Македонија
Успешно завршена првата акција за помош на малата Елеонора
За една недела се собраа средствата за првиот третман на малата Елеонора Тодоровска, која треба да се лекува во Турција од ретката болест леукодистрофија. Семејството успеа со донациска помош преку телефонските линии на Телеком и А1 да собере средства за третманот кој чини 17.400 евра.
За ова, тие изразуваат особена благодарност до секој еден кој и со најмал придонес помогнал и се приклучил во борбата на Елеонора, која повторно и се спротивставува на болеста поради која две години минува низ болничките ходници.
„Поради тоа што секој придонес е исклучителен и исто важен, неизмерно благодариме на сите донатори, медиумите, споделувачите на објавата низ социјалните мрежи, сите граѓани и фирмите кои се вклучија во акцијата. Без сите вас, оваа мисија немаше да биде успешна“, велат родителите на Елеонора.
Елеонора наскоро ќе замине на лекување во турската болница „LIV hospital“, што ќе беше невозможно без сите донатори. На почетокот, кога фотографиите на Елеонора се споделуваа по социјалните мрежи и медиумите, семејството било потиштено поради тоа што само не можело да помогне. Но сега, откако целта е остварена, нивната радост е неизмерна.
За потсетување, парите за лекување на Елеонора се собрани во важен период, кога болеста стагнира по последните третмани направи во Франција, што остава можност за подобрување на нејзината состојба. Докторите од турската болница уверуваат дека може да се стопира прогресијата на болеста, а таа да има подобар живот и детство, повторно сама да се храни и да биде дете како сите други, со надеж дека ќе застане и сама на нозе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.