Забава
Алесандра Амброзио видно расположена по средбата со новиот партнер

Алесандра Амброзио е желна да разговора со пријателките за својата средба со новиот партнер Ричард Ли претходната вечер.
39-годишната манекенка беше фотографирана додека се упатува на час по пилатес во Лос Анџелес, облечена во сет за вежбање во боја на јоргован.
Бразилката секогаш е елегантна, дури кога оди на пилатес. На себе има бел стилски капут и голема торба „Хермес Биркин“ за да ѝ го собере приборот за тренинг.
По вежбањето имаше дружба со две пријателки.
Се чини дека ветеранката на „Викторијас сикрет“ продолжува по свој пат без партнерот Николо Оди, италијански бизнисмен и дизајнер со кого беше во врска нешто повеќе од две години. Претходната вечер таа излезе со моделот Ричард Ли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(ФОТО) Новата девојка на Ченинг Тејтум ја потврди врската на Инстаграм

Ченинг Тејтум и моделот Инка Вилијамс ја официјализираа својата врска на социјалните мрежи. За да го одбележи 45-тиот роденден на актерот, Вилијамс објави колаж од фотографии исполнети со заеднички моменти на својот Инстаграм профил.
На една од фотографиите, Тејтум ја бакнува 25-годишната Вилијамс, додека на друга, парот се гледа како се забавува, се дружи со кучиња и се релаксира на сонце.
„Среќен роденден на најзгодното, најљубезното, најсмешното, најглупавото, најпрекрасното човечко суштество на светот!!!“ напиша Вилијамс покрај објавата. „Ти благодарам што го правиш животот убав и забавен“, додаде таа.
Таа ја заврши објавата со реченицата „JTM trop fort“, што е француски сленг за „Те сакам толку многу“.
Забава
(Видео) Меган Маркл за проблемите со Хари: Расправиите почнаа по шест месеци

Меган Маркл се појави во поткастот на Џејми Керн Лима. Таа зборуваше за својот бренд „Како и секогаш“ и за нејзиното шоу „Со љубов, Меган“, но зборуваше и за бракот со принцот Хари.
Војвотката од Сасекс призна дека работите меѓу нив не биле секогаш идеални. „На почетокот беше одлично и имаше пеперутки во стомакот, но потоа многу бргу почнавме да се караме. Тоа се случи неочекувано, околу шест месеци по почетокот на врската“, рече таа.
Таа исто така рече дека работите се поинакви по седум години брак велејќи дека двајцата имаат малку простор за дишење.
„Можеме да уживаме еден во друг на нов начин, па затоа чувствувам како периодот на меден месец повторно да е тука за нас“, заклучи таа.
Меган неодамна објави фотографии на „Инстаграм“ од децата, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3), кои поминуваат време во дворот на нивниот луксузен дом во Калифорнија вреден 14 милиони долари. Фотографиите ги прикажуваат двете малечки како берат цвеќиња, кои Меган ги одгледува во градината, без притоа да им ги покаже лицата на децата.
Принцот Хари наводно не е премногу задоволен што Меган ги користи децата за промоција на нејзиниот нов бренд, „Како и секогаш“. Уредникот за кралското семејство на „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца на социјалните мрежи.
„Хари би сакал неговите деца да бидат подалеку од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во поткастот A Right Royal.
Забава
Илон Маск: За 5 години роботите ќе бидат подобри и од најдобрите хирурзи

Основачот на Tesla, SpaceX и Neuralink, Илон Маск, изјави дека роботите наскоро ќе ги надминат дури и најдобрите човечки хирурзи.
Маск го напиша ова на X како одговор на објавата на Марио Нафал, основач на IBC Group, инвестициска фирма која инвестира во блокчејн проекти и нови технологии.
„Роботите ќе ги надминат добрите хирурзи за неколку години, а најдобрите за околу пет“, напиша тој.
Нафал, познат како претприемач во областа на криптовалутите, технологијата и стартапите, ги коментираше резултатите од неодамнешните тестови на Medtronic, една од најголемите медицински компании во светот специјализирана за развој и производство на медицински помагала и технологија.
„Стапките на компликации беа екстремно ниски: само 3,7 проценти за операција на простата, 1,9 проценти за операција на бубрег и 17,9 проценти за операција на мочен меур, од кои сите ги надминаа безбедносните цели поставени во текот на повеќегодишните истражувања. Роботот постигна стапка на успех од 98,5 проценти, што е далеку над целта од 85 проценти, што значи дека не само што го помина тестот, туку практично постави нова цел“, додаде тој.
„Од 137 операции, само во два случаи беше потребно префрлање на класична хирургија, едниот поради дефект на роботот, а другиот поради комплициран случај на пациент. Ова не значи дека роботите ќе ги заменат хирурзите утре, но значи дека вашиот следен лекар би можел да има многу скап метален асистент“, заклучи тој.