светот и го освои Вимблдон. До ден-денес таа го нарекува тој момент врвот на својата кариера.
За мене, тоа е еден од моите најтешки порази. Тој натпревар не само што го одлучи шампионот туку ја направи Марија ѕвезда и почна едно од најконтроверзните соперништва во тенисот“, рече таа додавајќи: „Тензијата беше вистинска, огнот беше вистински и искрено можеше да се почувствува, можеше да се чуе, со целото мрморење на Марија“.
Фотографиите и видеата станаа вирални, а јавноста можеше да ги види двете убавици како се гушкаат.
View this post on Instagram
За посебниот ден Серена одлучи да ја покаже својата тенка фигура во небесносин фустан, а Марија, како вистинска дама, носеше долг бел фустан, кој го комбинира со бела наметка.
Се чини дека двете тениски ѕвезди ги закопаа секирите и сега живеат во хармонија.
фото: принтскрин
Забава
Иконата на 90-тите го прослави 55-тиот роденден во костим за капење: времето застанало…

Клаудија Шифер го поминува летниот одмор во Грција, од каде што ги почасти своите следбеници и обожаватели со серија фотографии со порака за роденден.
Германскиот супермодел и едно од најпознатите лица на модните писти на сите времиња, Клаудија Шифер, го прослави својот 55-ти роденден и по тој повод објави неколку фотографии, на кои ги покажува својата завидна фигура и препознатливото лице во средината на педесеттите години.
View this post on Instagram
Познатата русокоса позира покрај базенот во бел, елегантен и романтичен едноделен костум од „Клое“, со цена од 690 евра.
View this post on Instagram
Костимот за капење има длабоко деколте и набори на горниот и на долниот дел, што му даваат доза романтика, а Клаудија го комбинира со кафеави очила за сонце и скап златен накит од истата марка.
View this post on Instagram
Нејзиното лице без шминка и препознатливата насмевка, кои красеа многубројни престижни насловни страници и модни писти, сè уште се нејзин заштитен знак.
View this post on Instagram
„Денес полнам 55 години, толку сум среќна што го славам мојот роденден радосна и здрава🎉!“, напиша Клаудија Шифер покрај објавата.
фото: принтскрин