Забава
Џенифер Анистон и Рис Витерспун снимаат нови епизоди на „Утринско шоу“

Тие се главни ривалки во „Утринско шоу“, популарна драмска серија во продукција на стриминг-сервисот Епл ТВ-плус
Актерскиот тим работеше со полна пареа во средата навечер во Лос Анџелес. Џенифер Анистон (52) и Рис Витерспун (44) беа спремни за снимање сцени за хит-серијата.
Џенифер уште од „Пријатели“ е миленичка на публиката, а Рис во меѓувреме ја стигна и во успесите и во популарноста.
И двете изгледаат професионално и елегантно во мантили на куса пауза од снимањето.
Дејството во серијата ја следи екипата на популарна утринска програма на чело со Мич Кеслер (Стив Карел), кој останува без работа по скандалот во кој се нашол. Водителката Алекс Леви (Џенифер Анистон) се обидува да продолжи без него, но наидува на нетрпеливост од страна на шефот. Тогаш во игра влегува и репортерката Бредли Џексон (Рис Витерспун), која се обидува да ѝ го украде работното место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Романтичниот додаток за коса е хит ова лето, а се враќа од 70-тите

Се чини дека со порастот на популарноста на „бохо шик“ естетиката, беше само прашање на време кога ќе почнеме да гледаме имагинативни капи што одговараат на овој стил. Сепак, овој пат не станува збор за тесните хипи ленти за глава што девојките во 2000-тите ги носеа преку челото, туку за малку повпечатлив тренд кој исто така се однесува на седумдесеттите години – „crochet“ капи.
Во 1970-тите, бохо стилот го достигна својот врв, а техниките на рачна изработка како што е плетењето или хеклањето станаа исклучително популарни во западната култура.
„Плетените“ парчиња на тој начин станаа симбол на одвојување од масовното производство, но и средство за изразување на автентичност и креативност.
Хекланите фустани, елеци и модни додатоци беа исклучително пожелни, и наскоро модните дизајнери почнаа во нивната работа да воведуваат елементи што претходно ги носеа главно членовите на субкултурите.
Затоа плетените парчиња совршено се вклопуваат во летните трендови оваа година, а мрежестите капи станаа омилен избор на модните трендсетери.
Од трендовски градски комбинации до опуштени и комбинации за на плажа, плетените додатоци за коса се сигурен избор кој дефинитивно нема да остане незабележан.
Оваа година ги гледаме во различни бои и форми, а признаваме дека е особено тешко да се одолее на моделите украсени со шармантни детали како школки или зашиени светки.
Забава
(Фото) Светскиот заводник е ѕвездата на Кан

Популарниот шведски актер Александар Скарсгард е една од многуте познати личности кои прошетаа по црвениот тепих на 78-от Кански филмски фестивал, а неговото модно издание привлече неверојатно внимание.
Навикнати сме жените да привлекуваат внимание во внимателно одбрани креации и гламурозни изданија специјално создадени за оваа пригода, сепак, се чини дека можеме да очекуваме модни откритија и од мажите.
Александар носеше високи кожни чизми со одело, вратоврска и бела кошула, а беше стилизиран во духот на неговата улога во филмот „Pillion“.
И не е ни чудо што собраните фоторепортери се обидоа да го фотографираат од секој можен агол…
Појавувањето на овој актер на црвениот тепих во Кан дојде по 14 години, бидејќи последен пат присуствуваше на фестивалот во 2011 година.
Забава
Трите најмудри хороскопски знаци: другите секогаш бараат совет од нив

Мудроста доаѓа не само со возраста, туку и со способноста да набљудуваме, анализираме и длабоко да го разбираме светот околу нас.
Во астрологијата, постојат знаци кои се издвојуваат токму по нивната способност да видат работи што другите ги пропуштаат, да донесуваат рационални одлуки и честопати да даваат совети „како од книга“.
Ви ги претставуваме трите хороскопски знаци кои се сметаат за најмудри – и причините зошто се перцепирани на тој начин.
1. Водолија
Водолија е знак кој секогаш гледа кон иднината. Нивните умови работат брзо, но внимателно – тие се способни да ги поврзат општествените феномени, научните факти и емоционалните процеси во поголема слика.
Мудроста на Водолијата доаѓа од независно размислување и интелектуална љубопитност. Тие често имаат идеи пред своето време и токму затоа се издвојуваат како визионери на зодијакот.
2. Девица
Девиците се перфекционисти со причина – нивниот аналитички ум и око за детали ги прават неверојатно мудри. Тие не скокаат при првата можност, туку внимателно набљудуваат и оценуваат сè.
Мудроста на Девиците лежи во нивната способност рационално да ја гледаат секоја ситуација, да ги предвидат можните исходи и да даваат совети засновани на реални факти, а не на емоции.
3. Шкорпија
Шкорпиите се познати по својата интензивност, но под површината лежи неверојатна мудрост. Тие имаат силна интуиција и длабоко разбирање на човечката природа. Шкорпиите не донесуваат лесно заклучоци – тие набљудуваат, слушаат и го чувствуваат она што не е кажано.
Нивната мудрост произлегува од личната трансформација и способноста да се пронајде вистината дури и во најтемните ситуации.