Македонија
Заев реизбран за претседател на СДСМ
Зоран Заев е реизбран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на првите внатрепартиски избори.
„За“ Заев гласале 59.240 илјади членови на СДСМ, 865 гласале „против“, а 277 ливчиња се неважечки, беше истакнато на прес-конференција на Централната Изборна Комисија. Резултатите се добиени од пребројување на гласовите во 227 избирачки места, од вкупно 237.
Од комисијата оценија дека изборниот процес поминал регуларно, без пречки и согласно статутарните одредби.
Членовите на СДСМ гласаа „за“ или „против“ Заев кој беше единствениот кандидат за партиски лидер. Од СДСМ претходно истакнаа дека на јавниот повик за поднесување кандидатури за претседател, немало други пријавени кандидати.
За гласање на овие избори беа пријавени 68.999 членови. Изборите ги спроведе Централна изборна комисија во 80 општински ораганизации и 237 Избирачки одбори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

