Регион
Бугарија ја прекина имунизацијата со вакцината „Астразенека“
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, нареди да се запре имунизацијата со вакцината „Астразенека“, додека Европската агенција за лекови преку писмена согласност ги отфрли сите сомнежите за нејзината безбедност.
„Додека не дојде во писмена форма точна и јасно потврдена дијагноза од Европската агенција за лекови дали може да се дава вакцината или не, ние ќе ја прекинеме“, рече Борисов.
Тој потсети дека договорите со производителите на вакцини се склучени од Европската комисија и одобрени од Европската агенција за лекови.
„Ние, земјите членки, сме само корисници“, рече Борисов.
Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, посочи дека доцна синоќа неколку земји ја запреле имунизацијата со вакцината Астразенека на нивните територии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Се насука траект со повеќе од 500 патници во Грција
Траект кој патувал меѓу грчкиот остров Крф и градот Игуменица, со 550 патници и 16 членови на екипажот, се насука денеска на северозападот на земјата, пренесуваат медиумите во регионот.
Траектот се насука ма четири наутички милји (седум километри) северозападно од Игуменица.
Крајбрежната стража и туристички брод се на терен, а на пат се и три реморкери и дополнителна поддршка, објави Катимерини.
Траектот „Агиа Теодора“ кој плови на релација Крф-Игуменица се насука во плитки води, но надлежните велат дека нема закана за безбедноста на патниците, според написите во медиумите.
Според последните информации во тој дел на Грција временските услови се мирни.
Регион
Жителите на Долна Јабланица најавија протести и блокада на патот: стравуваат од повторување на катастрофата
Жителите на Долна Јабланица, најпогодениот град во неодамнешните поплави и свлечишта во северниот дел на БиХ, најавија блокада на главниот пат М-17 што го поврзува Сараево со Мостар поради бавна реконструкција, нови закани од лизгање на земјиштето и итна помош за семејствата кои останаа без покрив над главата.
Советот на месната заедница по средбата побара итна средба на мештаните со градоначалникот на Јабланица и другите надлежни органи со цел да го изразат своето незадоволство и загриженост за актуелната состојба.
Во Долна Јабланица загинаа 18 лица, а десетици семејни куќи беа уништени на почетокот на октомври во воден порој пропратен со огромни количества камења, песок и кал.
Најголем дел од наносот дошол од дивиот каменолом лоциран на ридот над самата населба. Локалните жители сега стравуваат дека слична катастрофа може да се повтори. Најавија дека ќе ги преземат сите неопходни мерки за исполнување на нивните барања, а најавуваат и блокирање на главниот пат М-17 доколку не добијат одговори до среда.
Тие бараат одговор од локалните власти за оценката за безбедноста на каменоломот, односно дали е можно да се преместат преостанатите камења во каменоломот и како да се санира. Долгата листа на барања вклучува и забрзување на обезбедувањето станови за луѓето погодени од неодамнешната природна катастрофа.
Незадоволство изрази и локалниот верски поглавар, имамот Семир Јахиќ, кој ги критикуваше властите во Јабланица бидејќи тамошната џамија не била исчистена. Нему му одговори градоначалникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ, кој е член на СДП БиХ, а следната недела се кандидира за уште еден мандат на чело на општината. Тој изјави што направиле властите на Јабланица за санирање на последиците од поплавите и свлечиштата, а обвинувањата на имамот Јахиќ ги оцени како неточни измами.
Регион
Училиштата во Сараево веќе еден месец добиваат закани за бомби
Редовната настава во неколку средни училишта во реонот на Сараево денеска повторно мораше да биде прекината откога добија закани за бомби, со што се потврди дека претходната полициска истрага и многуте апсења на малолетници не го решиле овој проблем, кој интензивно трае веќе еден месец.
„Полицијата ги претресува училиштата, а за сѐ е информирано Обвинителството“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпаролка на полицијата на Сараевската жупанија.
Ова е веќе четврта недела во која во училиштата во Сараево пристигнуваат закани за поставени бомби, па според утврдените процедури, наставниот процес мора веднаш да се прекине и специјализирани полициски екипи да излезат на терен за да извршат увид. Сите извештаи досега се покажаа како лажни, но наставниот процес е загрозен, а повеќето училишта во такви ситуации прибегнуваат кон онлајн-моделот на настава, кој се практикуваше за време на пандемијата.
Заканите за бомби до училиштата најчесто доаѓаат преку е-пошта од лажни адреси или други онлајн-платформи, а полициските истражители со недели трагаат по испраќачите, кои тешко може да се пронајдат.
Сепак, досега успеале да идентификуваат и приведат 12 такви лица. Само еден од нив бил полнолетен и имал 18 години, а сите други биле малолетни.