Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта воведе полициски час, а потоа ќе пушта невакцинирани попишувачи по домовите
Власта воведува полициски час и ограничува движење, а за само дваесеттина дена ќе пушти илјадници попишувачи да одат по домовите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев не го интересира ниту здравјето, ниту животот на луѓето. Заев го интересира само политичка корист, а во овој смисол остварување на политичкиот договор.
Организирање на попис во услови на разгорена пандемија ќе резултира со илјадници нови заразени и стотина мртви.
Заев пушта невакцинирани попишувачи и со тоа се заканува да го направи најголемиот корона-кластер до сега.
Попис сред пандемија е сигурен начин како цела држава да заболи од корона.
Несовесно и срамно е што Заев продолжува со намерите за организирање попис, не само покрај аргументите на стручната јавност и граѓаните, туку и по откажувањата на пописите во Бугарија, Србија, Хрватска, Ирска, Германија и други држави.
Сите овие држави имаат вакцинирано голем дел од населението, но сепак не сакаат никого да ставаат во животнозагрозувачка состојба.
Зоран Заев и Венко Филипче ќе одговараат за штетите коишто ги нанесуваат врз јавното здравје и животот на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

