Забава
(Видео) Прв трејлер за „Одред самоубијци“
„Ворнер брос пикчрс“ го објави првиот трејлер за „Одред самоубијци“ (The Suicide Squad) на Џејмс Ган, филм за група негативци што се здружуваат против многу поголема закана – буквално.
Ган, режисерот на „Чувари на галаксијата“, го напиша и го режира овој проект пред да почне да работи на спиноф-серија на „Ејч-би-о макс“, во која глуми еден од членовите на одредот: Peacemaker (Мировник).

Иако премисата е многу слична на филмот „Одред самоубијци“ од 2016 година, ова во суштина е меко рестартирање на својствата на Диси-универзумот. Само Рик Флагд (Џоел Кинемен), Харли Квин (Маргот Роби) и капетанот Бумеранг (Џаи Кортни) се враќаат, повторно заплеткани во одред негативци од Ц-листата, кои мора заедно да извршат невозможни мисии.
Актерската екипа ја сочинуваат Силвестер Сталоне, Маргот Роби, Идрис Елба, Виола Дејвис и Џон Сина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џорџ Клуни: Децата ги добив многу доцна и поради тоа ми е многу полесно
Прославениот холивудски глумец Џорџ Клуни (64) веќе повеќе од една деценија ужива во бракот со адвокатката за човекови права Амал Клуни (47), со која пред осум години ги доби близнаците.
Тој е среќен што во улогата на татко се остварил подоцна од своите врсници.
Глумецот дал пократко интервју за „Тајмс“ во кое зборувал за тоа како луѓето најчесто мора да жртвуваат време поминато со семејството за да се посветат на работата и да градат кариера, што нему не му се допаѓа.
„Но погледнете ме мене, мене ми е полесно. Децата ги добив многу доцна и така потоа можев да поминувам многу повеќе време со нив. Кога сте млади, тоа е многу тешко“, рекол Клуни.
И Џорџ и Амал се трудат да им обезбедат мирно детство, далеку од медиумите и сите холивудски случувања, па животот во Лос Анџелес го замениле со фарма во Франција.
„Бев загрижен околу одгледувањето на нашите деца во Лос Анџелес. Чувствував дека никогаш нема да добијат фер шанса во животот. Културата во Франција многу се разликува од американската, таму на луѓето не им е грижа за славата. А јас не сакам нашите деца да ги споредуваат со децата на други славни личности“, заклучил тој.
Забава
Три хороскопски знаци ќе имаат најголеми финансиски проблеми оваа зима
Зимските месеци носат поголеми трошоци и финансиски притисоци, а според астрологијата, три хороскопски знаци особено ќе се соочат со проблеми и ќе мора да внимаваат на секој денар.
Близнаци – поради импулсивно трошење и променливо расположение тешко се држат до буџет и лесно влегуваат во финансиски потешкотии.
Лав – сакаат удобност и раскош, па често трошат повеќе отколку што можат. Тешко признаваат финансиски проблеми, што доведува до ненадејни ограничувања и стрес.
Риби – великодушни и емоционални, често трошат за себе и за другите без јасен план. Зимата им носи дополнителен стрес поради неорганизирано финансирање.
Забава
(Видео) Изненадување на концертите на Цетински во „Сава центар“: Публиката воодушевена од настапот на Ристе Ристески
Изминатиов викенд, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во Белград, а едно од најголемите изненадувања за илјадниците присутни беше појавувањето на специјалниот гостин – македонскиот пејач Ристе Ристески. Протоколот внимателно го криеше неговото учество до самиот почеток на првиот концерт, по што салата го пречека со силни овации и громогласен аплауз.
Ристески на големата сцена ја отпеа безвременската „Још увек сањам да смо заједно“, песна од постхумниот албум на Тоше Проески – најголемата македонска и балканска музичка ѕвезда. Со својот топол и препознатлив вокал, успеа да ја пренесе емоцијата и длабочината на оригиналот, што веднаш беше препознаено од публиката, која реагираше со долг аплауз.
Големото изненадување стигна и кога Цетински повторно се врати на сцената, за заеднички со Ристески да ја изведат „Заблуда“ – нумера која во оригинал ја пеат Цетински и Жељко Јоксимовиќ. Дуетот беше еден од највпечатливите моменти на целиот вечерен спектакл, а реакцијата на присутните покажа дека ваква интерпретација досега не се слушнала во Сава Центар.
Цетински не го криеше задоволството што како специјален гостин на сите три последователни концерти го има токму Ристе Ристески и откри дека целосно ужива во неговите настапи, па кажа: „Нема ваква емоција додека не запее македонскиот славеј“. Мал дел од спектаклот јавноста може да погледне и на официјалните Инстаграм профили на Ристе Ристески и Тони Цетински.
На социјалните мрежи многумина коментираа дека Ристески повторно покажал зошто своевремено беше препознаван како еден од најперспективните гласови на Балканот, a sо овие настапи, јасно најави дека се враќа таму каде што најсилно припаѓа – на големата сцена пред својата публика.

