Македонија
СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го честитаа приемот во НАТО, ниту првата годишнина
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го честитаа приемот на Северна Македонија во НАТО, а не ја честитаа ниту првата годишнина, наведе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во соопштение.
СДСМ тврди дека Мицкоски постојано е на спротивната страна, а како примери, покрај честитката за НАТО, ја посочува и пандемијата, како и блокада на работата во Собранието.
Во продолжението целото соопштение на СДСМ.
„Христијан Мицкоски постојано е на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните, било тоа кога се работи за здравјето на граѓаните или за државните интереси.
Мицкоски постојано ја поткопува борбата против пандемијата и работи против здравствениот систем, тој беше прв кој ги кршеше мерките за заштита од коронавирусот, а неговата ВМРО-ДПМНЕ и денес ги злоупотребува заболените и починатите од Ковид-19, организира масовни собори, каде што не се почитуваат никакви протоколи.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го честитаа приемот на Северна Македонија во НАТО, а не ја честитаа ниту првата годишнина од членството на нашата земја во најголемиот и најмоќен воено-безбедносен сојуз, наведе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во соопштение.
Во меѓувреме, целата јавност гледа како ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски партии ја блокира работата на Собранието и кочи важни законски решенија во интерес на граѓаните и државата.
Токму поради неговото незрело, неодговорно и несериозно однесување, Мицкоски доживеа серија порази од граѓаните.
Продолжувањето на деструкцијата само покажува дека Мицкоски нема чувство за државен интерес, за интерес на граѓаните, туку дека тој се води од личните и партиските интереси.
Неговите деструкции беа поразени и тоа ќе се случува и понатаму“, наведе СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ
„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер“, велат од СДСМ.
„Од таа позиција си купува луксузни авионски карти па дури сака и авион, со пари на граѓаните. Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос.
Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Приватно.
Убаво си вели ВМРО – сè е приватно. Приватни пријателства, ортаци за тендери. Сè е приватно. Позната одлика на десничарите – заштита на крупниот капитал. Приватен бизнис и часовници од 150 минимлани плати.
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како него. Увезуваат и „економски работници“. Сè е тоа бизнис. Приватно. За пари“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да остварат лични и бизнис интереси. Преку Фондот за здравствено осигурување, тие систематски ја зголемувале сумата која болницата „Жан Митрев“ ја добивала од државата, за во периодот од 2017 до 2020 година таа да порасне за над 320 милиони денари, односно околу 5 милиони евра народни пари.
Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари. Ова е доказ дека Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата по багателна цена и на тој начин државните пари на крај да завршат во џебовите на Филипче и Заев.
На Заев и Филипче во целокупното владеење единствена цел им биле сопствените интереси и енормно богатење на грбот на народот.
Во намерата за остварување на сопствените лукративни цели и бизнис интереси не се штеделе ниту тие ниту пак државата. Ги злоупотребиле институциите, ургирале во судството и обвинителството, го искористиле ФЗО, и ги злоупотребиле народните пари за приватни интереси.
ЈО да не молчи. ЈО да го истражи случајот. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

