Забава
Парис Хилтон на продолжена прослава за својот 40. роденден

Иако родендент ѝ беше речиси пред еден месец, Парис Хилтон реши да направи домашна забава во дворот со свршеникот Картер Реум и пријателите.
Парис помина доста интересна година имајќи ги предвид двата важни настана – документарниот филм и неодамнешната свршувачка со Картер.
Иконата на поп-културата, како што многумина ја нарекуваат, продолжи да ја слави годината бидејќи означува уште една важна пресвртница.
Таа славеше во средата со својот иден сопруг и блиските пријатели, кои организираа забава во дворот, комплетирана со торта „барби“, еден месец по вистинскиот роденден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Поранешниот сопруг на Софија Вергара ѝ предложи брак на девојката: „Луд е по неа, сака деца што е можно поскоро“

Актерот Џо Манганиело (48) се вери со својата девојка Кејтлин О’Конор (36), објави Дејли Меил. Иако имаше шпекулации за тоа, официјалната потврда пристигна дури сега.
Како што се испостави, двојката е верена четири месеци, но сè чувале во тајност.
Сега Џо решил да открие сè, па објавил заедничка фотографија под која го напишал датумот и оставил емотикон од веренички прстен.
„24 јуни 2025 година“, напиша актерот.
Манганиело и Кејтлин првпат се појавија во центарот на вниманието како потенцијален пар во 2023 година, само неколку месеци откако актерот се разведе од Софија Вергара.
Оттогаш се неразделни, а сега решиле да ја крунисаат својата љубов со брак.
Кејтлин е 18 години помлада од Софија, а го запознала Манганиело на забава.
Со оглед на тоа што Џо отсекогаш сакал деца, изворот вели дека основањето семејство е нивен приоритет, но тие исто така сакаат да се венчаат што е можно поскоро бидејќи се луди еден за друг.
фото: принтскрин
Забава
Најсилните и најопасните љубовни парови се комбинации од овие знаци

Во астрологијата, постојат комбинации кои се хранат едни со други со страст, интензитет и длабочина. Ваквите парови се привлекуваат едни кон други речиси магнетски, а нивната динамика не остава простор за рамнодушност. Тие или се еден за друг, или се повлекуваат кога тоа станува премногу.
Овие хороскопски комбинации често стануваат незаборавни и за двајцата партнери и за сите околу нив.
Шкорпија и Овен
Ова е комбинација од силна волја, натпреварувачка енергија и длабока страст. Шкорпијата носи емоционален интензитет, а Овенот носи огнена директност. Во љубовта, тие се борат за контрола, но исто така се заштитуваат едни со други како малкумина други. Ако не научат да слушаат и да ги почитуваат разликите, честопати се впуштаат во игри на моќ, но кога се на иста страна, тие се неразделни.
Лав и Стрелец
Лавот и Стрелецот сакаат да бидат во центарот на вниманието, но никогаш не го крадат сјајот еден на друг. Оваа врска зрачи оптимизам, авантура и голема емоционална топлина. Но, ако станат премногу преокупирани со себе, можат да го занемарат својот партнер. Во добри денови се инспирираат едни со други, во лоши денови се натпреваруваат. Но, секогаш има оган што гори меѓу нив.
Бик и Шкорпија
Оваа комбинација носи лојалност, но и силни емоции кои ретко се покажуваат отворено. Бикот обезбедува стабилност, а Шкорпијата длабока емоционална врска. Кога ќе дојде до криза, ниту еден од нив не попушта лесно. Нивните конфликти се ретки, но кога ќе се случат – траат долго. Кога се сакаат, тоа е љубов што трае со години, честопати цел живот.
Близнаци и Водолија
Нивната врска започнува со разговори што траат со часови. Близнаците и Водолијата се разбираат на ниво што другите тешко го достигнуваат. Комбинацијата од логика, хумор и љубопитност ги прави речиси неразделни. Но, бидејќи двата знака се стремат кон слобода, ако не научат да поставуваат граници и да ги почитуваат емоционалните потреби, можат да се оддалечат без поголеми расправии – и едноставно да „одлутаат“.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Џесика Симпсон ужива кога е во центарот на вниманието, негативните коментари воопшто не ѝ пречат

Пејачката Џесика Симпсон се појави на премиерата на серијата „All’s Fair“ и ги остави сите во сенка со своето модно издание.
Не е тајна дека Џесика ужива во провокациите, а неодамна откри дека конечно е подготвена за нова врска. Сепак, сето тоа е помалку важно кога ќе го погледнете нејзиното најново модно издание.
Можеби се обратила на Ким Кардашијан за инспирација, со оглед на тоа што и таа глуми во оваа серија, но севкупно, ова е нејзината најпровокативна комбинација досега.
Џесика позираше пред собраните фотографи во латекс фустан кој ја следи линијата на телото и има неверојатно длабоко деколте.
Бидејќи самиот фустан е вистински спектакл и не можете а да не го забележите, пејачката не експериментираше премногу, па затоа додаде само ефектни ѓердани на својата комбинација.
Црните сандали со ременчиња надополнија сè, а како и обично, Џесика не обрна внимание на негативните коментари.
Нејзиното лице беше тема на озборување и на нејзиното претходно појавување, при што многумина коментираа дека веројатно направила уште нешто на себе, но никогаш немаше официјална потврда за тоа. Познато е дека во минатото имала некои естетски операции, но ослабела и 40 килограми, што придонело за целата трансформација.
фото: принтскрин