Контакт

Економија

Новиот модел „308“ – новото лице на Peugeot

Објавено пред

Најголемиот успех во сегментот на компактни лимузини, со повеќе од 7.000.000 продадени возила низ генерации, освојувајќи долга листа на награди, вклучувајќи ја и наградата за автомобил на годината во 2014 година, со сегашната верзија, брендот PEUGEOT гордо го претставува сосема новиот PEUGEOT 308.

dobivaj vesti na viber

Интензивно заводливиот дизајн на новиот PEUGEOT 308, најдобар во гамата, го носи новото лого на Брендот. Целокупната оптимизација на архитектурата го подобрува внатрешниот простор, потврдувајќи ја неговата динамика и идентитет.

Во однос на технологијата, новиот PEUGEOT 308 нуди најнова генерација на системи за помош при возење, новиот PEUGEOT i-Cockpit® и вклучува i-Connect® Advanced, инфо-забавен систем кој е интуитивен, поврзан и модерен.

Ефикасен и модел со високи перформанси до најситните аеродинамички детали, новиот PEUGEOT 308, доследен на моќта на изборот, нуди хибриден мотор на полнење и мотори со внатрешно согорување, бензин или дизел.

ИНТЕНЗИВНА ЗАВОДЛИВОСТ

Новиот PEUGEOT 308 e подготвен да освои повисоко место во својата класа. Тој ја менува формата на каросеријата, има проширеното меѓуоскино растојание од 55 mm ја продолжува силуетата и овозможува повеќе простор за задните патници. Намалувањето на висината од 20 mm визуелно го издолжува предниот дел на возилото.

Новиот PEUGEOT 308 ја оствари својата цел за аеродинамична ефикасност, со тоа што го насочи својот фокус не само кон екстериерот туку и кон ентериерот, добивајќи ја посакуваната архитектонска оптимизација и “Body-pressing” перформанси, формирајќи ја совршената структура. Ова е особено видливо во изразените контури на крилата.

На страните, едноставното и впечатливо крило го покажува својот моќен карактер со двeте остри квадратни форми надвиснати над предните и задните тркала. Дизајнот на страничниот медалјон се потпира на историјата на идентитетот на брендот (PEUGEOT 205, 208, 308 …), но истовремено ја истакнува виталноста на силуетата.

Задниот дел, со стратешки аеродинамички перформанси, е дизајниран врз основа на оптималните точки за силуета на лимузина. Според тоа, карактеристичните стилски линии се засновани на оваа оптимална аеродинамичка изведба, како и линијата која изчезнува во горниот дел од покривот, за која беше потребен долг спојлер што е карактеристичен за стилот на новиот PEUGEOT 308.

Новиот PEUGEOT 308 е цврсто вкоренет во DNK НА PEUGEOT, сензуален и остар, тој е дел од полуксузен и подинамичен свет на префинетост.

Новиот PEUGEOT 308 гордо го носи новото лого на брендот и предната решетка целосно е посветена на него. Поставеноста на логото, дополнително е истакната со линиите на решетката, кои што постепено се приближуваат кон него.
Дизајн и технолошка еволуција, радарот за помош при возење „исчезнува“зад логото правејќи го логото „централно парче“ на решетката. За поголема динамичност и префинет изглед, регистарската таблица е репозиционирана во долниот дел од предницата.

Предните светла користат LED технологија од првото ниво на опременост. Сплотени и тенки, тие придонесуваат за динамиката и идентитетот на овој нов PEUGEOT 308. Тие продолжуваат со дневни светла во форма на кука на предниот браник. Овој светлосен потпис е совршено во согласност со сегашниот стил на PEUGEOT, препознатлив на прв поглед и дење и ноќе.

Во нивоа на опременост GT / GT Pack, Full LED предните светла се уште потенки и имаат PEUGEOT Matrix LED технологија, за поголема ефикасност и безбедност при секојдневна употреба.

Задните светла користат технологија Full LED, прикажувајќи го модерниот светлосен потпис во форма на 3 лавовски канџи – специфичен за брендот Peugeot.

Новиот PEUGEOT 308 ќе биде достапен во 7 нијанси:
• Olivine зелена
• Vertigo сина
• Elixir црвена
• Pearl бела
• Ice бела
• Artense сива
• Perla црна

Новиот PEUGEOT i-Cockpit® (TECHNO SPIRIT)

PEUGEOT i-Cockpit® е дел од DNK на брендот. Со секоја генерација се подобрува и модернизира. Со овој нов PEUGEOT 308, тој означува јасна промена во однос на ергономијата, квалитетот, дизајнот и технологијата со својот нов систем на инфо-забава, PEUGEOT i-Connect®. Новиот компактен управувач вклучува сензори кои можат да ја детектираат поставеноста на дланките на возачот на управувачот кога се користат новите помагала за возење.
Ергономски, со опција за греење, ги вклучува сите контроли:
• радио,
• медија,
• телефон,
• помош при возење.

Инструмент таблата, која се наоѓа на ниво на очите, има 10 инчен дигитален панел од нивото Active. Во GT, таблата е во 3 димензии. Целосно конфигурирана и прилагодлива, оваа дигитална инструмент табла има неколку режими на прикажување (поврзана со TomTom навигација, радио / медија, помош при возење, проток на енергија и тн.) кои можат да се менуваат директно од палката.

Изградбата на новата контролна табла на PEUGEOT 308 се базира на архитектурата „високи отвори“ каде отворите за воздух се поставени непосредно пред главата на патниците, во оптимална позиција за ефикасност и удобност на возачот и патникот.

Овој распоред гарантира дека стандардниот 10-инчен централен екран на допир, сместен малку пониско од дигиталната табла, е поблизу до раката на возачот и природно се вклопува во вкупниот волумен на контролната табла.
Почнувајќи од нивото на Allure, новиот PEUGEOT 308 вклучува целосно конфигурирани виртуелни i-toggles кои го заменуваат физичкиот преден панел за клима-уред. Поставени спроти централниот екран, како отворена книга, тие обезбедуваат уникатен изглед и високо ниво на технологија во сегментот.

Секоj i-toggle е копче на допир за брз пристап до функциите како клима-уред, телефонски контакт, радио станици, лансирање апликација … прилагодени според изборот на корисникот.

PEUGEOT i-Cockpit® во новиот PEUGEOT 308 сè уште го има принципот на централниот екран „ориентиран кон возачот“ кој ја оптимизира ергономијата на возењето, доволно само за патникот да не се чувствува изоставен. Истото важи и за централната конзола, која е тенденциозно отворена кон патникот. Ова беше една од целите при креирање на ентериерот, да се создаде рамнотежа во просторот помеѓу двајцата патници од првиот ред.

Дизајнот на централната конзола го одразува дизајнот за заштеда на простор на новата единица за климатизација. Неговиот дизајн, заедно ги става сите динамични контроли на дофат на возачот:
• нова компактна контрола за избор на степени на пренос (Reverse, Neutral, Drive) и 2 копчиња (паркинг и мануелно) на 8-степен автоматски менувач,
• избирач на стил на возење, за да изберете различни режими (Electric, Hybrid, Eco, Normal and Sport) во зависност од моторот.
Лакот на централната конзола се проширува во посебен простор за безжично полнење телефон. Остатокот од конзолата е целосно посветен на елементи за складирање и практичност:
• два држачи за чаши со голем дијаметар,
• два приклучока за USB C (полнење / податоци),
• многу простор за складирање, до 34 литри,
• потпирач за раце

И токму овие елементи, го прават новиот PEUGEOT 308 едно посебно освежување во сегментот.

Внатрешниот дизајн ја истакнува разновидноста и богатството на неговите материјали. LED амбиенталното осветлување (8 бои за избор) скриено зад централниот екран го осветлува главниот декор до панелите на вратите, во зависност од завршната обработка, може да биде пена, ткаенина, Аlcantra® или изработени од вистински вдлабнати алуминиумски делови.

(TECHNO SPIRIT), PEUGEOT i-Connect и i-Connect Advanced

Новиот инфо-забавен систем на сите им го дава најдоброто од паметните телефони и најдоброто од автомобилскиот свет, во зависност од нивните желби и потреби. Ергономски и во согласност со секојдневната употреба, секој возач (до 8 профили) може да ги дефинира и зачува своите параметри за приказ, атмосфера и поставување.

Функцијата за пресликување сега е безжична и можно е да поврзете два телефони истовремено со Bluetooth.

Централниот екран со висока резолуција од 10 инчи е целосно и лесно прилагодлив т.е. може да се прилагоди за поголема видливост со помош на „додатоци“ или кратенки, многу е лесен за употреба и реагира како таблет.

Лесно е да ги скенирате различните менија од лево кон десно, од горе кон долу за известувања или со притискање на 3 прста за да се појави списокот со апликации.

Можете лесно да се вратите на главната страна со притискање на копчето на допир “HOME”, исто како на паметен телефон.
На горниот дел од екранот, статичниот банер ги прикажува информациите за надворешната температура, клима-уредот, позицијата на страниците на графички контроли, податоците за поврзување, известувањата и времето.

PEUGEOT i-Connect Advanced овозможува комплетно технолошко искуство, со своите перформанси и ефикасната поврзана навигација TomTom. За оптимална читливост, мапата се прикажува низ целиот 10 инчен екран и се ажурира „воздушно“.

Командата „ОК PEUGEOT“, команда за гласовно препознавање, може да се употребува во секојдневниот живот за подобрување на безбедноста и лесно се користи, a обезбедува и пристап до сите барања што се однесуваат до инфо-забавните функции.

(TECHNO SPIRIT), ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ

Во внатрешноста на новиот 308, најновата генерација на ситеми за помош при возење ја комплетираат гамата на технологии на највисоко ниво како што се очекува од брендот:

Понатамошен чекор кон полуавтономно возење со пакетот Drive Assist 2.0 (достапен кон крајот на годината), кој вклучува адаптивен темпомат со Stop and Go функција (автоматски менувач EAT8) и помош за одржување лента, има и 3 нови функции:
• Полуавтономна промена на лентата, предлага да возачот го престигне возилото однапред, а потоа предлага да се движи назад, од 70 km/h на 180 km/h.
• Предвидена препорака за брзина, системот му предлага на возачот да ја прилагоди својата брзина (забрзување или забавување) според знаците за ограничување на брзината.
• Адаптација на брзината на свиок, ја оптимизира брзината според лакот на свиокот, до 180 кm / h.

Новиот PEUGEOT 308 доаѓа со нова опрема, достојна за повисоките сегменти, како стандард или како опција:
• Следење на слепи точки со долг домет (75 метри),
• Предупредување за возење наназад (при возење нанзад, предупредување за опасност во близина),
• Нова камера за возење наназад со висока резолуција од 180 ° со интегрирана млазница за чистење,
• Помош за паркирање од 360° со 4 камери (напред, назад и странично),
• Целосно загреано ветробранско стакло и загреан управувач,
• Итен повик+”итен повик со информации за бројот на патникот и локацијата, вклучувајќи го и правецот на возилото во лентата,
• Насочување на ретровизорите при вклучување на степен за возење наназад

Секако, новиот PEUGEOT 308 сè уште има комплетна понуда на опрема, во зависност од завршната обработка, за помош при возење, безбедност и удобност:
• Адаптивен темпомат со функција Stop and Go (автоматски менувач EAT8) со прилагодување на растојанието со возилото пред Вас,
• Адаптивен темпомат со функција од 30 km/h со мануелен менувач со прилагодување на растојание со возилото пред Вас,
• Автоматско сопирање во итни случаи (детектира пешаци и велосипедисти, дење и ноќе, од 7km/h до 140 km/h во зависност од верзијата) со предупредување во случај на судир,
• Активно предупредување за ненамерно напуштање на лента (или крај патот) со корекција на траекторијата,
• Предупредување за внимание на возачот, за да се открие будноста на возачот при долго време на возење и со брзина над 65 km / h со анализа на микро-движењата на управувачот,
• Автоматско вклучување на долги светла,
• Проширено препознавање на сообраќајните знаци (стоп, знак за едно насочна улица, без претекнување, крај на забрана за претекнување и сл.).
• Подвижен сончев покрив опремен со велум,
• Параметриски, волуметриски аларм и супер-заклучување
• Електрична паркирна сопирачка во сите верзии.

(PERFECT FIT) Природна ефикасност

Новиот PEUGEOT 308 е изграден на мулти-енергетската платформа EMP2 (Ефикасна модуларна платформа), што овозможува да се распореди целосна понуда на електрифицирани верзии на оваа силуета. Две хибридни верзии на полнење се достапни од самото лансирање.

Платформата е составена од нови структурни елементи за уште поголема ефикасност, безбедност, задоволство при возење и удобност.

Новиот PEUGEOT 308 ја менува својата форма за да се наметне во својот сегмент:
• должината е 4,36 m (+ 11 cm),
• ветробранското стакло е навалено и се движи наназад,
• меѓуоскиното растојание се зголемува за 55mm до 2.675m, обезбедувајќи повеќе простор за патниците во вториот ред.
• 20 mm пониска, висината сега е 1,44 m.

Волуменот на багажникот е 412 L со 28 L под подот во преградите. Со преклопени задни седишта, максимумот е 1323 L.

Новиот PEUGEOT 308 вклучува високо ниво на аеродинамика, со Cx 0,28 и SCx 0,62 m². Сите видливи и помалку видливи делови на каросеријата се стилски оптимизирани (браници, дефлектори, дифузер, столбови на каросеријата, ретровизори, екрани на подножјето и тн.). Во иста насока, дизајнот на тркалото обезбедува подобра аеродинамика и значително придонесува за перформансите.

Новите пневматици на PEUGEOT 308 опфаќаат големини од 16 до 18 инчи, во категориите А и А +, за ефикасност на тркалање, сè во согласност со барањата на брендот во однос на референтното однесување на патот.

Оваа нова платформа помага да се намали потрошувачката на гориво и се ограничуваат емисиите на CO₂ на новиот PEUGEOT 308.

За да се подобри удобноста при вибрации, цврстината на телото е оптимизирана со додавање на структурни елементи. Повеќе од кога било, задоволството при возење е во вените на овој нов PEUGEOT 308, со примерно држење на патот, супериорна удобност при возење, одлично задоволство при возење и совршено управување во градот со радиус на вртење помеѓу тркалата од 10,5 m.

(PERFECT FIT) Удобна и пријатна атмосфера

Дизајнот на седиштата на новиот PEUGEOT 308 прави да се чувствувате удобно и го истакнуа квалитетот на употребените материјали: еволутивна шарена ткаенина, техничка Мesh, Alcantra, врежана кожа и обоена Nappa кожа.
Верзиите GT доаѓаат со порабување во Adamite боја, кој исто така ги истакнува инстумент таблата, панелите на вратите и перничињата на конзолата.

Предните седишта добија AGR (Aktion für Gesunder Rücken) печат на одобрување како стандард или како опција, наградувајќи ја и ергономијата и опсегот на прилагодувања. Тие исто така можат да бидат опремени со 10-насочни електрични прилагодувања со две опции за заштеда.
И двете предни седишта можат да бидат опремени со функција за масажа со 8-точки и со неколку различни програми и греење на седиштата.

Во 2-иот редот, зголеменото меѓуоскино растојание (+ 55mm) директно ја подобрува удобноста, додека задните патници можат да уживаат во повеќе простор за колената. Поврзувањето е исто така одлично со, од нивото Allure, 2 USB C приклучоци (полнење и полнење / податоци) на задниот дел од централната конзола. Отворот во центарот на клупата (2 / 3-1 / 3) открива потпирач за раце опремен со два држачи за чаши и држач за телефон.

Технологијата ги подобрува различните застаклени елементи на новиот PEUGEOT 308:
– целосно загреано ветробранско стакло,
– зголемена дебелина на прозорецот напред и назад,
– акустични ламинирани странични стакла во 1-от ред во зависност од верзијата,
– внатрешен ретровизор без рамка од Allure нивото, вклучува LED светла во електрик сина боја на хибридните мотори, што однапред сигнализира дека возилото се вози со нула емисија на штетни гасови.

Клима-уредот има корист од комплетно новиот систем што го подобрува термичкиот комфор на патниците, додека патниците од 2-2-иот ред можат да уживаат во отворите за воздух на задниот дел од централната конзола.

Со цел подобрување на воздухот внатре, новиот PEUGEOT 308 е опремен со AQS (Систем за квалитет на воздухот) кој постојано го следи квалитетот на воздухот што влегува во возилото и е способен самостојно да активира рециклирање на воздухот. Бидете потполно спокојни, од нивото GT, со Clean Cabin, систем за прочистување на воздухот со филтрирање на загадувачки гасови и честички. Квалитетот на воздухот се прикажува на централниот екран на допир.

Развиена во партнерство со Focal, француска марка специјализирана за аудио, единствениот систем на нови PEUGEOT 308 FOCAL® Premium Hi-Fi е резултат на повеќе од 3 години заеднички дизајн.
FOCAL® Premium Hi-Fi системот е составен од 10 звучници со ексклузивни патентирани технологии:
• 4 ниско тонци
• 4 високо тонци
• 1 централен звучник
• 1 во багажникот
Тие се поврзани со нов 690 W 12-канален засилувач (засилена технологија од D класа) и завршени со дигитална обработка на звук ARKAMYS.

Екипите на Peugeot и Focal работеа заедно за да пронајдат прилагодени локации за секој звучник со цел да им понудат на сите патници сензационално звучно искуство.

Во внатрешноста, степенот на звук е стабилн и прецизен, гласовите се јасни и детални, а басот е длабок и масивен.

(PERFECT FIT) Мотори

Бидејќи тие се амблематски икони на моќта на изборот, толку драги на брендот, на новиот PEUGEOT 308 ќе бидат понудени 2 хибридни мотори на полнење:

• HYBRID 225 e-EAT8 / погон на 2 тркала / комбинација на PureTech мотор со 180 КС (132 kW) и електричен мотор со 81 kW со e-EAT8 менувач / од 26 g на C0₂ на km и до 59 km на 100% електричен опсег (според протоколот WLTP, во процес на одобрување),
• HYBRID 180 e-EAT8 / погон на 2 тркала / комбинација на PureTech мотор со 150 КС (110kW) и електричен мотор од 81 kW со e-EAT8 менувач / од 25 g на C0₂ на km и до 60 km на 100% електричен опсег (според протоколот WLTP, во процес на одобрување),
Литиум-јонската батерија има капацитет од 12,4 kWh, моќност од 102kW и достапни се два вида на полначи, кои ги исполнуваат сите потреби на клиентите и решенија за полнење, како стандарден еднофазен полнач од 3,7 kW и како опција 7,4 kW еднофазен полнач.
Проценето време на полнење е следново:
• од ѕидна кутија за полнење (32 A) 7,4 kW, целосно полнење за 1h55 со еднофазен (7,4 kW) вграден полнач,
• од засилен приклучок (16 A), целосно полнење за 3h50 со еднофазен вграден полнач (3,7 kW),
• од стандарден приклучок (8 A), целосно полнење за 7h05 со еднофазен (3,7 kW) вграден полнач.

Новиот PEUGEOT 308 е достапен со следниве мотори со внатрешно согорување, CO₂ од 117 g / km. Согласност со најновата регулатива €6, во моментов се одобрува според протоколот WLTP (Светски усогласени процедури за тестирање на лесни возила).

Бензиски, 3-цилиндрични мотори со 1.2L зафатнина:
• PureTech 110КС S&S BVM6,
• PureTech 130КС S&S BVM6,
• PureTech 130КС S&S EAT8.

Дизел, 4-цилиндрични мотори со 1.5L зафатнина:
• BlueHdi 130КС S&S BVM6,
• BlueHdi 130КС S&S EAT8,

Le TCO (Вкупна цена на чинење)

Целта е да се предложи TCO или еквивалентен трошок помеѓу возилото со внатрешно согорување и хибридно возило, вклучувајќи ги и сите трошоци освен обичен финансиски закуп, потребно е да се земат предвид следниве фактори:
• може полесно да се види капацитетот на батерија кога возилото ќе се препродава.
• сите финансиски стимулации (еколошки бонуси, премии, такси за регистрација, грантови за компании, ослободување од патарина, осигурување и даночни намалувања и сл.),
• трошок за одржување идентичен со дизел моторот (за 36 месеци и 90 000 km),
• пониски трошоци за надополнување во споредба со ковенционалните горива (до 12% помалку во споредба со дизел моторот за 36 месеци и 90.000 km).

PEUGEOT еко-систем

За да ги поддржи своите клиенти во енергетската транзиција, брендот PEUGEOT нуди низа услуги засновани на неколку столба.

PEUGEOT Easy-Charge или како да се олесни пристапот до различните решенија за полнење за нашите клиенти:

• низа решенија за полнење за дома или работно место, преку широк спектар на опрема (засилен приклучок, Wall Box, Smart Wall Box, итн.), дијагноза за проценка на електричната инсталација што треба да се обезбеди и најдобро решение за полнење, како и конечната инсталација преку наши препорачани партнери,
• понуда за полнење на јавни станици преку Free2Move, обезбедувајќи пристап до мрежа од повеќе од 220.000 терминали во Европа: избор на терминали според растојанието, брзината и цената на полнењето.
PEUGEOT Easy-care или како да ги увериме нашите клиенти за време на фазата на одлучување и да им дозволиме да уживаат во својот автомобил во потполен мир:
• нови симулатори и дигитални рути кои ќе помогнат да дознаете повеќе за електричната енергија на веб-страните на брендот PEUGEOT,
• адаптирани договори за услуги и помош на пат, кои можат да бидат вклучени во единствен пакет за финансирање за да можете да уживате во Вашето возило во потполен мир,
• батеријата има гаранција 8 години или 160 000 km за 70% од нејзиниот капацитет за полнење

Од апликацијата за паметни телефони MyPeugeot® или од централниот екран, сега можете да:

• Стартувате или програмирате предвемено постигнување на саканата температура во возилото, повеќе од само удобност, кога возилото е вклучено во оваа функција, му овозможува на корисникот да го оптимизира опсегот (побрзо приближување до поставената точка на температурата за време на почетните фази) и да ја достигне оптималната работна температура на батеријата побрзо.
• Проверете, закажете, започнете или одложете полнење на батеријата.

PEUGEOT ја потврдува својата личност и карактер со своето ново лого, новиот PEUGEOT 308 е првото возило во гамата што гордо го претставува новото лого и воедно Новиот идентитет на Брендот.

Безвременски, комбинирајќи го француското знаење и обичаи, брендот врти нова страница во својата историја составена од сегашното искуство и тековните трендови и глобалното искуство на квалитет. Целта е да се понуди на своите сегашни и идни клиенти бренд што ги исполнува нивните барања.

Новиот PEUGEOT 308 ќе се пласира во Европа во втората половина на 2021 година и ќе се произведува во Франција во фабриката во Мулхаус.

(ПР текст)

Економија

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Алкалоид“ при официјалната посета на владина делегација на компанијата

Објавено пред

ГЛАВНАТА ЦЕЛ НА МИКРОБИОЛОШКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ, НАЈНОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА НА „АЛКАЛОИД“ АД ВРЕДНА 3,1 МИЛИОНИ ЕВРА, Е ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НАЈВИСОКО НИВО НА КОНТРОЛА НА МИКРОБИОЛОШКИОТ КВАЛИТЕТ НА СУРОВИНИТЕ, ПРИМАРНАТА АМБАЛАЖА, ПОЛУПРОИЗВОДИТЕ И НА ГОТОВИТЕ ПРОИЗВОДИ.

dobivaj vesti na viber

На простор од близу 700 м2 се спроведуваат активности како што се мониторинг на просториите и површините, мониторинг на системите за производство и дистрибуција на прочистена фармацевтска вода, мониторинг на компримираниот воздух, верификација на чистењето на процесната опрема, тестови за стерилност, идентификација на микроорганизми, тестирање на антимикробната ефикасност, потврда за ефикасноста на дезинфициенсите, како и други анализи, во согласност со регулаторните барања.

 

Оваа најнова инвестиција на „Алкалоид“ беше пуштена во употреба при официјалната посета на владина делегација на компанијата, предводена од Претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, придружуван од д-р Азир Алиу, Министер за здравство, и од г. Сашо Клековски, Директор на Фондот за здравствено осигурување.

„Со Микробиолошката лабораторија за контрола на квалитет Македонија се позиционира како регионален лидер не само во фармацевтската микробиологија, туку и во целокупната контрола на лекови. Проектот е целосно финансиран и реализиран од ’Алкалоид’ АД, со сопствени ресурси, интерна експертиза и со инвестиција од околу 3,1 милиони евра реализирана во период од речиси две години, што е јасна потврда за визијата, знаењето и за долгорочната посветеност на компанијата на врвниот квалитет“, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

„За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска во ’Алкалоид’ видовме работи кои ги гледаме во најсовремените светски фармацевтски индустрии. Горди сме што се македонски. Благодарност до Генералниот директор и до сите вработени кои денеска стручно ни објаснија со што сè се занимава оваа компанија и можам со задоволство да констатирам дека над 3000 вработени ја градат својата иднина во ’Алкалоид’. Извозното портфолио на компанијата, кое е повеќе од две третини од производството, позитивно влијае во насока на економската состојба на државата и зголемувањето на БДП и на индустриското производство, па затоа ние како Влада секогаш ќе поддржуваме успешни македонски приказни бидејќи нема подобра промоција за државата од ваква успешна приказна надвор од границите“, изјави Претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски.

Новата Микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје има капацитет да изведува околу 20.000 различни микробиолошки анализи годишно, a во неа работи 21 високостручно лице. Одделот за контрола на квалитет носи стратешка одговорност за усогласеност со меѓународните регулаторни стандарди во фармацијата, а со него раководи д-р Ѓорѓи Петрушевски, доктор по хемиски науки со значаен научен придонес (33 објавени научни трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание и повеќе од 500 цитати) и со експертиза на полето на фармацевтската хемија и фармацевтските системи за квалитет.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) потпишаа меморандум за соработка и јакнење на институционалните капацитети

Објавено пред

Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија – СЕKО (SECO) потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за соработка во периодот 2025 ‒ 2028 година. Меморандумот го потпишаа гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер.

dobivaj vesti na viber

Соработката опфаќа обезбедување техничка помош и размена на знаење заради унапредување на истражувачката активност, модернизација на алатките неопходни за водење монетарна политика, зајакнување на стабилноста на финансискиот сектор, како и за понатамошно јакнење на институционалните капацитети на Народната банка.

„Воспоставената соработка претставува значаен поттик за натамошно зајакнување на капацитетите на Народната банка во повеќе важни области на работењето и потврда на долгогодишното партнерство меѓу нашата земја и Швајцарија“, истакна гувернерот Славески нагласувајќи ја улогата на централната банка во обезбедувањето макроекономска стабилност и поддршката на одржливиот економски развој.

„Швајцарија е посветен партнер за развој на Северна Македонија повеќе од 30 години. Преку овој меморандум за соработка, ја потврдуваме нашата поддршка за економските институции и реформите во земјата, како и за силна, независна и кредибилна централна банка којашто ги применува меѓународните и европските стандарди. Швајцарија го почитува ова партнерство и е посветена на унапредување на макроекономската стабилност и на одржливиот економски развој“, истакна амбасадорот Зомер.

Во рамките на Програмата, активностите се насочени кон унапредување на спроведувањето на монетарната политика, промовирање стабилен и сеопфатен финансиски сектор, зајакнување на отпорноста, одржливоста и ефикасноста во работењето. Поддршката опфаќа анализа и спроведување на монетарната политика, макроекономски податоци и статистика, истражувања, финансиска стабилност и вклученост, развивање нови дигитални решенија за модернизација на платежната инфраструктура преку подобрување на пристапот до платежните услуги, еколошката одржливост, управувањето со ризиците, како и управувањето со човечките ресурси и меѓународната соработка.

Соработката се остварува во рамките на Програмата за билатерална помош и градење капацитети за централните банки (Bilateral Assistance and Capacity Development for Central Banks – BCC), финансирана од СЕКО и спроведена од Женевскиот институт за меѓународни и развојни студии. Програмата има за цел да ги зајакне капацитетите на централните банки во земјите во развој преку унапредување на нивната аналитичка и техничка експертиза за водење ефикасна монетарна политика и одржување стабилен финансиски систем. Со потпишувањето на Меморандумот, Народната банка ќе биде дел од оваа мрежа на институции коишто преку оваа програма инвестираат во знаење и напредок.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска пред Енергетската заедница: Македонија ја забрзува интеграцијата во европскиот енергетски пазар

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на состанок на Енергетската заедница, каде што ја презентираше реалната и мерлива динамика на напредокот на Северна Македонија во усогласувањето со европското енергетско и климатско законодавство и во јакнењето на регионалната енергетска интеграција.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, министерката истакна дека изминатата година била обележана со предизвици, но и со конкретни институционални резултати, пред сè во делот на законодавните реформи и стратешките инфраструктурни чекори.

Како клучна пресвртница, Божиновска го нагласи усвојувањето на новиот Закон за енергетика, со кој во голема мера е транспониран Пакетот за интеграција на електричната енергија. Според неа, Законот создава јасна правна основа за активна интеграција на националниот електроенергетски и гасен систем во регионалниот и во внатрешниот пазар на Европската Унија и претставува најзначајниот чекор кон идното спојување на македонскиот пазар со европскиот пазар на електрична енергија.

„Со овој закон се редефинираат улогите, обврските и одговорностите на институциите, операторите на преносните системи и пазарните оператори – не само во имплементацијата, туку и во активното учество во креирањето на заедничките правила за регионалните енергетски пазари“, беше истакнато во обраќањето.

Дополнително, министерката информираше дека во 2025 година е усвоен и Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, со кој се отстрануваат регулаторните и нерегулаторните бариери за реализација на проекти за енергетска ефикасност, се зајакнува соработката меѓу сите чинители, се поттикнува користењето обновливи извори на енергија кај крајните корисници и се овозможува поефикасно користење на финансиски механизми и стимулации.

Во делот на стратешкото планирање, Божиновска информираше дека Ревидираниот Национален енергетски и климатски план (НЕКП) за периодот 2025–2030 се наоѓа во финална фаза пред усвојување. Јавната консултација со сите релевантни засегнати страни, вклучително и со Енергетската заедница, е завршена, а усвојувањето се очекува во најкраток можен рок.

Посебно беше истакнат и пристапот на МЕПСО кон Заедничката канцеларија за алокација (JAO) – заедничката европска платформа за аукција на прекугранични преносни капацитети, што, како што кажа Божиновска, претставува стратешки исчекор за националниот електроенергетски систем и практична интеграција во најголемата и најтранспарентна европска платформа од овој тип.

Во таа насока, министерката најави дека МЕПСО има намера да номинира еден преносен инфраструктурен проект во рамки на процесот за избор на Проекти од интерес на Енергетската заедница / Проекти од заемен интерес (PECI/PMI) во циклусот за 2026 година, како дел од заложбите за јакнење на регионалната поврзаност и усогласување со европските плански рамки.

На крајот, Божиновска подвлече дека државата паралелно работи на критични инвестиции во регионалните електроенергетски и гасни интерконекции, со цел зголемување на енергетската безбедност, вклучително и проектот за гасен интерконектор со Грција и продолжување на разговорите со Србија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија16 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија16 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија17 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија17 часа

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија17 часа

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија18 часа

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија18 часа

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија19 часа

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија20 часа

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет20 часа

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет20 часа

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет21 час

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет22 часа

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа22 часа

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет1 ден

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион1 ден

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа1 ден

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет1 ден

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија1 ден

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...