Соопштенија
Павле Трајанов: За тешките кривични дела од организираниот криминал да нема застареност

Демократскиот сојуз го поддржува Планот за борба против корупцијата и инсистира да се изградат инструменти за негова имплементација, како и надградување на истиот.
Во оваа насока Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, го предлага следното:
Прво, да се донесе закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција.
Во законот да се предвиди да нема застареност за тешки кривични дела од организиран криминал и висока корупција доколку делата се поврзани со злоупотреба на власта.
Натаму, задолжително да се конфискува капиталот стекнат на криминален начин и да се изрекува заштитна мерка забрана на политичко дејствување од најмалку 10 години.
Со законот да се предвиди формирање на Агенција за борба против организиран криминал, со надлежности да работи на откривање и спречување на тешки облици на криминал и висока корупција, да го открива (детектира) скриениот имот на носителите на високи државни и политички функции, како и други лица инволвирани во тежок криминал, да ги координира активностите на сите институции надлежни за откривање и спречување на тешки облици на криминал (МВР, АНБ, АР, ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ, УЈП и др.), да постапува по барања на ДКСК итн.
Агенцијата треба да има законска обврска, оперативно да истражува и спречува злоупотреби при јавните набавки со вредност од над 300.000 евра.
Директорот да го бира Борд од 15 експерти, универзитетски професори, претставници од невладиниот сектор, медиумите и Парламентот, со мандат од седум години.
Вработените да имаат посебни права и овластувања, да се експерти и со силен интегритет и добро платени.
Во Агенцијата да се вработат не повеќе од 40 експерти, а за тој број да се намалат работни места во другите институции и финансиски средства.
Второ, поради целосна департизација и деполитизација на администрацијата, да се забрани членство во партии на вработените во МВР и другите безбедносни институции и други институции кои работат на сузбивање на криминалот.
Вработувањето во државната и јавната администрација да се одвива врз основа на јасни цврсти критериуми, при што да се предвиди кривична одговорност, казна од најмалку три години затвор за секој што ќе ја злоупотреби власта при вработување.
Инаку, од Демократскиот сојуз порачуваат дека имаат подготвено Проект за декриминализација „ДЕКРИ“ со кој се предвидува заокружен и ефикасен систем за борба против организираниот криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – ПОЦ и вредните хигиеничари денеска спроведоа акција за чистење на депонијата кај полигонот на Кале.
Во изјава за медиумите, Герасимовски потенцираше дека изминатите четири години го сработуваат и она што Град Скопје не го работи.
„Денеска се чисти просторот под Кале, добро познатиот полигон, каде што се сочуваме со огромна депонија. Нема да дозволиме центарци да се гушат во смет. Заедно со нашите тимови на луѓе, заедно со хигиеничарите, заедно со сите вработени сме постојано на терен, дури и во ноќните часови. Изнајмивме дополнителна механизација за цело ѓубре што се прелева на улиците и на одредени депонии биде отстрането од наша страна“, вели Герасимовски.
Тој, истакна дека по завршувањето на чистењето на депонијата во населбата Крњево, викендов хигиеничарите продолжиле со чистење и целосно отстранување на опожарените бараки во кои беше сместен поранешниот Суд за прекршоци, кај салата „Партизан“ во Градскиот парк.
„Нашите служби, заедно со мене, заедно со директорот на ПОЦ Душко Коцевски ќе бидеме постојано на терен за да ја подигнеме хигиената на што повисоко ниво“, потенцираше Герасимовски.
Во чистењето на депонијата кај Кале, вклучена беше целата механизација со хигиеничарите, според соопштеното.
Соопштенија
ЗНАМ: Вложуваме во повеќе паркови и зеленило, инвестираме во здрава иднина на граѓаните

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, денеска ги претстави приоритетите од изборната програма за идниот мандат во Куманово посветени на подобрувањето на животната средина со повеќе паркови и зеленило.
„Зелените површини и парковите се белите дробови на градот. Тие обезбедуваат чист воздух, создаваат простор за одмор, дружење и рекреација, а истовремено ја зголемуваат убавината и квалитетот на урбаното живеење. Вложувањето во паркови и зелени површини значи инвестиција во здравјето на граѓаните, подобра животна средина и одржлива иднина за сите“ изјави кандидатот за советник од редовите на Движењето ЗНАМ Душан Крстиќ.
Тој нагласи дека Општина Куманово целосно ги реконструираше двата најголеми паркови – Соколанскиот Градскиот парк, исклучително важни локации што го разубавуваат градот и се одлично место за рекреација на граѓаните. А, за идниот период најавуваат уште позасилено темпо на работа и повеќе десетици проекти. Меѓу кои:
· Изработка на стратегија за урбано зеленило и делување според акцискиот план.
· Урбан сквер со зелена површина или мини парк во секоја локална заедница.
· Воспоставување катастар на зеленило.
· Заштита на сите неизградени, а планирани зелени површини во опфат на Генералниот урбанистички план и нивна реализација како уредено зеленило во паркови со урбана опрема.
Пет нови паркови:
· Изградба на нов парк на влез во с. Проевце;
· Изградба на урбан сквер „Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев;
· Нов парк на место на времените објекти на локалитет Табакана.
· Парк со урбан сквер и шеталиште до Спортската сала, спроти Градскиот кеј по должина на бул. „Октомвриска револуција“.
· Парк на улица „Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол.
· Збогатување на содржините на Спомен костурница со ново игралиште, нова урбана опрема, простор за пикник и рекреација.
· Изградба на урбани зелени скверови на локација Ловец, до поранешен хотел „Кристал“, на ул. „Гоце Делчев“, на завршеток на ул. „Илинденска“ со ул. „Доне Божинов“, на место на времени објекти помеѓу ул. „Трст“ и ул. „Доне Божинов“.
· Нови дрвореди на ул. „Ленинова“, ул. „Браќа Рибар“ (Нагорички сокак), бул. „Октомвриска револуција“, бул. „Трета МУБ“ и на други локации каде има услови.
· Уредување на сите водни текови согласно Студија за водни текови на територија на Општина Куманово.
· Уредување на просторот околу речните корита со зелени површини, трим патеки, урбана опрема и простор за рекреација.
· Промоција на позитивни примери на општествено одговорни граѓани, обезбедување грантови и кампањи за поттикнување на еко активизам.
· Пешачка патека во шумскиот предел на локација Студена вода со летниковци за одмор до с. Биљановце – погодна за развој на детско извидништво.
· Уредување на просторот меѓу ул. „Вараждинска“ и бул. „Октомвриска револуција“ со урбана опрема и зеленило.
· Уредување на државно неизградено земјиште меѓу блок згради на бул. „Октомвриска револуција“, како и во населба Гоце Делчев и Зелен Рид.
· Поставување на систем за наводнување „капка по капка“ на зелени површини долж бул. „Трета МУБ“, бул. „Октомвриска револуција“ и на други зелени површини.
· Поставување фонтани за пиење вода на повеќе локации.
· Поставување јавни тоалети во сите градски паркови и во центарот на градот.
„Куманово денес ја покажува својата посветеност кон поубава и поздрава животна средина. Секое засадено дрво е дел од нашата грижа за иднината, секој уреден парк е симбол на општината што мисли на своите граѓани.
Зелено Куманово не е само проект – тоа е наш заеднички дух, начин да покажеме дека се грижиме за градот и идните генерации. Со повеќе паркови, повеќе дрвја и чист воздух, Куманово станува град по мерка на човекот – модерен зелен дом за сите нас“.
Соопштенија
Бајовски: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира

Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, е пораката од вчерашниот митинг на ВМРО – ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник, Зоран Бајовски во Чучер Сандево.
На митингот присуствуваа и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, потпретседателот и министер за правда, Владо Мисајловски и низа партиски функционери.
Бајовски е кандидат кој се обврзува на транспарентност и мерливи резултати, сплотен со тим поддржан од партијата.
Пораката на митингот беше: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, чиста животна средина, поддршка за локалната економија и социјални политики кои ги штитат ранливите.