Свет
Се планира укинување на санкциите што Трамп ги воведе за претставници на Меѓународниот кривичен суд
Администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, планира да ги укине санкциите наметнати од неговиот претходник Доналд Трамп врз највисоките претставници на Меѓународниот кривичен суд (МКС) уште оваа недела, објави магазинот „Форин полиси“.
„Колку и да не се согласуваме со постапките на МКС во врска со ситуациите во Авганистан и Палестинците, администрацијата темелно ги разгледува санкциите во согласност со извршната наредба 13928 додека ги утврдуваме нашите следни чекори“, вели неименуван портпарол на Стејт департментот.
Минатиот јануари Израел изрази загриженост дека администрацијата на Бајден може да ги преиспита санкциите наметнати од администрацијата на Трамп врз обвинителката на МКС, Фату Бенсуда, и нејзиниот заменик во врска со плановите за истрага на воените злосторства извршени од американски персонал во Авганистан, како и злосторствата извршени од Израел против Палестинците.
Во јуни 2020 година Трамп издаде извршна наредба, со која се одобрува воведување економски санкции против сите службеници на МКС, кои учествуваат во истрагата на „сојузничкиот персонал без согласност на тој сојузник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Загинаа сите патници во кенискиот авион што се урна, меѓу нив државјани на Унгарија и Германија
Кениската авиокомпанија „Момбаса Ер Сафари“ објави дека единаесет лица, меѓу кои осум унгарски државјани, двајца германски патници и еден кениски член на екипажот, загинале во авионска несреќа што се случила денес.
Компанијата „Момбаса Ер Сафари“ е специјализирана за туристички и чартер летови во Источна Африка, објави „Ројтерс“.
Fatal plane crash Kwale. 12 pax on board. No survivors. Mombasa Air.
Accident Notification, RRV203, 5YCCA, C208 Diani to Kichwa Tembo crashed in Kwale Simba area at 0530Z, POB 12. pic.twitter.com/0tN1HM4Bwr
— ONJOLO KENYA🇰🇪 (@onjolo_kenya) October 28, 2025
Локалните власти и спасувачките екипи моментално работат на пронаоѓање на телото и причината за авионската несреќа, а Управата за цивилно воздухопловство на Кенија објави почеток на истрага за инцидентот. Досега не е објавено точно каде се урнал авионот, ниту под какви околности се случила трагедијата.
Управата за цивилно воздухопловство на Кенија (KCAA) потврди дека авионот со регистрациски број 5Y-CCA, на пат од Диани до Кичва Темба, се урна во 5:30 часот по локално време.
Свет
Европскиот суд ја отфрли тужбата на млади активисти против норвешката влада за истражување нафта
Европскиот суд за човекови права денес пресуди во корист на норвешката влада во тужбата за климатски промени поднесена од млади активисти, тврдејќи дека политиката на земјата за истражување на нафта во Арктикот ја загрозува нивната иднина.
Норвешка е најголемиот производител на нафта и гас во Западна Европа, со дневно производство од четири милиони барели еквивалент на нафта, и вели дека планира да продолжи со екстракција на јаглеводороди во наредните децении, истовремено поддржувајќи ги глобалните напори за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
Тужбата е поднесена во 2022 година од шест млади луѓе во нивните дваесетти години, заедно со Гринпис и Младите пријатели на Земјата, и е дел од растечкото правно движење во кое тужителите бараат правна заштита за ограничување на емисиите што предизвикуваат климатски промени.
Случајот се однесува на одлуката на Норвешка во 2016 година да додели 10 дозволи за истражување на нафта во Арктичкото Баренцово Море, за која тужителите тврдат дека ја загрозува животната средина и им го одзема на младите луѓе правото на живот.
„Европскиот суд за човекови права едногласно заклучи дека немало повреда на правата“, се вели во соопштението на судот со седиште во Стразбур.
Тужителите тврдеа дека Норвешка не успеала соодветно да го земе предвид влијанието врз животната средина од дополнителното производство на нафта и дека ги прекршила основните човекови права со тоа што дозволила ново дупчење за време на климатската криза.
Тие побараа пресуда од ЕСП откако три домашни судови, вклучувајќи го и Врховниот суд на Норвешка, ги отфрлија нивните барања за запирање на истражувањето. Но, иако процедурите за донесување одлуки на Норвешка во 2016 година ја одложија проценката на влијанието врз климата, немаше индикации дека државата не го почитувала правото на приватен и семеен живот, соопшти ЕСП.
Фото: ЕПА
Регион
(Видео) Тензично во Подгорица: приведени осум лица поради напади врз Турци
Црногорската полиција објави дека осум лица се уапсени во Подгорица за кривични дела со елементи на поттикнување национална и верска омраза и насилство.
Исто така, беше кажано дека полицијата ќе користи камери и беспилотни летала за снимање на јавни места со цел документирање кривични дела, а дека вчера во Подгорица се преземени 55 мерки против странци.
Според соопштението, полицијата го идентификувала и по наредба на државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица, го уапсила П. М. (35) од Подгорица.
Полицијата објави дека постои сомневање дека на 26 октомври, преку своите профили на социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“, објавил заканувачка и навредлива порака упатена кон турските граѓани што живеат во Црна Гора, со која поттикнува омраза и нетрпеливост на национална и верска основа.
Geniş Özet: Karadağ’da “Türkü Öldür” sloganları
Karadağ’ın başkenti Podgorica’da geçtiğimiz hafta sonu yaşanan bıçaklama olayının ardından Türk vatandaşlara yönelik saldırılar gerçekleşti. 45 Türk vatandaşı gözaltına alınırken, 8 Türk vatandaşı da sınırdışı edildi. Karadağ… pic.twitter.com/9181ixW80j
— Selâmi Haktan (@slmhktn) October 28, 2025
Поради сомнение дека сториле кривично дело насилно однесување на штета на тројца турски државјани, по наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, уапсени се Б. С. (26), Ф. Ѓ. (25) и М. П. (31) од Подгорица.
„Се сомнева дека тие физички нападнале турски државјани во населбата Забјело удирајќи ги со тупаници, со нозе и користејќи палки, а кои на овој начин добиле телесни повреди. При претресот од нивното возило се пронајдени и одземени факли и фантомки“, се вели во соопштението на Полициската управа.
Додаваат дека Т. Б. (24), Б. Б. (22) и Ф. Ј. (18) се уапсени за сторен прекршок од член 7 од Законот за јавниот ред и мир на штета на турски државјанин. Тие се осомничени дека синоќа физички нападнале турски државјанин во населбата Забјело.
Полицијата соопшти дека службеници на Секторот за гранична полиција – инспектори за странци, презеле 55 мерки против странски државјани.
„За време на активностите спроведени на територијата на Подгорица, издадени се 30 прекршочни налози, две лица се насилно отстранети, две се протерани од земјата, а на тројца странски државјани им е откажан престојот“, посочи црногорската полиција.
Пред два дена во подгоричката населба Забјело дојде до физичка пресметка пред угостителски објект, во која едно лице од Подгорица, М. Ј., беше повредено со нож. Полицијата идентификува и приведе две лица – еден турски и еден азербејџански државјанин – поврзани со случајот.
По нападот, следуваа масовни полициски контроли и приведувања – околу 45 турски и азербејџански државјани беа задржани во рамките на проверка на престој и документи, што предизвика реакции и во Турција од страна на државниот врв.
Во вечерните часови некои од граѓаните на Подгорица излегоа на улиците, при што беа забележани ксенофобични скандирања, оштетување возила и дополнителни полициски интервенции.

