Економија
За програми и мерки за вработување издвоени се 24,5 милиони евра

За активни програми и мерки за вработување издвоени се 24,5 милиони евра за опфат на 10.279 граѓани, информираа на прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакјан.
„Со вкупен буџет од околу 24,5 милиони евра, овогодишниот Оперативен план ќе го зајакне и поддржи пазарот на трудот во земјава за надминување на последиците од ковид-кризата“, истакна заменик-претседателот Битиќи.
Тој посочи дека важно при имплементацијата на овогодишниот Оперативен план е тоа што тој ќе биде поддршка на оние кои ги изгубија своите работни места во кризата, нивното враќање на пазарот на трудот е инклузивно и поттикнува рамномерен регионален развој.
„Целта на овие принципи е да се постигне рамномерна поддршка со Оперативниот план, која нема да биде селективна и која ќе ги опфаќа сите категории граѓани. Владата ги креира економските мерки за спас на секое работно место, но никој нема да биде оставен сам. Оние кои во оваа криза ги изгубија своите работни места ќе бидат опфатени со овој Оперативен план, но и не само тој. Во моментов здравјето на граѓаните е приоритет, се останато ќе надоместиме заедно“, истакна Битиќи.
„Целта на Оперативниот план е различни ранливи категории на невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја загубиле работата поради корона кризата, побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот“, потенцираше министерката Шахпаска.
Таа посочи дека во соработка со Агенцијата за вработување годинешниот Оперативен план е креиран во согласност со потребите на невработените лица и на претприемачите, со единствена цел да се обезбеди поголема вработливост и намалување на невработеноста, како и вадење на граѓаните од социјален ризик.
„Преку мерката ‘Економија на грижа’, односно Обука и вработување на лица за услуги на грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест, обезбедуваме обука за невработени лица за стекнување стручни квалификации и вештини. Во наредните 10 месеци тие ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост и за лицата со хронични болести и за тоа ќе добиваат месечен надоместок од 30.780 денари. Со оваа мерка се опфатени 150 лица“, посочи Шахпаска.
„Програмата за развој на Обединетите нации оваа година ќе се вклучи во реализацијата на Оперативниот план со сет нови иновативни мерки фокусирани на економијата на грижа при што на најранливите категории невработени лица ќе им се понудат механизми за активирање на пазарот на трудот. Екомонското зајакнување на жените е важна област во работењето на УНДП, и токму затоа овие активности ќе опфатат нови начини за зајакнување на позицијата на жената на пазарот на трудот. Во исто време ќе се понудат подобри социјални услови за најранливите, а од друга страна ќе се отворат нови работни места за жени кои претходно биле оптоварени со неплатена работа“, истакна Нарине Сахакјан, постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации во државата.
Директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири, истакна дека Агенцијата за вработување во целост е подготвена за имплементацијата на Оперативниот план за вработување за 2021 година кој содржи програми и мерки кои ќе обезбедат создавање и поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица.
„Почнувајќи од денес невработените лица и работодавачите ќе може да аплицираат за програмите и мерките за вработување за кои утрово ги објавивме јавните огласи, односно за програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плати, програмата Практиканство, мерката Обука на работно место за познат работодавач и програмата Јавни Работи“, информираше Демири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
100.000 во твојот џеб за 15 минути! Сѐ што ти треба,на дофат на рака со Mint Visa Card

Во светот каде времето е сѐ поважно, Mint Visa картичката доаѓа како одговор на потребата за брз и едноставен пристап до финансии. Процесот на аплицирање е целосно дигитален и трае само неколку минути, по што одобрените средства се веднаш достапни на картичката. Ова ги елиминира долгите чекања и сложената документација, овозможувајќи им на корисниците да ги решат своите финансиски потреби веднаш.
Со Mint Visa од 100.000 денари преку Mint Credit, конечно имаш картичка што го следи твоето темпо – спремна за само 15 минути. Брзо. Безбедно. Секогаш достапно.
Mint Visa картичката ти стои на располагање 24/7. Аплицирај денес и добиј ја твојата Mint Visa.
• 100.000 денари достапни веднаш.
• Без депозити, без бескрајни формулари.
• Потполно онлајн преку One ID – каде и да си.
Зошто Mint Visa?
• Смарт шопинг – Плати безбедно на сите интернет продавници.
• Спонтано патување – Резервирај билети и хотели брзи и едноставно.
• Секојдневна сигурност – Подготвен си за сите непланирани трошоци.
• За 15 минути си спремен да купуваш – Онлајн, во продавници, каде и да си.
Заборави на комплицирани процедури и бесконечна документација. Со Mint Visa, добиваш пристап до 100.000 денари, точно тогаш кога ти се најпотребни – за што и да посакаш.
Без чекање. Без хартија. Без нервози. Само сигурен пристап до средства, токму кога ти требаат.
Добиј ја твојата Минт виза картичка во една од нашите филијали или преку Mint Credit платформата или јави се на 15 107 за повеќе информации.
ПР
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците не забораваат дека СДС им ветуваше златна жетва, а им донесе троскот во класата

СДС последни имаат право да зборуваат за земјоделството и субвенциите, бидејќи токму нивните погубни политики доведоа до хаос, неправда кон земјоделците и партизација во аграрниот сектор.
Во времето на СДС субвенциите не беа поддршка за земјоделците, туку алатка за политичка уцена и партиски рекет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Контрадикторно е, велат од партијхата на власт, СДС да глуми загриженост за земјоделците и да се фали со енормен буџет во 2023 година, кога токму тие оставија неисплатени субвенции кон земјоделците.
„Во времето на СДС субвенциите беа како лотарија, добиваше оној кој имаше партиска книшка или имаше близок во општината. Руралниот развој се сведуваше на развој на руралните џебови-нивни.
Земјоделците не забораваат. Знаат кој им ветуваше златна жетва, а им донесе коров во класата.
За разлика од погубната политика на СДС, по доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ, уште во септември беа обезбедени дополнителни 2 милијарди денари, токму за исплаќање на заостаните обврски за 2023 година за кои Љупчо Николовски тврди дека ги имале за земјоделците, кој воедно и молчи дека финансиската поддршка за земјоделците за 2024 година, проектирана од негова страна изнесуваше 5,9 милијарди денари.
На крајот на 2024 година, благодарение на оваа Влада, повторно се обезбедија дополнителни 1,4 милијарди денари со што финансиската поддршка за 2024 година изнесуваше 8,4 милијарди денари, што е највисока во изминатите неколку години.
Средствата за земјоделците не се скратени, изминатиот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се грижи за земјоделците“.
Лагатакако што додаваат, оди дотаму, што СДС пласира и невистини дека се намалуваат средствата за Програмата за рурален развој.
Со ребалансот на буџетот, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обезбедат 480 милиони денари и за Програмата за рурален развој.
Економија
Поголема вклученост на институциите за поддршка на економијата – Славески со Стопанската комора

Народната банка е доследна во одржувањето на макроекономската стабилност како најсоодветен амбиент за водење бизнис и создавање поволни услови за раст и развој на домашната економија. За таа цел, централната банка секогаш води соодветни политики, коишто гарантираат стабилни и предвидливи услови. Ова беше посочено на денешната работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, којашто се одржа во просториите на Комората, во присуство на членови на Управниот одбор на Комората и на претставници на медиумите.
Банкарскиот сектор е стабилен, со историски висока капитална адекватност, што претставува значаен потпорен столб за економската стабилност и за економијата во целина. Во интерес на унапредувањето на финансиската вклученост и за зголемена ефикасност на банкарските услуги, Народната банка веќе ги преземе првите активности за намалување на надоместоците кај одделни банкарски услуги. Активностите ќе се одвиваат и понатаму, со цел да се унапреди пристапот до финансиските услуги за граѓаните и за компаниите.
Во рамките на денешната работна средба беше истакнато дека девизните резерви се стабилни и се движат меѓу 4,6 и 4,7 милијарди евра. Тоа претставува соодветно ниво, со оглед на тоа што резервите покриваат околу 4,5 месеци од увозот на стоки и услуги, односно над светскиот стандард од 3 месеци. Управувањето со резервите се врши внимателно, согласно утврдените принципи на сигурност и ликвидност, со постојан надзор од стручните служби на Народната банка.
Средбата заврши со заедничка оцена дека е неопходна поголема вклученост на институциите за поддршка на економијата, преку редовен и отворен дијалог, како и носење економски политики што се насочени кон реалните предизвици на деловната заедница.