Македонија
На 31 март истекува рокот за парична помош за новороденчиња во општина Аеродром

Општина Аеродром ги потсетува семејствата што добиле принова минатата година дека рокот за доделување еднократна парична помош за новороденчето истекува на 31 март 2021 година.
Општина Аеродром од оваа година исплаќа по 8.000 денари за секое новороденче.
Потребни документи за аплицирање: фотокопија од извод од Матичната книга на родените (за новороденчето); фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во општина Аеродром; фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник), од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа; фотокопија од решение за посвојување/адаптација (за семејства што посвоиле дете) и барање за доделување еднократна парична помош, кое може да се добие во архивата на Општината или да се преземе од веб-страницата на Општина Аеродром на следниот линк: http://www.aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)