Забава
Мишел Обама: Барак игра голф за да ме избегне
Поранешната прва дама на СAД призна дека едно нешто на својот сопруг, од кое би се ослободила, се неговите голф-палки бидејќи многу време поминувал во оваа игра.
„Досадни се! Тоа трае предолго! Зошто постои спорт во кој има 18 дупки? Тие го измислија тоа. Тоа е за оние што се обидуваат да ја избегнат својата сопруга“.
Мишел откри и кои бизарни работи ги зеде семејството од Белата куќа по завршувањето на двата мандата на сопругот Барак како претседател во 2017 година.
На прашањето што зела од Белата куќа, таа за шоуто „Елен Деџенерис“ изјави: Зедовме сè! Ја имаме оваа торба, велигденски јајца, бонбони White House М&Мs, јо-јо.

Во меѓувреме, Мишел – која ги има Саша (19) и Малија (22) со Барак и со кого стапи во брак во 1992 година – претходно се отвори за подемите и падовите на мајчинството.
„Мајчинството ме научи дека во најголем дел од времето мојата работа е да им дадам простор да истражуваат и да се развиваат во луѓе какви што сакаат да бидат. Не она што сакам да бидат во тоа возраст, но кои се тие длабоко во себе“.
„Мајчинството исто така ме научи дека мојата работа не е да бидам булдожер на патот во обид да ги елиминирам сите можни неволји. Наместо тоа, треба да бидам безбедно место за да слетаат кога ќе имаат проблем и да им покажам дека не се сами“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

