Македонија
МОН: Стипендии од 3.500 денари за учениците во дуалните паралелки
Министерството за образование и наука од наредната учебна година ги зголемува стипендиите за учениците од средните стручни училишта, со што дополнително ќе ги стимулира учениците, кои своето образование ќе го продолжат во едно од стручните средни училишта во земјата.
МОН обезбеди фонд за 2.200 стипендии за ученици од прва година, во вкупна вредност од 60 милиони денари, што е десеткратно зголемен буџет во однос на минатата учебна година.
Со овој фонд предвидено е 1.500 ученици, кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование, во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број часови во согласност со програмите за стручно образование, ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината, 500 ученици што реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење ќе добиваат исто така по 3.500 денари месечно, а 200 ученици од прва година, кои реализираат наставни планови и програми од: електротехничка струка, градежно-геодетска струка, угостителско-туристичка струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка или текстилно-кожарска струка, ќе добиваат месечен износ од 2.200 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

