Регион
Девет членки на ЕУ испратија писмо до Борел, бараат враќање на Западен Балкан на агендата

Девет членки на ЕУ го повикаа министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеп Борел, да одржи стратешка дискусија за земјите од Западен Балкан и нивните перспективи на состанокот на министрите за надворешни работи што ќе се одржи во април, се наведува во писмото, пренесува порталот „Еурактив“.
„Време е да се фрли стратешки поглед на Западен Балкан“, рекоа министрите за надворешни работи на Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија во писмото до министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеп Борел.
Министрите во писмото наведоа дека многу работи се сменија од последната дискусија за проширувањето на Советот за надворешни работи во август 2019 година“, предупредувајќи на геополитичките последици од пандемијата на коронавирус.
„Имаше динамичен внатрешен политички развој во земјите од регионот. Но, пандемијата ги влоши постојните трендови“, рекоа министрите, додавајќи дека други играчи се подготвени да се вклучат во регионалните прашања, често на штета на ЕУ.
Министрите за надворешни работи на деветте земји на ЕУ сметаат дека на Западен Балкан треба да се гледа не само во контекст на проширување туку и на надворешната политика на ЕУ и бараат од Борел да размисли како да одговори на тековните предизвици на теренот, но исто така и да бидат поактивни кога станува збор за ангажирање на други играчи на тоа поле.
Министрите објаснуваат дека ЕУ обезбедила огромна поддршка за земјите од регионот, но и дека другите играчи се поефикасни во промовирањето на сопствената помош, со што се поткопуваат сигурноста, кредибилитетот и перцепцијата на солидарноста на Европската Унија.
Затоа, тие сметаат дека Западен Балкан треба да се најде на агендата на следната седница на Советот за надворешни работи на ЕУ во април.
Според календарот на активности, состанокот на министрите за надворешни работи треба да се одржи на 19 април во Луксембург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Регион
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.