Македонија
Изменет режим на повеќе автобуски линии во Скопје
Поради најавен протест и блокада на повеќе сообраќајници денеска од 13:30 часот голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот.
По изменети траси ќе возат:
ЛИНИИИ 2 и 2А (Сарај – Автокоманда/Железара)
Автобусите ќе се движат по траса по булевар Партизански одреди до Соборен храм, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица Кеј 13 Ноември (Дрво декор), „Веро џамбо“, улица Беласица кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИИ 2 и 2А (Автокоманда/Железара – Сарај)
Автобусите ќе се движат по траса по булевар Александар Македонски до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица Беласица, постојка НБРСМ 1, Југо дрво, Зелен пазар, Рекорд Соборен храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 8 (Влае – Љуботенски пат)
Автобусите ќе се движат по траса по булевар Илинден до пред Влада на РСМ, потоа преку булевар Климент Охридски, преку Рекорд, Работнички дом, улица Кеј 13 Ноември ( Дрво декор), „Веро џамбо“, улица Беласиц“ кон Континентал, булевар Никола Карев, населба Железара, ќе продолжуваат на булевар Христијан Тодоровски Карпош, старо кино Бутел и продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 8 (Љуботенски пат – Влае)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, ќе продолжуваат по улица Ферид Бајрам, булевар „Никола Карев“ до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, потоа преку Југодрво, Рекорд, ќе продолжуваат на булевар „Климент Охридски“ покрај Соборен храм на булевар „Илинден“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 9 (Клинички центар – Скопје Север)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Југодрво, потоа преку „Веро џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, улица „Кемал Сејфула“, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат до СУГС „Арсени Јовков“
ЛИНИЈА 9 (Скопје Север – Клинички центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до СУГС „Цветан Димов“, потоа по улица „Кемал Сејфула“ покрај стадион Чаир, улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“ до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, преку псотојка НБРСМ 1, Југодрво и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИТЕ 11, 11а, 64, 64А
Автобусите ќе се движат по редовната траса ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ (Дрво декор), „Веро џамбо“ до Транспортен центар
ЛИНИИТЕ 11, 11а, 64 и 64А
Автобусите од Транспортен центар, преку постојка НБРСМ 1, ќе продолжуваат кон Југодрво, па преку Рекорд, Соборен храм ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 12 (Сарај – Саем)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Зелен пазар кон „Веро џамбо“, па по улица „Беласица“ до Саем
ЛИНИЈА 15А (Карпош 4 – Ново Лисиче)
Автобусите ќе се движат по редовната траса по булевар „Илинден“ до пред Влада на РСМ, потоа преку булевар „Климент Охридски“, потоа преку Рекорд, Зелен пазар ќе продолжуваат по својата редовна траса.
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање
ЛИНИЈА 16 (Пржино – Железара)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Градска болница, па од кај Работнички дом, улица Кеј 13 Ноември ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 16 (Железара – Пржино)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 17 (улица „Островска“ – Музеј на современа уметност)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом и тука ќе завршува
ЛИНИЈА 17 (Музеј на современа уметност – улица „Островска“)
Почетна постојка ќе биде кај Работнички дом, па по улица „Кеј 13 Ноември“, „Веро џамбо“ ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИ 18 и 118 (Визбегово – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовна траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро џамбо“ до Транспортен центар
ЛИНИИ 18 и 118 (Транспортен центар – Визбегово)
Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, постојка НБРСМ 1, потоа преку Југодрво, Рекорд, до Соборен храм и ќе продолжуваат по редовната траса
ЛИНИЈА 18 а (Транспортен центар – Визбегово)
Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, по улица „Беласица“ кон Континентал, по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, улица „Кемал Сејфула“, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 18 а (Визбегово – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до СУГС „Цветан Димов“, по улица „Кемал Сејфула“ покрај стадион Чаир, улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, населба Железара ќе продолжуваат по улица
„Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
ЛИНИЈА 19 (Карпош 4 – Шуто Оризари)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец““, потоа преку Рекорд, Зелен пазар, „Веро џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, па по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 19 (Шуто Оризари – Карпош 4)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Поликлиника Чаир , населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар , Рекорд, Соборен храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 20 (Транспортен центар – Шуто Оризари)
Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, улица „Кемал Сејфула“, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.
ЛИНИЈА 32 (Љубин – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември) ( Дрво декор), „Веро џамбо“ до Транспортен центар
ЛИНИЈА 32 (Транспортен центар – Љубин)
Автобусите од Транспортен центар, преку постојка НБРСМ 1, преку Југодрво, Рекорд, до Соборен храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 35 (Ново Лисиче – Скопје Север)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Транспортен центар, па по улица „Беласица“ кон Континентал, по булевар „Никола Карев“, преку Железара, улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир и ќе продолжуваат по својата редовна траса
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање
ЛИНИЈА 43 (Дом на печат – Јужноморавски бригади)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 43 (Јужноморавски бригади – Дом на печат)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса
Линија 45 (Транспортен центар – Ченто)
Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ кон Континентал, ќе се движат по булевар „Никола Карев“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 45 (Ченто – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
ЛИНИИ 47, 61, 71 и 81 (Љубанци, Побожје, Бањани, Блаце – Транспортен центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Бутел старо кино, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
ЛИНИИ 47, 61, 71 и 81 (Транспортенц центар – Љубанци, Побожје, Бањани, Блаце)
Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ ќе се движат кон Континентал, преку булевар „Никола Карев“, населба Железара, па ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 47А (Транспортен центар – Љуботен)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, па ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
ЛИНИЈА 47А (Љуботен – Транспортен центар)
Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ ќе сообраќаат кон Континентал, па по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 50 (Хиподром – Клинички центар)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИЈА 50 (Клинички центар – Хиподром)
Автобсуите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, па по улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИ 57 и 59 (Козле, Карпош 3 – Радишани, Кучевичка бара)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара, ќе продолжуваат на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, старо кино Бутел и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИ 57 и 59 (Радишани, Кучевичка Бара – Козле, Карпош 3)
Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРСМ 1, Југодрво, Зелен пазар и ќе продолжуваат по својата редовна траса
ЛИНИИТЕ 52, 53, 54, 55, 55а, 55в, 62, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 65в, 66, 66а и 68
Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ ќе се движат кон Континентал, па преку булевар „Никола Карев“ ќе се приклучуваат на својата редовна траса
Во обратна насока ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“, па по улица „Беласица“ ќе продолжуваат кон Транспортен центар
НАПОМЕНА:
Во случај да биде затворена улица „11 Октомври“, сите линии кои сообраќаат кон Карпош, ќе бидат пренасочени по улица „Кирил и Методиј“ преку Рамстор, а во обратна насока по улица „Железничка“ кон Транспортен центар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.
Македонија
Oбиколница за Прилеп и автопат од Фариш, најави Николоски
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.
Интенизивно се гради автопатот Прилеп – Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски.
„Автопатот Прилеп – Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт. Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад. Тој е прв што е решен да прави ваква програма и еве да дадам ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат.
И трето, во интензивни преговори сме, мислам дека во следните месец до месец и пол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветив, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат”, изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.
На одбележувањето на настанот 100 дена локална власт во Прилеп, вицепремиерот истака дека Владата овозможува сериозна подршка за општината и градоначалникот Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот.
„Сакам да му честитам на градоначалникот за успешната работа во овие 100 дена. Таа работа се гледа во сите делови од градот, 100 дена е навистина краток период но може да се види каде ќе се развива општината во следниве четири години и убeден сум дека ова ќе е исклучително успешен мандат. Ние како Влада ќе продолжиме со подршката која што ја дававме во изминатиот период, дали се работи за средства кои директно се префрлаат од буџетот кон општината за да може да реализира инфраструктурни проекти, дали се работи за подршка на стопанството или земјоделието, сето она што сме го ветиле на најдобар можен начин ќе се обидеме да го реализираме“, изјави вицепремиерот Николоски.

