Црна хроника
Струмичанец загина во тешка сообраќајка на патот до граничниот премин „Ново Село“

Во вечерните часови на 10 март во струмичката полиција било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-граничен премин „Ново Село“, во близина на селото Самоилово, се случила сообраќајна незгода меѓу три возила, во која едно лице го загубило животот.
Како што информираат од МВР, во сообраќајката учествувале автомобил „фолксваген голф“ со струмичка регистрација, управуван од 37-годишниот С.С. од Самоилово, автомобил „шкода фабија“ со струмичка регистрација, управуван од Т.К. (24) од селото Н.Коњарево и товарно моторно возило – влекач „мерцедес“ со полуприколка со турска регистрација, управуван од 42-годишниот турски државјанин М.К.
На местото на незгодата починал 37-годишниот С.С, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле и 24-годишникот и сопатничката во неговото возило А.Ј.(27), како и турскиот државјанин.
На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и екипа од струмичката полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип.
Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи.
Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според првичните информации станува збор за природна смрт.
Црна хроника
Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко.
За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето.
Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.