Македонија
(Видео) Кузеска: Има три причини поради кои ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за набавката на вакцините
Преку пласирање невистини и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и нивните курири свесно и намерно го поткопуваат процесот за набавка на вакцини, обвини денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, Мицкоски преку измислени конструкции се обидува да го деградира здравствениот систем.
„Во процесот на набавка на вакцините сè е законски и регуларно. Сметаме дека позадината на оваа нервоза во белиот дворец и параноично штанцање невистини се должи на три причини: серијата порази од граѓаните, внатрепартискиот судир во ВМРО-ДПМНЕ и правдата која е веќе тука“, нагласи партиската портпаролка.
Таа додаде и дека главен протагонист на овие, како што кажа, лажни вести за вакцините, покрај лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски е и Антонијо Милошоски, за кого вели дека е човек осуден и казнет во Германија за кривични дела.
„Нивните лаги, нивните деструктивни политики се провидни и беа казнети на изборите, а ќе бидат казнети и повторно“, порача Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

