Македонија
(Видео) Арсовски: МВР и ЈО молчат за претепувањето во Струмица – дали го штитат обезбедувањето на Заев?
МВР и ЈО молчат за претепувањето во Струмица, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој праша дали со тоа институциите го штитат обезбедувањето на Заев.
„Вчера во медиумите се појави сведоштво на претепаниот јавно се огласи на социјалните мрежи, кој јасно и гласно посочи дека бил нападнат од обезбедувањето на Зоран Заев. Како што вели жртвата од видеото, не само што бил брутално претепан од обезбедувањето на Зоран Заев, туку и потоа следел обид за прегазување со автомобил. Скандалозно е исто така, она кое и вчера го говоревме, иако полицијата се наоѓа на стотина метри од местото на инцидентот, според сведоштвото на претепаниот, полицајците биле избркани од обезбедувањето на Заев и не им било дозволено да постапат“, рече Аросвски.
Тој ги обвини МВР и Оливер Спасовски дека директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Наместо полицијата да воведува ред и мир во државата и да се грижи за безбедноста на граѓаните, се случува анархија на чело со луѓе блиски до Заев, која управува и дури со полицијата и кажува каде треба да постапи, рече Арсовски.
Опозицијата прашува: „Дали е повикан на разговор во МВР и ЈО обезбедувачот на Заев за кој посведочи и јавно го прозва претепаниот, бидејќи јасно потенцираше дека имало обид за убиство? Зошто Заев, МВР и ЈО молчат повеќе од два дена и се обидуваат да го заташкаат целиот случај? Дали ова брутално претепување е аминувано од Заев, бидејќи според сведоштвото на претепаниот неговото обезбедување го тепало? Дали на овој начин ќе се справува власта и Заев со граѓаните, ќе ги тепа по улици?“
Арсовски рече дека се додека неказнивоста е пракса, насилието ќе биде присутно на улиците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“
„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
„Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.
Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ. А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија. Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски.
Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој.
Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“.
На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.
Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата. Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

