Свет
Бајден го претстави планот за обновување на инфраструктурата вреден два билиона долари

Американскиот претседател Џо Бајден во Питсбург, Пенсилванија, го претстави планот за обновување на инфраструктурата, кој вклучува реконструкција на патишта, мостови, водоводни системи, како и оние за напојување со електрична енергија. Планот го опфаќа и јавниот превоз.
Во следните осум години треба да се распределат два билиона долари, а по тој повод Бајден рече: „Предлагам национален план што ја цени работата, а не само богатството; оној што гради фер економија, што дава можност за секого да успее. Ќе создадеме најсилна, најиздржлива и најиновативна економија во светот. Тоа не е план што се врти околу рабовите, тоа е генерациска инвестиција во Америка“.
Бајден исто така рече дека тоа е можност сите да бидат подобри, пренесува „Гласот на Америка“. „Треба да ја градиме економијата од дното нагоре. „Волстрит“ не ја изгради оваа земја, туку вие, вредни работници и синдикалци. Сите се поканети да учествуваат, без оглед на разликите што постојат меѓу нив“, рече американскиот претседател.
Веќе подолго време во јавноста се тврди дека администрацијата на Бајден има намера да ја зголеми стапката на данок на доход, која беше намалена за време на мандатот на Доналд Трамп, од 35 на 21 процент. Поточно, Белата куќа планира да ја финансира потрошувачката со зголемување на стапката на данок на доход на 28 проценти.
„Тоа се многу вредни инвестиции, кои, како што утврдија експертите од широк спектар на области, ќе придонесат за решавање на проблемите и за подобрување на економската ефикасност. Сметаме дека тоа се инвестиции што како држава не можеме да си ги дозволиме“, изјави официјален претставник на администрацијата на Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ученик од седмо одделение приведен во Србија: донел нож и список за отстрел во училиште

Ученик од основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград е однесен во полиција на разговор, објави српски Блиц.
Се сомнева дека вчера во училиштето донел список за убивање и нож.
Момчето е испрашувано од полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а се вели дека станува збор за ученик во седмо одделение.
Сите околности на инцидентот сè уште се утврдуваат, а деталите не се познати.
Регион
Млад човек уапсен во Далмација за силување и детска порнографија

Окружното државно обвинителство во Сплит отвори истрага против 25-годишен хрватски државјанин под сомнение за силување и повеќе кривични дела на детска порнографија.
Според соопштението од државното обвинителство, мажот е осомничен дека ги сторил овие кривични дела во 2024 и почетокот на 2025 година во Сплитско-далматинската жупанија. Тој е обвинет за силување согласно член 153 став 1 од Кривичниот законик и повеќе кривични дела детска порнографија согласно член 163 став 1 и 2.
По сослушувањето на осомничениот, Окружното државно обвинителство му предложи на истражниот судија да му биде одреден притвор поради можноста за влијание врз сведоците и ризикот од повторување на кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и му одреди притвор врз основа на законски основи согласно член 123 од Законот за кривична постапка.
Свет
108 камиони со храна и брашно влегоа во Газа

Израелската агенција за координација на активностите на палестинските територии (COGAT) денес објави дека 108 камиони со хуманитарна помош што превезуваат брашно и храна влегоа во Појасот Газа.
Некои од камионите беа транспортирани до нови места за дистрибуција на помош управувани од Хуманитарната фондација Газа (GHF), која е поддржана од Израел и САД.
Помошта поминала инспекција од страна на израелските власти пред да влезе во Газа преку преминот Керем Шалом, каде што голем број камиони сè уште чекаат, објавува „Тајмс оф Израел“.
Израел ја продолжи испораката на помош за Газа на 19 мај, по пауза од повеќе од два месеци, и оттогаш 1.459 камиони влегле во палестинската енклава.
Обединетите нации и другите хуманитарни агенции наведуваат дека ова не е доволна количина помош за 2,1 милиони жители, предупредувајќи на ширењето на гладот во окупираната енклава и критикувајќи ја новата фондација за помош бидејќи е под контрола на Израел, објавува „Танјуг“.