Свет
Првата дама на САД со првоаприлско изненадување за новинарите

Новинарите што патувале со првата дама на САД, Џил Бајден, доживеале изненадување на 1 април на летот од Калифорнија до Вашингтон кога маскираната сопруга на американскиот претседател ги послужила со сладолед облечена како стјуардеса.
Во периодот за делење оброци во авионот таа се појавила во куса црна перика, црна маска на лицето и во црн костим, како и беџ со името Јасмин, пренесува агенцијата АП.
Неколку минути подоцна, Јасмин повторно се појавила без перика по што новинарите сфатиле дека се работи за Џил Бајден, која, смеејќи се, ги поздравила со пораката „Априлили“.
Соработниците на првата дама им рекле на новинарите дека еднакво биле изненадени кога го откриле вистинскиот идентитет на стјуардесата Јасмин.
Како што се наведува, Џил Бајден претходно во неколку пригоди има изјавено дека ужива да се шегува.
Кога нејзиниот сопруг беше потпретседател за време на администрацијата на Барак Обама, таа еднаш се скрила во просторот за оставање рачен багаж во авионот и ја исплашила првата личност што се обидела да ги спакува своите работи таму, пренесува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија изврши 46 воздушни удари и 900 гранатирања за еден ден

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека Русија извршила сериозни напади врз украинска територија, прекршувајќи го велигденскиот прекин на огнот. Според податоците на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, руските сили до 16 часот по локално време извршиле 46 воздушни напади и 900 артилериски гранатирања.
„Денеска руските сили употребија 400 дронови за напади врз различни делови од Украина“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Според него, дел од нападите биле насочени и кон регионот Доњецк, токму за време на прекинот на огнот по повод православниот Велигден. Напади биле регистрирани и во областа Курск во Русија.
Украинскиот претседател остро ја осуди агресијата, оценувајќи дека Москва повторно демонстрира целосно непочитување кон верските празници и обидите за деескалација на конфликтот.
Регион
Додик: Британски специјалци се дојдени во Република Српска да ме убијат

Милорад Додик, претседателот на Република Српска и осуден бегалец кој е наведен како бегалец во Федерацијата на Босна и Херцеговина, во интервју за Новости упати сериозни обвинувања.
Тој тврди дека „тројца претседатели на европски земји и еден премиер“ му кажале дека во Босна и Херцеговина е префрлена британска воена единица со многу специфична задача – негова ликвидација.
„Тоа не е класична единица. Станува збор за четириесет војници кои пристигнаа со јасна наредба – не да ме уапсат, туку да ме убијат. И тоа под изговор дека давам отпор. Мафијашки принцип – ако отстраните човек, го отстранивте проблемот. Лидерите од Европа ми го потврдија тоа. Тие не се откажаа, но засега молчат“, вели Додик.
Тој во интервјуто нагласува дека не живее во страв и дека слободно се движи, отфрлајќи ги тврдењата дека е изолиран.
„Никогаш нема да бидам скршен од политичките процеси. Нема да се откажам од борбата за Република Српска“, вели тој.
Додик открива и дека официјални лица од Брисел наводно го советувале да се засолни.
Регион
Сестри си размениле пцости, па тупаници за имотот на нивниот татко

Две сестри се степале за имотот на нивниот покоен татко! Сè експлодирало во двор во Цазин (БиХ) кога жените, откако си размениле остри зборови, почнале да си разменуваат удари. Соседите зачудено гледале како драматичниот конфликт ги вознемирува локалните жители, принудувајќи ја полицијата да интервенира.
„Прво дошло до жестока расправија во дворот од куќата на нивниот покоен татко, а потоа сето тоа прераснало во физичка пресметка“, вели еден од соседите, кој сакал да остане анонимен.
Според него, спорот настанал околу поделбата на имотот на нивниот татко – земјиште и стара рурална станбена зграда.
„Беше страшно да се гледаат две сестри како се тепаат пред луѓе кои со години ги познаваат како мирни и резервирани луѓе“, додава сосед.