Забава
Шерон Стоун кршлива, но доволно силна да продолжи понатаму бидејќи е преживувач
Актерката Шерон Стоун детаљно ги раскажа подемите и падовите во својот живот во автобиографијата што содржи повеќе драма од холивудските трилери по кои е позната.
Насловот на книгата, The Beauty of Living Twice, се однесува на втората шанса што ја доби по мозочниот удар и крвавењето во мозокот во 2001 година.

Во мемоарите се потсетува и на своите рани години во Пенсилванија, на односот на родителите кон неа, открива дека понекогаш ја тепале. Книгата изобилува со шокантни откритија. Меѓу другото, дека таа и сестра ѝ Кели биле силувани од дедо им кога биле девојчиња.
Во 2001 ѝ била направена операција за отстранување бениген тумор на градите. Нејзиниот доктор ѝ ги зголемил градите без нејзина дозвола и знаење мислејќи дека така ќе изгледа подобро.
Споменува многубројни негативни искуства со холивудските моќници, а за контроверзниот режисер Вуди Ален вели дека е исклучителен професионалец, со кој имала позитивно искуство.
Во 90-тите таа стана една од најголемите холивудски sвезди благодарение на улогите во филмовите Total Recall, Basic Instinct и Casino.
Книгата, објавена во Велика Британија во четвртокот, открива цврст преживувач зад имиџот на гламурозна филмска sвезда.

Стоун доби статус на фатална жена (femme fatale) со трилерот „Основен инстинкт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Деловниот стил добива нова димензија, Меланија Трамп носи совршено одело
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, присуствуваше на претседателскиот говор на Доналд Трамп, а поддршка му дадоа и сите негови деца. Како што обично е случај кога Меланија е во близина, сите очи се вперени во неа и нејзиното модно издание.
Меланија избра костум од модната куќа „Долче и Габана“ за овој важен настан во претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
Првата дама избра вистински деловен стил за оваа единствена пригода, но со допир на вечна елеганција. Совршено скроен костум во потемна нијанса беше нејзин избор, а го комбинираше со бела кошула, едноставен црн појас и високи чевли.
Нејзината препознатлива фризура и шминка повторно беа тука, а Меланија цело време стоеше покрај својот син Барон и не ја симна насмевката од лицето.
За време на самиот говор, таму беа и останатите деца на Трамп, Иванка, Ерик, Тифани и Доналд Трамп помладиот. Сите стоеја заедно и покажаа дека семејството и добрите односи се пред сè кога станува збор за нив.
Ова беше уште една модна задача што Меланија ја заврши без многу проблеми и ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени во светот.
Забава
(Фото) „Викиншката девојка“ прави хаос во бикини: „Сакам да бидам на снег со тебе“
Норвешката инфлуенсерка Џоана Норденг обожава да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, па затоа и стана позната. Нејзините последни објави се направени среде шума и ги израдуваа многу луѓе.
Фокусот, секако, не беше на природата и прекрасните пејзажи, туку на нејзиниот изглед и фактот дека среде зима и снег таа позира во минијатурно бикини, а носи и крзнена шапка, ракавици и чизми.
Белото бикини совршено одговараше на нејзиниот исончан тен, но и на снежната позадина, па за момент сите заборавија колку е студено.
Веднаш стана јасно зошто има речиси 90 илјади следбеници, а луѓето во коментарите не го криеја својот ентузијазам за нејзиниот изглед и храброст.
На Инстаграм профилот на Џоана доминираат фотографии од плажа, а дури и кога не е на плажа – очигледно нема проблем да се соблече на снег, додека себеси се опишува како „норвешка викиншка девојка која патува низ светот во слатки бикини“.
„Забавувај се“, „Совршена си“, „Повеќе вакви содржини, дозволи твојата убавица да зборува“, „Сакам да бев со тебе на тој снег“, „Толку си жешка што не е нормално“, беа само дел од коментарите.
Забава
(Фото) Пролетта нè повикува: 5 безвременски комбинации со бели панталони
Во текот на зимата, многумина од нас имаат тенденција да избираат облека во темни бои. Сепак, белите панталони можат да бидат зачудувачки и елегантен дел во зимскиот стил, нудејќи свежина и стил во време кога модата обично се поврзува со темни бои.
Особено овие сончеви денови во текот на зимата се можност да ја вклучите белата боја во вашиот зимски стил, создавајќи пролетни комбинации, дури и ако температурите се ниски наутро и навечер.
Со вистинските парчиња облека, можете да создадете импресивни комбинации со бели панталони.
Еден начин е да ги комбинирате со меки, зимски ткаенини како волна или кашмир. Пар бели панталони можат да додадат сјај на вашиот стил, а воедно да обезбедат топлина и удобност.
За лежерен зимски изглед, размислете за комбинирање на бели панталони со топол џемпер или стилска јакна. Можете исто така да додадете пар чизми за зимски изглед.
Ако сакате да создадете ексцентричен и модерен outfit, комбинирајте ги белите панталони со смело обоен капут.
За поформални настани во зима, не плашете се да изберете бели панталони во комбинација со стилски долг капут. Белата боја ќе даде елеганција и софистицираност, а во исто време совршено ќе го надополни вашиот outfit.
Одлична опција е да комбинирате бели панталони со капут. Облека која ќе ви обезбеди неспоредлива топлина и стил.

