Македонија
Меѓународен ден на аутизмот
Денеска е 2 Aприл, Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизам.
По тој повод, Министерството за здравство соопшти дека во согласност со своите приоритетни задачи за унапредување на здравственета заштита на децата со попреченост дава целосна поддршка за реформирање и отворање нови здравствени центри за рана интервенција, во кои од најраната возраст ќе се следи развојот на децата кај кои постојат и најмали индикации за постоење болести поврзани со попреченоста на децата и конкретно со аутистичкиот спектар на нарушувања.
„Потребно е да бидат отворени неколку центри за рана интервенција за деца со попреченост и поддршка и нивните семејствата. Со намера за обезбедување средства за отворање на ваквите центри за рана интервенција се обрати до претставништвото на ЕУ во Скопје со првична намера за обезбедување средства за изработка на физибилити-студија преку механизмот на Европската Унија“, велат од Министерството.
Посочуваат дека во изминатиот период во рамките на отворената соработка со граѓанскиот сектор, а по барање на здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам – АДХД и Аспергеров синдром – „Во мојот свет“ од Скопје излезе во пресрет, им даде поддршка и им овозможи користење дел од неискористениот простор на ЈЗУ во Здравствениот дом Скопје, во Општата болница во Охрид, во Специјалната болница „Св. Еразмо“ и во Клиничката болница во Тетово за отворање центри за давање широк спектар на услуги, кои може да им помогнат на децата што имаат задоцнување во развојот или специфични здравствени состојби. Во овие центари е овозможено давање потребна поддршка на децата од разни видови професионалци на околу 200 деца (без центарот во Тетово, кој сѐ уште не ги примил своите корисници), во кои ќе им се помогне да го достигнат максималното можно развојно ниво, со што им се зголемуваат шансите за успех во подоцнежните години. Како карактеристично мора да се напомене дека покрај вообичаената форма, првпат центарот во Тетово ќе се карактеризира со дополнителна форма на мултиетнички центар за третмнан на деца со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром. Отворањето на овие центри е во рамките на промоцијата на развојната соработка во областа на социјалната структура на децата и младите со попреченост по иницијатива и соработка на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, која преку граѓанскиот сектор најде начин како да ги финансира реновирањето и опремувањето на дел од наведните центри, како и финансирањето на годишните третмани за деца од ранливи категории со аутисични нарушувања од социјално ранливи семејства.
Аутизмот или аутистичниот спектар на нарушувања (autism spectrum disorderѕ, ASD) претставуваат широк спектар на состојби што се карактеризираат со предизвици во социјалните интеракции, говорот и невербалната комуникација, како и повторувачки однесувања. Иако аутизмот, како термин е дефиниран пред повеќе од 50 години, веројатно оваа состојба била дел од човечката состојба низ историјата.
Како термин, аутизмот е дефиниран пред повеќе од 50 години, а веројатно и многу повеќе од тоа. Статистиката вели дека аутизмот се појавува на 5 од 10.000 деца, но, за жал, последните истражувања покажуваат дека преваленцата е уште повисока (91 на 10.000), а кај машките деца се појавува четири пати повеќе отколку кај женските, а покрај тоа, многу луѓе со поблага форма на аутистичен спектар може да живеат без дијагноза. Поставувањето на дијагнозата на аутизмот може да одземе доста време поради комплицираната природа на аутистичната состојба. Во таа смисла раната дијагноза е од голема корист и овозможува да се преземе соодветна активност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Јавното обвинителство мора да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра“, бара СДСМ
„Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува. Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ“, велат од СДСМ.
„Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на пари од граѓаните.
Постојат основани сомнежи дека над 300.000 евра годишно, пари на граѓаните, се вадат преку корупциски шеми.
Како? Според наводите, недостасуваат постојано околу 14 хигиеничари а други работата со половина работно време и покрај тоа што за сите нив се исплаќа целосен износ, како да се вработени и присутни цел ден.
Како се прикрива сето ова?
Со потпишување лажни дневници за отсутни хигиеничари, лажни извештаи за наводни генерални чистења кои никогаш не се реализираат.
Ако институциите не постапуваат значи дека се заштитници на криминалот на ВМРО и ЗНАМ.
Бараме Јавното обвинителство да отвори предмет и итно да покрене истрага.
Секој што го прекршил законот мора да одговара“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)

